Гајдов: Касами прави експлицитен обид да го промени рамковниот договор

Трагично е што дозволивме 20 години наназад да владее профашистичка организација...

ВМРО-ДПНЕ, СДСМ и ДУИ секогаш шефот си го именува наследникот. На 19 Октомври бугарското собрание донесе декларација со 20 точки, тогаш Америка виде дека нема шега со бугарите па го составија Францускиот предлог во 3 точки внесување на бугарите во Уставот, прекин на говор на омраза и да престанеме да ги именуваме како фашисти

Со "креативно" решение ВМРО-ДПМНЕ ги амнестира 4-те Хашки случаи, воени злосторства не се амнестираат. Шеф на здравство, на дипломатија, на финансии, сите се од ДУИ, сега се инсталираат и во судски и обвинителски структури, тие веќе ја имаат целата власт.

Андоновски на средба со Абдула Насер Лоота

Андоновски на средба со Абдула Насер Лоота, заменик министер за кабинетски работи за конкурентност и размена на знаење во ОАЕ.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во рамки на Светскиот самит за Влади 2025 во ОАЕ се сретна со Абдула Насер Лоота, заменик министер за кабинетски работи за конкурентност и размена на знаење во ОАЕ.

На средбата, како што соопшти Министерството за дигитална трансформација, се разговарало за развојот и конкурентноста во управувањето со податоци во која што Лоота ја имал клучната улога во зајакнување на позицијата на ОАЕ на глобалната сцена, со особен акцент на одржливиот развој и иновациите во областа на управувањето со податоци.

Андоновски ја истакнал заложбата на македонската Влада за напредок на земјата во областа на дигиталната трансформација на општеството, економската трансформација, како и за поволните услови за водење бизнис.

- Македонија мора повторно да ја ставиме на мапата на држави кои се пионери во напредокот, иновациите, со достапни услуги за граѓаните и бизнис секторот. Како мала држава имаме огромен потенцијал за соработка и размена на знаења со успешни држави како Обединетите Арапски Емирати, истакнал министерот Андоновски.

Нова опрема во детската градинка „Гоце Делчев“ во општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски ја посети детската градинка „Гоце Делчев“ во Илинден, каде во изминатиот период направени се повеќе инвестиции.

Градоначалникот Александар Георгиевски истакна дека во детската градинка во текот на минатата годината направени се инвестиции, со цел да се подобрат условите за дечињата и вработените со цел обезбедување соодветни услови за престој во оваа установа. За таа цел, обезбедена е опрема за потреба на јаслените групи (слики од шкафовите, занималните, малата кујна), извршено преградување на салата за свечености со ПВЦ врати и промена на врати од занимални. Исто така обезбедени се дидактички материјали и играчки за децата од двата објекта, набавена е нова опрема со која ќе се обезбеди уште подобра исхрана за децата од градинката и целодневниот престој.

Дополнително градоначалникот истакна дека е изготвен Основен проект за доградба на централниот објект со нова кујна со бруто површина од 147м2 која ќе има капацитет за подготовка на 800 оброка, а делот во кој сега е сместена постоечката кујна ќе биде реконструиран и адаптиран во занимални за деца.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со инвестирање во опрема во детската градинка и училишта на нејзина територија, затоа што гризата за децата и образованието се една од најважните алки во општеството.

Општина Илинден

Писториус: Русија ќе остане закана за европската безбедност, и ако се постигне мир во Украина

„Би било наивно да се верува дека таа закана, дури и по каков било мировен договор, кога и да се материјализира, ќе ослабне“, рече Писториус пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска изјави дека Русија ќе остане закана за европската безбедност дури и ако се постигне мир во Украина, изразувајќи жалење што американската администрација веќе направила, како што наведе, отстапки за Русија пред почетокот на преговорите.

„Би било наивно да се верува дека таа закана, дури и по каков било мировен договор, кога и да се материјализира, ќе ослабне“, рече Писториус пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.

Писториус нагласи дека затоа е неопходно членките на НАТО повеќе и побрзо да инвестираат во својата одбрана и безбедност.

притисни ентер