Французите се европски шампиони во кошарка

Со победата над Литванија од 80:66 Франција е новиот европски кошаркарски шампион.

Франција во финалето на Евробаскет 2013 вечерва ја совлада Литванија со 80-66.


Литванија водеше до резултат 31-29 кога Французите ја презедоа играта. Николас Батум постигна серија кошеви, до полувремето беше 21-3 и „триколорите“ дојдоа до резултат 50-34. Диот постигна тројка и ги намали надежите на Литванија за победа

Борис Диао и Паркер се разиграа од третата четвртина. Франција пред последните десет постигн резултат од 68-50.

Кај „триколорите“ најмногу поентираше Николас Батум со 17 кошеви, а во репрезентацијата на Литванија, Линас Клеиза, со неговите 20 поени.

Бесими: Имаме добри сигнали да ја оствариме проекцијата за раст на економијата

Приходите во буџетот од почетокот на годинава заклучно февруари се на скоро исто ниво како и минатата година, односно пред почетокот на ковид-кризата.

Приходите на буџетот од почетокот на годината се на ниво како пред почетокот на кризата, се очекува постепено стабилизирање и ревитализација на економоијата, а ние ќе продолжиме да ја користиме фискалната политика како катализатор на заздравувањето на нашата економија. Имаме добри сигнали и основа да очекуваме реализација на нашите проекции за раст од 4,1 отсто годинава, а потоа ќе дејствуваме во насока на негово забрзување и одржливост.

Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими на прес-конференција на која сподели со јавноста детали околу издавањето на осмата еврообрзница.

-Приходите во буџетот од почетокот на годинава заклучно февруари се на скоро исто ниво како и минатата година, односно пред почетокот на ковид-кризата. Наплатата на даноците изнесува 17,8 милијарди денари и е на исто ниво како лани, додека наплатата на придонесите е 10,4 милијарди денари и е за 1,7 отсто повисоко во однос на лани. Реализацијата на расходите е согласно планираната динамика, исто како и реализацијата на буџетскиот дефицит. Во февруари, конкретно имаме раст на наплата на даноците за 3,5 отсто во однос на лани, кај данокот на добивка имаме подобра наплата за 27,7 отсто во однос на истиот месец лани, а кај ДДВ имаме раст од 9,7 отсто. Кај придонесите имаме 4,3 отсто раст во однос на истиот месец лани, потенцира Бесими.

Тој додаде дека државната статистика неделава ја објави проценката на реалниот БДП во 2020 година и дека со позитивното влијание на извозот во последниот квартал од 2020 година, вкупниот економски резултат за минатата година е -4,5 отсто или многу блиску до проекцијата на Министерството за финансии која беше -4,4 отсто отсто.

Годинава, според министерот, очекувањата се дека економијата ќе се стабилизира и ќе се врати на патот на економски раст и развој, но дека ризици постојат и дека најважно е да има брзи реакции, наведувајќи при тоа дека засега остануваат на утврдените проекции.

-Има позитивни индикации и од аспект на приходите на буџетот, и во однос на движење на реалниот економски сектор. Економските политки ќе ги следат сите чекори и ќе реагираме навремено. Ризиците постојат. Ние следиме будно и ќе реагираме брзо и на секој потенцијален ризик што може да го предизвика ковид-кризата, рече министерот, кој додаде дека се обезбедени средства за вакцини и дека во вториот квартал, како што е најавено ќе има поголема имунизација, а проекциите да останат на тоа да имаме економски раст.

За потреба од ребаланс на Буџетот, повтори дека со оглед на состојбата и со тоа што се соочуваме со последици од кризата, оваа година ќе има потреба од ребаланс.

-Ги правиме сите анализи и ќе информираме кога ќе се покаже потреба за тоа, рече Бесими и увери при тоа дека во ниту еден момент исполнувањето на обврските и реализацијата на буџетот нема да биде доведена во прашање.Има доволна ликвидност, потенцира, и засега оди се според планот, а ризиците што произлегуваат од ковид ќе ги согледаме и каде ќе има потреба од интервенција ќе го направиме тоа.

Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека минатата година средствата за помош за последиците од ковид се реализирани онака како што биле најавени и оти не се сите средства директна фискална импликација, а дел се реализираат и во 2021 година.

ВМРО-ДПМНЕ: Секој граѓанин веќе должи 2.200 евра, а Заев го задолжи за дополнителни 330 евра

Ново задолжување со Евро-обврзница. Банкротирана држава.

Пред околу четири години, шарената револуција предводена од СДСМ организираше протести против задолжувањето на Република Македонија со Евро-обврзница. Да издвоиме неколку наслови од дневниот печат:

„Нема правда кога јавниот долг вртоглаво расте"

„Секој граѓанин на Македонија веќе должи по 2.200 евра, а режимот сака да го задолжи за уште 330 евра, во очајнички обид да продолжи да владее криминално",

Кире Наумов: Денеска спасивме Македонија да не се задолжи за дополнителни 230 милиони евра

Кире Наумов: Еврообврзницата ја стави Македонија во должничко ропство

Јавниот долг и официјално ќе го надмине износот од 5 милијарди евра или 54 отсто од БДП.

