Брзината е клучна, за секое прашање имате 5 секунди.
Во денешно време, кога на социјалните мрежи има бројни тестови на личност, квизови на знаење и брзи задачи, се покажува дека луѓето се почесто ги проверуваат своите ментални способности. Без оглед дали сакаат да си докажат себеси дека се бистри и проникливи или да се пофалат пред пријателите, овие мали загатки претставуваат забавен начин да си поиграме со сопствената логика.
Меѓутоа, некогаш и најдобрите потфрлаат на едноставни прашања, зашто мозокот знае да се „сплетка“ во обидот да даде точен одговор. Токму затоа и настана овој краток и брз тест на интелигенција од само 5 наизглед едноставни прашања, но доволно лукави да ве залажат.
Правилото е јасно, одговарате за 5 секунди. Брзината е клучна, зашто само тогаш вашиот инстинкт доаѓа до израз, а резултатите се искрени и меродавни.
Ако сте подготвени да го тестирате својот ум и да проверите дали навистина сте толку паметни, пробајте!
Прашање 1
Учествувате во трка, го престигнувате вториот, на кое место сте?
Прашање 2
Ако во текот на трката ја престигнете последната личност, тогаш сте...
Прашање 3
Без дигитрон и молив, пресметајте набрзина:
1.000 + 40 + 1.000 + 30 + 1.000 + 20 + 1.000 + 10 = ?
Прашање 4
Таткото на Марија има 5 ќерки: Нана, Нене, Нини, Ноно и?
Прашање 5
Нема личност сака да купи четка за заби, имитира движења од миење заби за да му објасни на продавачот што сака. Ако слеп човек сака да купи очила за сонце, како ќе го објасни тоа?
Одговори:
Ако како повеќето луѓе веднаш одговоривте „прв“, се лажете! Ако го престигнувате вториот, вие го заземате неговото место, значи, втори сте. Оваа класична замка покажува колку лесно го прескокнуваме логичниот редослед кога се обидуваме да бидеме брзи.
На прв поглед звучи едноставно, но всушност е трик прашање. Како може да го престигнете последниот? Не можете. Зашто тој веќе е последен во редот. Ако одговоривте „претпоследен“, повторно се фативте во замката.
Повеќето луѓе веднаш ќе кажат „5.000“, но точниот одговор е 4.100. Мозокот има тенденција да заокружува на 1.000 и да не ги согледа помалите броеви кога е под притисок да пресметува брзо.
Многумина веднаш одговараат „Нуну“, следејќи го шаблонот, но вистинскиот одговор се крие во самото прашање. Марија е петтата ќерка.
Звучи комплицирано, а всушност е многу едноставно. Со зборови. Слепиот човек нема проблем со говорот и може да каже што сака, за разлика од немиот купувач кој мора да се потпре на гестикулацијата.
Дали успеавте да одговорите точно за 5 секунди? На прв поглед делува едноставно, но всушност ваквите квизови му помагаат на мозокот да тренира брзи реакции и логично расудување. Когнитивните психолози велат дека ваквите игри се идеални за „загревање“ на мозокот, бидејќи ни помагаат да реагираме побрзо во секојдневниот живот и да се фокусираме пред да донесеме вистинска одлука.
Пробајте го овој тест со пријателите штопирајќи го времето за да ја подигнете забавата на повисоко ниво и гледајте кој ќе „падне во замката“, а кој ќе успее да остане присебен и логичен.
Ако „паднавте“ на неколку прашања, не грижете се, интелигенцијата не е само давање брзи одговори, туку и способност да научите нешто од грешките.