Француските власти со сателити ќе бараат скриени базени, за да откријат кој не плаќа данок

Француските власти наскоро би можеле да почнат да користат сателитски фотографии во потрага по скриени базени и проширувања што сопствениците на куќи ги сокриле од даночната администрација.

Канцелариите за регистрација на земјиште ќе користат сателитски фотографии за да откријат можни промени во вредноста на имотот, според планот на даночната администрација.

Работата на теренските инспектори ќе биде сведена на минимум. Вештачката интелигенција ќе помогне во пребарувањето сателитски фотографии и ќе генерира автоматско предупредувачко писмо до сопствениците на имотот, со што ќе се намали потребата за персонал.

BFMTV денеска објави дека методот првично ќе биде оценет од девет одделенија.

За време на првиот тест во одделот за Алп-Моритс, со седиште во Ница, по неколку недели било откриено дека дури 3.000 базени не биле пријавени во даночната администрација.

Покрај тоа, откако законот е изменет минатата година, даночните власти биле во можност да ги проценат сите податоци објавени на социјалните медиуми во потрага по затајувачи на данок.

Во меѓувреме, огласите за работа во даночната администрација се менуваат. За новиот проект се бараат експерти специјализирани за „филтрирање корисни информации од слики“.

Репортажа на Канал 5 од Грузија

Спорови со соседите, тежок евроатлантски пат и големи надежи за иднината. Не, не станува збор за Македонија.

3000 километри од тука, на Кавказот каде христијанството и исламот се среќаваат, а демократијата граничи со авторитаризмот е Грузија. Земја од речиси 4 милиони луѓе, позната по доброто вино, и славната историја. Слична на нас, а толку далечна. Држава и народ кои уште од 90-тите се обидуваат да го остварат европскиот сон, но животот до сосед како Русија, сепак не го олеснува тоа. Двете држави уште од независноста имаат турбулентни односи кои ескалираа и со петдневна војна пред 14 години. Војна која Грузија ја загуби, а со неа и 20 проценти од својата територија со која сега владејат Абхазија и Јужна Осетија – самопрогласени републики под контрола на Кремљ. На речиси сите анкети направени во Русија, покрај Украина и САД, Грузија вообичаено го зазема третото место како држава која Русите ја сметат за најголем непријател. Но, од почетокот на инвазијата врз Украина, илјадници Руси сега живеат во Тбилиси.

-Грузија е на пат да стане една од најбрзо растечките економии во регионот, сето тоа благодарение на илјадниците Руси кои пристигнаа во земјата, бегајќи од војната во Украина и стравот за мобилизација.

Речиси секој втор кој ќе го сретнете на улица во Тбилиси говори руски, менијата во рестораните, па дури и знаците на многу места се двојазични, а графитите со пораки дека тие треба да си заминат, не ги предомислуваат младите, од кои најголемиот дел се од Москва или Санкт Петербург да бараат прибежиште кај некогашниот непријател, а со тоа да придонесат и за економскиот раст.

-Повеќе од 300 илјади руски државјани се доселија во Грузија и секако имаме различни видови на прашања, бидејќи гледаме ризик. Кои се тие? Што сакаат во Грузија? Дали имаат некакви врски со руските безбедносни органи. Секако, овој огромен степен на доселување бара внимателна проверка. Затоа, Владата е должна да направи безбедносни проверки за да ги намали националните безбедносни ризици. - Давит Партсваниа – Советник во градското собрание на Тбилиси

Иако на другата страна од црното море, Украина е сензитивна тема за многу грузијци, а војната која што се води, голем дел од нив ја сметаат и за своја.

-Украина е многу сензитивна тема за Грузија и за грузискиот народ. Знаеме што е руска војна, го видовме тој варваризам и во нашата земја исто така, во 2008 година. Грузискиот народ ја поддржува Украина и сакаме да видиме како украинскиот народ победува во оваа војна. / Јужна Осетија и Абхазија се Грузија, Сухуми и Тсхинвали се Грузија и грузиските граѓани сакаат поефективни чекори од грузијската Влада за реинтеграција на овие региони назад. - Нодар Меладзе – директор на ТВ Пирели Грузија

Грузијците можеби и имаат причина за страв, двете земји делат граница од над 800 километри во турбулентен регион полн исполнет со конфликти кои имаат свои корени од минатото.