Навистина иронично. Ги изманипулираа граѓаните за висината на јавниот долг, ги организираа да протестираат и да го фарбаат Министерството за финансии. Но што прават денес? Се задолжуваат во огромни размери, без компас и воопшто не знаат зошто.

Паролата во 2016 година на СДСМ беше: Секој граѓанин должи по 2200 евра, а денес секој граѓанин должи по повеќе од 3 000 евра. Но каква е ситуацијата денес?

Јавниот долг во 2020 година веќе го надмина прагот од 60% односно мастришкиот критериум, а со ваквото темпо на задолжување, до 2021 година јавниот долг ќе достигне повеќе од 65% од Бруто-домашниот производ. Што ова значи за граѓаните?

Република Македонија денес е банкротирана држава. Само за камати во 2021 година Република Македонија ќе исплати повеќе од 120 милиони евра или секој

граѓанин ќе плати 600 евра само за камата. Но дали граѓаните знаат зошто ќе ги дадат овие пари? Секако дека НЕ.

Потрошувачката во Република Македонија значително е опадната. Приходите во буџетот по основ на ДДВ во 2020 година опаднаа за 10%, а ваквиот тренд продолжува и во 2021 година (пад на приходите по основ на ДДВ од 2%). Новите 60 000 невработени стануваат голем товар за буџетот на Република Македонија, па се поставува и прашањето како и кој ќе ги враќа овие нови долгови. Одговорот е јасен – идните генерации.

Ќе се согласиме, дека задолжување е неопходно, но за конкретни проекти. Потребно е за изградба на Автопатити, железници – хидро и солрани централи, за Изгрдба на скијачки центри …. Но зошто се задолжува Владата на Заев? За некој автопат ? За железница ? Не – туку само за едноставен поткуп на гласачите пред избори. Нема проекти, нема идеи односно комплетна безидејност и апатија.

Министерството за финансии се испофали за висината на каматата. Но дали во Министерството за финансии знаат дека Република Словенија издаде Евро-обврзница со негативна камата? Дали во Министерството за финансии знаат дека земјите од Источна Европа многу поретко се одлучуваат за Евро-обврзница и се ослонуваат на сопствените финансиски пазари ?? Извор – Bloomberg.

Кога подетално ќе анализираме, одлуката на Народната банка за забрана на исплата на дивиденди најверојатно е мотивирана токму од состојбата во Република Македонија со јавниот долг. Имено, Државата во следниот период ќе мора да се задолжи на домашниот пазар, а сето тоа ќе може да го направи само ако банкарскиот сектор е ликвиден. Токму затоа и вакво ограничување во услови на високи профити кај банкарскиот сектор.

За крај се поставува прашањето дали можеби требаше ВМРО ДПМНЕ да пишува писма до меѓународната заедница, до големите комерцијални банки и финансиски друштва и да објаснува за големата задолженост на нашата земја и да бара да не се издаде Евро-обврзница? Секако дека НЕ. Тоа може да го направи само некој што не ја сака Македонија.

Комисија за финансии на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Без работа во изминатата една година во тетовско останале 1157 луѓе

На подрачјето на Тетово и петте рурални општини има 7588 повеќе невработени, покажуваат податоците на Центарот за вработување ако се споредуваат 2020 и 2021 во овој период.

Во март 2020 имало 13194 невработени, додека сега на 28 февруари се евидентирани 7588 повеќе односно 20782 невработени. Поради Ковид-19 кризата без работа останале 1157 лица.

-Во периодот од 11 март 2020 година до 28 февруари 2021 или една година со кризата со Ковид-19 престанок на работен однос во Центарот за вработување се евидентира кај вкупно 1157 луѓе. Понатаму по однос на прв пат пријавени лица во евиденција на невработени лица до 28 февруари има 2520 невработени лица. Останатите невработени лица се по други основи, информира раководителот на Центарот за вработување во Тетово, Љупчо Апостоловски.

Кај луѓето што ја изгубиле работата најчесто станува збор за вработени во преработувачката дејност и трговијата.

-Според основот на престанокот на работниот однос најголем дел се поради истек на вработување на определено време, а во однос на дејноста на работодавачот најголем дел се од преработувачката дејност и трговијата на голема и мало, информира Апостоловски.

Според евиденцијата вкупниот број на невработени лица 20782 лица се активни баратели на работи и 4608 пасивни баратели на работа.

-Бројот на невработени лица евидентирани во Центарот во однос на претходниот месец јануари 2021 е зголемен во февруари за 310 невработени лица, вели раководителот.

И тетовскиот центар од 15 март започнува со спроведување на оперативниот план за активни програми и мерки за вработување на пазарот на трудот за 2021 година.

притисни ентер