Фуере: Ставот на Вархеји за прифаќање на „бугарските грижи“ нема логика

Ставот на Вархеји за прифаќање на „бугарските грижи“ нема логика, тој треба да поднесе оставка.

Како можете да ги поддржувате „сите бугарски грижи“ и да ги правите дел од преговарачкиот процес, кога некои од тие грижи се против сето она за што се залага ЕУ, смета поранешниот европратеник Ерван Фуере во коментар на твитот на европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеји дека „бугарски загрижености“ ќе бидат дел од преговарачкиот процес на Македонија со ЕУ.

– Целосно нема логика… Како можете да ги поддржувате „сите бугарски грижи“ и да ги правите дел од преговарачкиот процес, кога некои од тие грижи се против сето она за што се залага ЕУ, додека други се во спротивност со пресудите на европските Судот за човекови права. Комесарот треба да се срами од себе, наведува Фуере.

Според него, поради ваквата објава Вархеји треба да поднесе оставка или да биде принуден да поднесе оставка.

Еврокомесарот Вархеји вчера на Твитер објави дека „ЕУ ги прифаќа сите бугарски загрижености мошне сериозно“ и дека тие ќе станат дел од преговарачкиот процес на земјава со Унијата.

– ЕУ ги прима сите бугарски загрижености мошне сериозно и тие се сега дел од преговарачкиот процес. Сега е моментот за одговорни одлуки. Западен Балкан треба да биде дел до ЕУ. Заедно ќе бидеме посилни, напиша вчера Вархеји на Твитер.

Остин: Војната на Путин е најголемата закана за Европа по Втората светска војна

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин попладнево ја опиша руската војна во Украина како „најголемата закана за европската безбедност од крајот на Втората светска војна“.

„Војната што ја започна Владимир Путин без никаква причина го загрозува не само суверенитетот на Украина“, додаде американскиот министер за одбрана.

Тејлор Свифт се верила во тајност, објавија британските таблоиди

Пејачката Тејлор Свифт наводно е тајно свршена со своето момче Џо Алвин, со кого е повеќе од пет години во врска.

Како што пишува The Sun, пејачката носи голем веренички прстен „зад затворени врати“, а славниот пар за свршувачката само го известиле семејството и најблиските пријатели. Свифт и Алвин почнале да се забавуваат кон крајот на 2016 година, откако наводно се сретнале на Мет Гала во Њујорк.

„Тејлор и Џо се неверојатно среќни и многу, многу заљубени. Тие всушност се свршени веќе неколку месеци, но им кажале само на својот најблизок круг на луѓе - буквално само на семејството и старите доверливи пријатели. Сите се заколнале на тајност“, рекол извор близок на парот и додал дека сакаат да ја држат својата љубов подалеку од очите на јавноста и од папарацо камерите.

„Ако и кога ќе ги разменат своите завети, сигурно нема да има никакво списание „Вог“, „Ролинг Стоун“ или „Хело!“. Ќе биде едноставно и елегантно - исто како нив“, вели изворот. Пред нејзината врска со Алвин, Тејлор Свифт се забавуваше со Том Хидлстон, Хари Стајлс и Калвин Харис, врски што беа доста јавни.

Русите тврдат дека не планираат да нападнат ниту една членка на НАТО

Русија денеска соопшти дека се надева на „разумно решение“ на спорот околу ограничувањата за транспорт на стоки преку територијата на Литванија до регионот Калининград, руска ексклава на Балтичкото Море.

Русија иѝ соопшти на Европската унија дека моменталната ситуација води кон значителни трошоци не само за Литванија, туку и за Унијата, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко, пренесе руската агенција Интерфакс. Тој додаде дека му се чини дека „сигналот е примен“, односно дека Унијата го разбрала предупредувањето.

Слично мислење изрази и рускиот амбасадор во Европската унија, Владимир Чижов, кој рече дека се надева на „компромисно решение во блиска иднина“.

Кон средината на јуни, Литванија го забрани железничкиот транспорт на некои стоки, кои се на листата на западни санкции, до областа околу Калининград. Москва ги нарече ограничувањата „незаконски“ и се закани со контрамерки.

Грушко рече дека Русија работи на тоа, „но најважното нешто е прашањето за одржување во живот на Калининград“.

Заменик министерот за надворешни работи дополнително нагласи дека Русија не планира да нападне ниту една членка на НАТО. Само „болни умови можеа да го смислат тоа“, рече тој.

притисни ентер