Фото-видео: Двајца загинати во невреме во Британија

Две лица го загубиле животот во невреме проследено со силен ветер кое ја зафати Велика Британија.  

Двајцата мажи загинале при паѓање на дрвја во бурата „Ервен“, која зафати делови од Велика Британија носејќи силен ветер, дожд и снег.

Директорот на основното училиште „Сент Мери’ починал откако дрво падна врз неговиот автомобил во Антрим, а уште еден маж починал кога врз него во Камбрија паднало дрво.

Поради бурата „Ервен“ во Шкотска 80.000 луѓе останале без струја, како и 55.000 во Нордамберленд, јави ББЦ.

Ветерот достигнувал брзина од 160 километри на час во Нордамберленд. Поради наносите од снег на патот кај Рочдејл заглавени биле околу 120 камиони.

Метеоролошката служба издаде предупредување за ретко црвен ветер низ источниот брег на Шкотска и североисточна Англија, со најголема брзина од 160 километри на час забележана во Бризли Вуд во Нордамберленд.

Спасување мачка во поплавите во Дубаи

Полицијата во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, по силниот дожд што го зафати тоа подрачје, спаси мачка од обилните поплави. Мигот на спасувањето стана видеохит на мрежите.

На снимките се гледа како црно-белото улично маче очајно се закачило за вратата од еден автомобил, сѐ дури спасувачите не го земат и однесат на безбедно, пренесува „Си-ен-ен“.

Според наводите, за само 24 часа во Дубаи наврнал дожд колку што вообичаено паѓа за две години во ова подрачје. Емиратските медиуми дождот од завчера веќе го нарекуват - „историски метеоролошки настан“ што надминал „сѐ што е документирано од почетокот на собирањето податоци“ (за времето) во 1949 година.

ЕУ. Неколку закони во Р. Српска го поткопуваат европскиот пат на БиХ

Законите за избори, референдуми, имунитет и странски агенти на Република Српска го поткопуваат европскиот пат на БиХ

Европската Унија ги повика властите во Република Српска да ги прекинат постапките за усвојување на неколку законски иницијативи, особено нацрт-законите за избори, за референдуми, за имунитет и за „странски агенти“, бидејќи со нив би се поткопале евроинтеграциските напори на Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Брисел.

- Овие законски иницијативи за кои расправа Народното собрание на Република Српска, би го поткопале уставниот поредок на земјата, функционалноста на нејзините институции и основните слободи и би биле против заложбите на Босна и Херцеговина за нејзин пат кон ЕУ, соопшти денеска Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Во соопштението се додава дека ЕУ нагласува оти мора да се почитуваат суверенитетот, територијалниот интегритет, уставниот поредок, вклучително и одлуките на Уставниот суд и меѓународната личност на Босна и Херцеговина.

- Секоја активност против овие принципи ќе доведе до сериозни последици, како што веќе јасно најави Европската Унија, се нагласува во соопштението.

ЕЕАС потсетува дека по одлуката на Европскиот совет од минатиот месец за отворање на пристапните преговорите со БиХ, ЕУ очекува земјата, вклучително и нејзиниот ентитет Република Српска, да прават чекори напред, наместо да преземаат активност што се во спротивност со нејзиниот европски пат.

- Одлуката на Европскиот совет докажа дека дијалогот наместо ескалацијата дава резултати. Ги повикуваме сите лидери во Босна и Херцеговина да ги исполнат своите обврски и очекувањата на граѓаните и да се вратат на преговарачка маса за доброто на луѓето во земјата и нејзината иднина во ЕУ, се додава во соопштението.

Во Црна Гора уапсена директорката на Агенција за спречување корупција

Директорката на Агенција за спречување корупција на Црна Гора,Јелена Перовиќ,  вчера била уапсена, соопштија црногорските медиуми.

Како што се наведува, Перовиќ е уапсена под сомнение дека ја злоупотребила службената положба, соопшти Специјалното државно обвинителство.

Службеници на специјалното полициско одделение вчера ја блокирале зградата на Агенцијата и по претресот на просториите, како и службениот автомобил на директорката, Перовиќ е лишена од слобода.

„По извршениот претрес во канцеларијата и службеното возило, по наредба на Специјалното државно обвинителство, службениците на Специјалното полициско одделение поради основи на сомнение ја лишиле од слобода директорката на Агенцијата за спречување корупција на Ј.П. дека во текот на изминатата година и до април годинава сторила продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба“, соопштија од Специјалното полициско одделение.

Црногорските медиуми пренесуваат дека полицијата вршела и претрес во нејзиниот стан и во други простории, со цел пронаоѓање други траги и предмети од кривичното дело.

притисни ентер