Франција и Британија бележат рекорди,се воведуваат строги мерки

Франција објави дека има околу 13.500 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, најмногу од почетокот на епидемијата во земјата, додека Велика Британија соопшти дека има најмногу случаи во текот на 24 часа од 8 мај.

Француските здравствени власти пријавија 13.498 нови случаи на ковид-19, што е нов рекорд за 24 часа откако болеста започна да се шири во земјата.

Бројот на луѓе во Франција кои починале од коронавирус се зголеми за 26 на 31.274, а кумулативниот број на случаи со коронавирус изнесува 442.194.

Во Велика Британија, во последните 24 часа се пријавени нови 4422 случаи на коронавирус, најмногу од 8 мај.

Таа земја во петокот потврди 4.322 случаи на коронавирус, што е за речиси илјада повеќе од претходниот ден.

Досега се регистрирани вкупно 390.358 инфекции со коронавирус во Велика Британија, додека починале 41.759 лица.

Најновиот пораст на бројот на новозаразени доаѓа откако британските власти денеска објавија дека дополнителни ограничувања ќе стапат на сила во вторник во централните и северните делови на Англија, со цел да се намали зголемувањето на бројот на луѓе со ковид-19.

Контактот помеѓу различни домаќинства ќе биде забранет, додека работното време на угостителските објекти што работат до доцна навечер,ќе биде ограничено.

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

притисни ентер