Во раните деведесети Грузија беше дом на бројни бегалци од конфликтот во Чеченија, но работите сега се далеку променети, а некогашното пријателство во голем дел заборавено. Граѓаните во Грзуија беа меѓу првите кои излегоа на протести за поддршка на Украина, голем дел од нив и војуваат во оваа земја. Загинатите пак, имаат своја фотографија пред грузискиот парламент каде роднините и најблиските редовно доаѓаат да искажат почит. Во Грузија дури и имаше иницијатива за референдум преку кој би се отворил втор фронт против Русија, нешто што голем дел од опозициските политичари го препишуваат на владина пропаганда.

-Ова е лудо, но знаете, путиновата пропаганда не треба да е рационално нешто, тоа треба да е само бран, мултидимензионален бран кој игра врз ирационални работи како страв, страв од војна, страв за вашите деца. И секако, ако го деконструирате тоа, сите ќе видат колку е тоа лудо. Дури и прагматично, на западот и е потребна Грузија во регионот како алтернатива на Русија, за транзит на енергија и стоки, никој не сака војна тука. Но, тоа не е важно, тие сакаат да го култивираат тој менталитет на „опсада“ дека знаете, ние сме пиони во големата игра. - Гига Бокериа – Поранешен претседател на советот за национална безбедност на Грузија

Во целата ситуација клучна улога за стабилноста се чини дека има членството во ЕУ и НАТО. Малкумина можеби помнат дека Грузија заедно со Украина беа поканети на самитот на Алијансата во Букурешт 2008 година кога Македонија се соочи со грчкото вето. Во таа прилика токму реакцијата на Москва го спречи понатамошното пристапување на овие две држави. Сега многумина се надеваат дека тоа ќе се промени, а земјата ќе продолжи кон евроатлантскиот пат. Но, за разлика од Молдавија и Украина, Грузија не доби кандидатски статус за членство во ЕУ.

-Ние сме во голема опасност да пропуштиме уште еден историски прозорец да излеземе од ова пост-советско мочуриште на руско влијание. Ја испуштивме нашата шанса во раните 90-ти, кога Литванија, Естонија, Латвија беа во форма да ги трансформираат своите држави и да станат, пред се, НАТО членки, а потоа членки на ЕУ. Ние, и Украина во тоа време, не бевме во форма, ја испуштивме нашата шанса. Сега Украина плаќа висока и трагична цена, но тие се на вистинскиот пат. - Гига Бокериа – Поранешен претседател на советот за национална безбедност на Грузија

Трите земји, Молдавија, Украина и Грузија се дел од Источното партнерство на ЕУ, формирано 2009 година, а иако пет години потоа заедно потпишаа договори за асоцијација со Унијата, Грузија беше единствената која годинава не доби кандидатски статус, туку европска перспектива. Од Тбилиси беше побарано да продолжи со реформите и зајакнување на демократските капацитети. Според последните анкети во оваа кавкаска држава, над 80 проценти од граѓаните сакаат членство во ЕУ, а недобивањето на кандидатски стастус предизвика и протести во главниот град и барања од тамошната Влада да ги исполни критериумите за добивање на кандидатски статус.

Issues with neighbors, difficult Euro-Atlantic road and high hopes for the future. No, we are not talking about Macedonia. 3000 kilometers from here, in the Caucasus where Christianity and Islam meet, and democracy borders on authoritarianism, is Georgia. A country of about 4 million people, known for its good wine, and its glorious history. Similar to us, but so distant. A country and people who have been trying to accomplish the European dream since the 90s. But living next to a neighbor like Russia, does not make that as easy as it should be. The two countries have had turbulent relations since their respective independence, and things escalated with a five-day war, 14 years ago. A war which Georgia lost, and with it some 20 percent of its own territory, now under the control od Abkhazia and South Ossetia – self proclaimed republics under Kremlin control. On almost all the polls done in Russia, besides Ukraine and the USA, Georgia usually takes the third place as a country which most Russians regard as an enemy. But, since the start of the war, thousands of Russians now live in Tbilisi.

-Georgia is on its way to become on of the fastest growing economies in the region, all that thanks to the thousands of Russians which came to the country, fleeing the war in Ukraine and the fear of mobilization.

Almost every second or third person you meet on the streets in Tbilisi speaks Russian, menus in restaurants and even traffic signs in some places are bilingual, and the graphity with messages that they should leave, do not change the minds of young people, many of them from Moscow or St. Petersburg to seek refuge with the former enemy, and thereby contribute to Georgia’s economic growth.

Although on the other side of the Black sea, Ukraine is a sensitive topic for most Georgians, and the war that is still ongoing, many of them consider it as their own.

Georgian people’s fear of another war might be justified, the two countries share a border of more than 800 kilometers in a turbulent region filled with conflicts that have their roots in the past.

