Галичани му го честитаа изборот за викарен епископ на Архимандрит Партениј

„Честитки од длабочината на нашите срца и души. “

До високопреподбниот архимандрит Партениј и понатаму пристигнуваат честитки за неговиот избор за викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија, со желби за добро здравје, долг живот и продолжување на неговата благородна мисија започната пред четвртвек. Во низата честитки кои приситигнуваат од сите страни, е и честиката од Месната заедница на познатото село Галичник, каде Архимандрит Партениј последните години редовно го обавува чинот на венчавање на младожениците на Галичката свадба.

– Честитки од длабочината на нашите срца и души. Ви посакуваме долги години добро здравје, успешна работа и продолжување на мисиите на прифаќање, разбирање и љубов, општествена работа и соработка, стои меѓу другото во честитката. Честитка упати и раководството на Здружението на граѓани „Брзовец" од село Тресонче, во име на жителите по потекло од едно од неколкуте преубави села во подрачјето на Мала Река.

– Тресончани,како врпочем сите Мијаци, со векови биле и сеуште се нераскинливо позрзани со нивната духовна ризница-Бигорскиот манастир и братството. Како во минатото, така и во иднина, ќе продолжиме со грижата за традицијата наследена од нашите предци за негување на меѓусебната поддршка со Бигорскиот манастир – „Св. Јован Крстител", напишаа Тресончани меѓу другото во честитката. На седницата на Светиот архиерејски синод, на 21 мај, игуменот на Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител", високопреподбниот архимандрит Партениј, беше едногласно избран за нов епископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Ова се случува во годината во која ова македонско древно светилиште одбележува два големи јубилеја: 1.000 години од основањето и 25 години од возобнувањето на монашкото братство. Одбележувањето започна вечерта на Бадник со промоција на првата книга со беседи „Бог се јави во тело, воскресна во слава" на архимандрит Партениј, продолжува низ целата година, а главната прослава ќе се одржи на 18 октомври. Инаку, наречението (објавување на веста пред верниците) за отец Партениј е закажано за 11 јули во Бигорскиот манастир а на 12 јули на празникот на светите апостоли Петар и Павле ќе се одржи хиротонијата во храмот Света Софија во Охрид. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Шпагети со школки

Во среда (27.03.2024) во емисијата гостин ни беше Катерина Танева.

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакетче шпагети

2 пакетчиња школки

2 конзерви пасиран домат

1 главица лук

1 лимон

бибер, сув зачин, сол по потреба

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Парламентот на Индонезија денеска одлучи дека поранешната метропола Џакарта ќе остане економски центар на земјата, како дел од планот за преместување на главниот град на островот Борнео.

Индонезија планира да го пресели својот главен град од преполната, Џакарта чија надморска височина е се попониска, во Нусантара, град вреден 32 милијарди долари кој се гради во џунглите на Источен Калимантан на Борнео.

Градот е водечки проект на претседателот во заминување Јоко Видодо, кој вети подобра дистрибуција на богатството и развој низ архипелагот, не само на островот Јава.

Според новиот закон од 18 март, ќе се формира совет за „агломерација“ за да ги координира развојните планови меѓу Џакарта и нејзините сателитски градови.

Министерот за внатрешни работи Тито Карнавијан по дебатата во парламентот рече дека Џакарта сè уште ќе треба да се развива понатаму за да се натпреварува со другите „градови од светска класа“ откако седиштето на владата ќе се пресели во Нусантара.

- Откако ќе престане да биде главен град, Џакарта сепак мора да има печат на посебен град за да може да го забрза економскиот раст и да го зголеми својот придонес во БДП на земјата, рече тој.

Според сегашните правила, Џакарта ќе остане главен град на Индонезија додека претседателот не издаде декрет за официјално именување на Нусантара за нов главен град, кој е планиран за оваа година.

Се очекува владата годинава да одржи церемонија на Денот на независноста на 17 август во Нусантара, а до крајот на оваа година е планирано преместување на илјадници државни службеници.

Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата

 Европските и американските берзански индекси денеска се во пораст, како и цените на нафтата, додека цените на златото и пченицата паѓаат.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:10 часот порасна на 18.492,46 поени, лондонски FTSE 100 на 7.957,12 поени, францускиот CAC 40 на 8.225,07 поени, а московскиот MOEX на 3.308,14 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс се искачи на 39.760,08 поени, индексот S&P 500 на 5.248,49 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 16.399,52 поени.

Според податоците од берзите, цената на суровата нафта се искачи на 81.768 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 85.756 долари.

Европските фјучерси на гас на отворањето на берзата ТТФ се продаваа по цена од 27.435 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.192,16 долари за унца (една унца е 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,4668 долари за бушел (еден бушел е 27,216 килограми).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07974, што е за 0,26 отсто помалку од вчера.

притисни ентер