Ганиу за Канал 5: Немам против Чаир да биде во карантин, но дали тоа е изводливо

Рапидниот раст на бројот на заболени, го промени однесувањето на граѓаните...

Ако до пред некој ден дел од нив одбивале соработка, давале лажни информации со кого се имале контакти, како и лажни адреси, истите тие послендиве денови самите бараат да бидат тестирани, вели за Канал 5 епдидемиологот Александар Стојанов од Центарот за јавно здравје – Скопје.

Општина со најголем број активни случаи во земјава и понатаму е скопски Чаир.. Еден од нив е и градоначланикот Висар Ганиу, кој за Канал5 вели дека е во добра состојба, иако има благи симптоми. Ганиу нема против Чаир да биде ставен во карантин, но се сомнева во изводливоста на таквото решение..

Во очекување на одлуките на здрасвтевните власти, Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов вели дека ги разлегуваат сите можни сценарија..

Во Скопје има над 300 активни случаи, што претставува околу половина од вкупниот број во земјава. Освен Чаир, кластери со по неколку десетици заболени има и во Сарај, Бутел, Аеродром и Гази Баба..

Во Крива Паланка до 11 часот 21.45 отсто излезеност

До 11 часот излезеноста во Општина Крива Паланка изнесува 21.45 отсто, додека во Ранковце 14.65 отсто од граѓаните кои излегле на гласање.

-Од вкупниот број избирачки места во Крива Паланка – 47, обработени се податоци од 39, а според процентот на излезеност, 21.45 и обработени избирачки места, до 11 часот гласале 3644 гласачи од вкупно 16.986 избирачи со право на глас, рече претседателот на ОИК, Крива Паланка, Душко Арсовски.

Во општина Ранковце до 11 часот излезеноста е 14.65 отсто, додека во Кратово од обработени податоци од 23 од вкупно 37 избирачки места, излезеноста е 14.41 отсто.

Русите се приближуваат до бројот од 750.000 ресгитрирани случаи на Ковид-19

Бројот на случаи со коронавирус во изминатите 24 часа во Русија порасна за 6.422 на вкупно 746.369, соопшти денес Центарот за борба против коронавирусот.

Според податоците од кризниот центар, во изминатите девет дена, дневниот раст на заразени не надминал 0,9%, пренесе „Тасс“.

Во Москва се забележани 628 нови случаи на Ковид-19, додека во Санкт Петербург 264.

Според наводите на кризниот центар, до сега се излекувале вкупно 532.249 луѓе.

Во текот на изминатите 24 часа починале 156 лица, што е помалку во однос на вчера, кога тој број изнесува 175.

Вкупниот број на починале во Русија изнесува 11.770.

Чиле со кучиња ќе трага по заболени со коронавирус

Полицијата од Чиле започна да дресира кучиња за пронаоѓање на заболени со корона, кучињата  го откриваат присуството на вирусот преку потта на пациентите.

Обуката на кучињата започнала пред еден месец на примероци од пот земени од пациенти заболени со корона кои се на болничко лекување.

Три златни ретривери и еден лабрадор, стари меѓу 4 и 5 години кои досега се користеле за пронаоѓање на дрога, експлозив и исчезнати лица се првите кучиња на оваа обука.

Овој програм на обука настанал во соработка на чилеанската полиција со карабинерите и универзитетските стручњаци. Слични иницијативи неодамна започнале во Франција и Велика Британија.

Кучињата имаат 330 милиони сензори за мирис и нивната способност за откривање е 50 пати поголема од способноста на луѓето.

притисни ентер