In the early 90’s Georgia was home to numerous refugees from the war in Chechnya, but things have changed now, and the friendship that once was is all but forgotten, especially now with the war in Ukraine. Georgian citizens were among the first who went on protests in support of Ukraine, a large part of them are even fighting there. The dead on the other hand have their photograph displayed in front of the parliament building in Tbilisi where relatives and people who pass by show their respects to them on a daily basis. In Georgia there was even an initiative to open a “second front” against Russia, something that the opposition politicians claim is part of government propaganda.

In the whole situation, the prospect for membership in the EU and NATO seems to have a key role for stability. Few may remember that Georgia along with Ukraine were invited to the Alliance summit in Bucharest in 2008 when Macedonia faced the Greek veto. On that occasion, it was Moscow's reaction that prevented the further accession of these two states. Now many hope that this will change, and the country will continue on the Euro-Atlantic path. But unlike Moldova and Ukraine, Georgia did not receive candidate status for EU membership.

The three countries, Moldova, Ukraine and Georgia are part of the Eastern partnership with the EU, formed in 2009. And even though five years later they both signed association agreements with Brussels, Georgia was the only one that did not get a candidate status this year, but a European perspective. According to the latest polls done in this country, over 80 percent of citizens want EU membership, and not getting a candidate status, sparked protests and demands from the Government to fulfill the necessary criteria required from the EU.

The article / publication was carried out by the financial support from the Warsaw Euro-Atlantic Summer Academy (WEASA) in the frame the Peer-to-Peer Professional Meetings initiative designed for WEASA alumni members.

WEASA is an annual summer school for mid-career professionals from the Eastern Partnership, the Western Balkans and Poland. WEASA is carried out in partnership with the College of Europe in Natolin, The German Marshall Fund of the United States (GMF), The Polish-American Freedom Foundation.

Приватните превозници утре со 30 автобуси ќе ја блокираат крстосницата кај „Мавровка“

30 приватни автобуси утре ќе ја блокираат една од најфрекветните раскрсници во главниот град.

„Слобода превоз“ точно во седум наутро ќе ги паркира автобусите кај Мавровка, најави првиот човек Ленин Јовановски, во знак на револт од игнорантскиот однос на надлежните.

Приватниците утре ќе имаат средба со Управниот одбор на ЈСП, на која е поканет и директорот Стојковски. Ќе ги следат и советничките прашања во Град Скопје каде најавена е дискусија токму за овој проблем. Јовановски најави дека доколку надлежните немаат слух за нивните барања, ќе се обратат и до премиерот.

Ова ќе биде втор протест на приватниците, откако во петокот се сообра пред депото на ЈСП во Автокоманда, барајќи средба со директорот Стојковски да дискутираат зошто не им се исплаќа долгот, кој за некој ден ќе достигне околу 2 милиони евра. Средба со првиот човек на ЈПС – немаше.

Инаку Градоначалничката Арсовска пред некој ден ги обвини приватници за криминал, тврдејќи дека продавале картички и парите ги ставале в џеб.

Маја Морачанин - повторно избрана за претседателка на ДОМ

На Петтиот Конгрес на Зелената партија ДОМ, кој се одржа денеска во Александар палас во Скопје, за претседател на партијата повторно и едногласно е избрана досегашната лидерка, Маја Морачанин. 

Заблагодарувајќи се на довербата, Маја Морачанин нагласи дека ДОМ и во иднина ќе биде активен и конструктивен фактор во политичкиот пристап за решавање на сите општествени проблеми и прашања. Политиката на Зелената партија ДОМ не треба да се врзува само со еколошките теми и климата, туку и со почитувањето на човековите права, социјалните права, недискриминацијата, како и со политиките за развој на зелената економија - подвлече, Морачанин.

Делегатите на Конгресот (309), исто така, едногласно го избраа и новиот состав на Централниот и Надзорниот одбор на партијата, а беа усвоени и Извештајот за работата на ДОМ во периодот од 2018 до 2022 година, како и Предлог-програмата за работата на Зелената партија ДОМ во периодот до 2026 година.

Пред делегатите и многубројните гости од другите партии, пратеници и претставници од Владата, на почетокот на Петтиот Конгрес на ДОМ, се презентираа и поздравни говори на претставници на Европските зелени од повеќе земји-членки на ЕУ, како и на зелени партии од земјите во регионот. Тие јасно ја изразија поддршката за продолжување на Северна Македонија на патот кон Европската унија и поддршката на придонесот на Зелената партија ДОМ, што го дава во таа насока.

притисни ентер