Фото : Вака Двејн Џонсон се подготвува за улогата на „Херкулес“

Американскиот актер Двејн Џонсон,познат по прекарот Рок ја доби главната улога во филмот „Херкулес“ чија премиера е најавена за следната година .


Своето и така добро развиено тело Рок одлучи уште повеќе да го „напумпа“ за потребите на Херкулес , и во последните неколку дена е редовен гостин на фитнес центар и теретана.



41 годишниот Двејн на својот профил на Твитер објави неколку фотографии на кои може да се види како вежба и го билда своето и така добро развиено тело.
Актерот во подготовката за улогата на Херкулес е и под посебен режим на исхрана.
На фотографиите на Твитер популарниот Рок стави слика и од својот фрижидер.


Инаку по Херкулес ,Двејн Џонсон би требало да игра и во филмот Терминатор 5 заедно со легендарниот Арнолд Шварценегер.

Одѕивот на гласањето до 11 часот над 15 отсто

Излезноста на гласачите до 11 часот според обработени податоци од 3.319 избирачки места од вкупно 3.480 изнесува 15,51 отсто.

Според Државната изборна комисија, на овие избирачки места гласале 281.308 избирачи.

Врз основа на податоците од веб-страната rezultati.sec.mk во Изборната единица 1 гласале 17,66 отсто од вкупниот број избирачи, во Втората изборна единица 14.34 отсто, во Изборната единица 3 одѕивот на гласање до 11 часот 18,86 отсто, во Изборната единица 4 – 18,55 отсто, во Изборната единица 5 – 15,02 отсто и во Изборната единица 6 има најмала излезност, односно на гласање излегле само 9,26 отсто од вкупниот број запишани избирачи.

За споредба на предвремените парламентарни избори во 2016 година до 10 часот одѕивот на гласачите бил 9,52 отсто, додека на претседателските избори што се одржаа минатата година излезноста до 10 часот изнесувала само 6,16 отсто.

Државната изборна комисија се очекува со нов пресек за излезноста на гласачите да излезе на прес-конференција во 13 часот и 30 минути.

Во Крива Паланка до 11 часот 21.45 отсто излезеност

До 11 часот излезеноста во Општина Крива Паланка изнесува 21.45 отсто, додека во Ранковце 14.65 отсто од граѓаните кои излегле на гласање.

-Од вкупниот број избирачки места во Крива Паланка – 47, обработени се податоци од 39, а според процентот на излезеност, 21.45 и обработени избирачки места, до 11 часот гласале 3644 гласачи од вкупно 16.986 избирачи со право на глас, рече претседателот на ОИК, Крива Паланка, Душко Арсовски.

Во општина Ранковце до 11 часот излезеноста е 14.65 отсто, додека во Кратово од обработени податоци од 23 од вкупно 37 избирачки места, излезеноста е 14.41 отсто.

Русите се приближуваат до бројот од 750.000 ресгитрирани случаи на Ковид-19

Бројот на случаи со коронавирус во изминатите 24 часа во Русија порасна за 6.422 на вкупно 746.369, соопшти денес Центарот за борба против коронавирусот.

Според податоците од кризниот центар, во изминатите девет дена, дневниот раст на заразени не надминал 0,9%, пренесе „Тасс“.

Во Москва се забележани 628 нови случаи на Ковид-19, додека во Санкт Петербург 264.

Според наводите на кризниот центар, до сега се излекувале вкупно 532.249 луѓе.

Во текот на изминатите 24 часа починале 156 лица, што е помалку во однос на вчера, кога тој број изнесува 175.

Вкупниот број на починале во Русија изнесува 11.770.

притисни ентер