Франција тврди дека има целосна поддршка од ЕУ по заканите од Ердоган

Франција никогаш нема да се откаже од поддршката за слободата на изразувањето и покрај заплашувањето, рече владиниот портпарол Габриел Атал, додека се засилија вербалните напади од страна на турските власти.

Запрашан да ги коментира турските критики за карикатурите објавени од списанието „Шарли Ебдо“, Атал рече дека постои големо европско единство во однос на поддршката за Франција и принципите и вредностите што ги брани Франција.

Тој рече дека неодамнешните напади на турски официјални лица на неделникот се полни со омраза.

Говорот на омраза против новинарите е одговорен за терористичките напади во Франција во последниве години, рече Атал, очигледно мислејќи на нападот во канцелариите на Шарли Ебдо во јануари 2015 година, кога беа убиени 12 лица, извршен од двајца исламисти.

Турција го осуди неделникот Шарли Ебдо за „културен расизам“, по насловната страница на сатиричното списание објавена деенска, во кое се исмева турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Слушнав дека ова списание во Франција, кое објавува за презир вредни и неморални карикатури на нашиот пророк, сега ме изненади со карикатура на насловната страница“, рече Ердоган и додаде дека не ја видел.

На насловната страница на неделникот стои карикатурата на Ердоган во бела маица и долна облека како седи во фотелја. Во едната рака држи конзерва пијалок, а во другата го крева фустанот на жена облечена во хиџаб и го открива голиот задник и вели „Ох, пророку!“

Насловот на изданието е: „Ердоган - приватното е многу забавно“.

„Не сум тажен и лут заради овој одвратен напад врз мене, туку затоа што истото тоа списание е извор на бесрамен однос кон нашиот сакан пророк“, рече Ердоган.

Ердоган им се обрати на членовите на владејачката Партија на правдата и развојот во Анкара, кои го поддржаа неговиот говор со одобрување и неколку минутен аплауз.

„За жал, минуваме низ период кога омразата кон исламот и муслиманите и непочитувањето кон нашиот пророк се шири како рак, особено меѓу лидерите во Европа“, рече Ердоган пред парламентарната група на неговата партија.

Ердоган рече дека западните земји кои го напаѓаат исламот сакаат да ги започнат крстоносните војни.

Во меѓувреме, државниот правобранител на Анкара започна истрага против администрацијата на „Шарли Ебдо“, а адвокатите на Ердоган поднесоа кривична пријава против неделникот, објави новинската агенција Анадолија.

Истрагата и тужбата важат според турскиот закон затоа што навредите биле упатени кон претседателот.

Кризата меѓу Франција и Турција изби откако Макрон вети, оддавајќи му почит на Самуел Пети, професор кој беше обезглавен на 16 октомври за прикажување карикатурите на пророкот Мухамед на час, дека Франција ќе продолжи да го брани правото на слобода во изразувањето.

Ердоган, кој го доведе во прашање менталното здравје на Макрон, го обвини во понеделникот дека водел кампања на омраза кон муслиманите.

Ердоган во понеделникот повика на бојкот на француските производи заради ставовите на Макрон во врска со карикатурите на пророкот Мухамед, што муслиманите ги сметаат за богохулни, по сличните постапки во земјите со муслиманско мнозинство.

Фахретин Алтун, советник на Ердоган, рече дека „антимуслиманската агенда на Макрон е плодна“.

„Очигледно е производ на ксенофобично, исламофобично и нетолерантно културно опкружување што се чини дека француското раководство го посакува за својата земја“, рече Алтун.

Турција и Франција, исто така, се разликуваат во ставовите за истражувањата и поморските права на истокот на Средоземното море, конфликтот во Либија и последниот конфликт меѓу Азербејџан и Ерменија за регионот Нагорно Карабах.

Непријателите на исламот и Турција „ќе се удават во мочуриштето на огорченост и омраза“, рече Ердоган, додавајќи дека тоа се знаци дека Европа се враќа во „периодот на варварството“.

Убила 19-годишна трудница и ѝ го украла бебето од матката-осудена е на 50 години затвор (ВИДЕО)

Клариса Фигуероа (51) е осудена на половина век затвор откако убила бремена тинејџерка во Чикаго намамувајќи ја во нејзината куќа за да ѝ го украде бебето од утробата, кое потоа го претставила како свое.

Тоа е, накратко, епилогот од страшното злосторство што го потресе овој дел на САД, а се случи во 2019 година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Марлин Очоа-Лопез (19), мајка на двегодишно момче, која била во поодмината бременост, била намамена од Клариса во нејзиниот дом со ветување дека ќе ѝ даде бесплатна облека за бебето. Страшното злосторство го извршила со помош на нејзината ќерка Дезире, која во јануари ја признала вмешаноста во убиството кога била осудена на 30 години затвор. Мајката и ќерката ја задавиле трудница со електричен кабел. Клариса, која е медицински работник, сакала да го претстави бебето како свое, а откако го извлекла од стомакот на мајката повикала брза помош. Поради повредите, бебето два месеци било на интензивна нега во болница, но и покрај сите напори на лекарите, починало.

За време на судењето, се тврдело дека Клариса Фигуероа го изгубила своето бебе пред злосторството, а потоа им кажала на членовите на семејството дека повторно е бремена. Во октомври 2018 година, таа ѝ кажала на својата ќерка дека ѝ треба помош да убие трудница и да го украде бебето од нејзината утроба.

Ракел Уриостеки, мајката на убиената трудница, по изрекувањето на пресудата видно се потресе:

- Губењето на ќерка ми е нешто што никогаш нема да го прежалам.

Откако украденото бебе било сместено во болница, Клариса Фигуероа и нејзиниот партнер Пјотр Бобак тврделе дека бебето е нивно, па дури започнале и хуманитарна кампања за собирање помош за негово лекување. Пјотр подоцна на судењето признал дека помогнал да се отстранат трагите по убиството на бремената тинејџерка.

Страшното злосторство било неоткриено неколку недели, иако Џовани Лопез, сопругот на убиената, уредно ја пријавил за исчезната, но немал помош од надлежните да ја пронајдат. Полицијата реагирала дури по анонимна пријава во која било наведено дека е видена како исчезнатата влегува во куќата на Клариса Фигуероа. На 07.05.2019 година полицијата извршила претрес. Автомобилот на жртвата бил пронајден во близина на куќата на убиецот, а набрзо била наредена и ДНК анализа на бебето. Откако дошле резултатите од ДНК, полицијата ги уапсила мајката убиец, нејзината ќерка и нејзиното момче. Телото на жртвата било пронајдено закопано во дворот.

- Казната што ја доби никогаш нема да биде доволна и мојот син никогаш повеќе нема да ја прегрне мајка си. Изгубив дел од семејството и тоа секогаш ќе ме следи – низ солзи изјавил сопругот Џовани Лопез.


Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

Ужас во Англија: 80- годишен човек е запален во двор, соседите слушнале крици (ВИДЕО)

Две лица се уапсени откако полицијата пронашла изгорено тело на маж во задната градина на домот на едно „многу повлечено“ семејство, како што ги опишале соседите во Бредфорд.

Соседите во тивка уличка во Бредфорд пријавиле дека слушнале врисоци пред да видат како чад се издига зад куќата. Според извештаите, жртвата била 80-годишен маж кој живеел во куќата со помлада жена и нејзиниот син, објави Сан.

Многумина во соседството биле убедени дека човекот починал, затоа што не го виделе од пандемијата на коронавирус.

„Од градината доаѓаше чад, но не можевме да влеземе бидејќи портата беше затворена. Се обидовме насилно да ја отвориме портата и можевме да видиме крв и осакатено тело. Не можев да верувам, беше како нешто од хорор филм“, рекол соседот Мухамед.

„Семејството буквално никогаш не излегуваше надвор, тие се многу повлечени. Ова се случи целосно од ведро небо и сите се многу шокирани од тоа“, рече друг сосед кој сакал да остане анонимен.

Полицијата денеска соопшти дека го идентификувала телото на возрасен маж, но дека се уште се обидуваат официјално да го идентификуваат мажот и да им влезат во трага на неговите најблиски.

„Според информациите достапни во овој момент, ова го третираме како истрага за убиство. Мојот тим работи на утврдување на околностите кои довеле до смртта на човекот. Имаме две лица во притвор и не бараме никој друг во врска со овој инцидент, што се случи во тивка станбена улица, разбирам дека овој инцидент предизвика загриженост во пошироката заедница и има многу шпекулации за тоа што се случило и кој бил инволвиран.“

На местото на настанот се испратени пожарникарски екипи, полиција и брза помош, а соседите велат дека досега не виделе толку големо присуство на итните служби.

Противпожарната и спасувачка служба во Западен Јоркшир соопштија дека екипите го изгаснале пожарот на имотот.

„Ова беше многу шокантен инцидент за многу тивка и мирна заедница“, рече локалниот лабуристички советник Сајмон Канингам.

притисни ентер