Фото: Ураганот „Сали“ што вчера ги погоди САД предизвика историски и катастрофални поплави

Ураганот „Сали“ што вчера го погоди брегот на Алабама и на Флорида доведе до историски и катастрофални поплави и масовен прекин во снабдувањето со електрична енергија, соопшти американскиот Национален центар за урагани.

Речиси еден метар вода имаше на уличте во центарот на Пенсакола, Флорида, додека голем број патишта и мостови се уништени, а бурата ја зафати и Алабама.

Повеќе од половина милион домови и продавници во Алабама и Флорида останаа без електрична енергија. Пристаништата, училиштата и продавниците се затворени долж погодениот американски брег. Енергетските компании го намалија производството на нафта и гас во Мексиканскиот залив, а некои рафинерии го стопираа или намалија производството.

Претседателот на САД, Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во делови на Лујзијана, Мисисипи и Алабама.

Утврден начинот за изведување на наставата во гевгелиските училишта

Во основните училишта во Општина Гевгелија, според владината одлука, покрај учениците од прво до трето одделение, наставата со физичко присуство ќе ја следат и учениците од четврто и петто одделение само во ООУ „Климент Охридски" во Миравци.

Покрај ова, дозвола за физичко присуство на настава за ученици од прво до петто одделение добија и подрачните училишта во селата Богородица, Давидово, Милетково, Смоквица, Прдејци, Кованец, Моин и Мрзенци.

Двете основни училишта од Гевгелија и училиштето во Негорци, освен за учениците од прво до трето одделение, не добија согланост за организирање настава со физичко присуство за останатите одделенија поради тоа што вкупниот број на ученици во нив е поголем, со што се зголемува и ризикот од ширење на корона вирусот.

Согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците не добија ниту гимназијата и основното музичко училиште од Гевгелија. Во овие училишта со физичко присуство ќе се следи само практичната настава по стручни предмети во гимназијата и вежбите на инструмент во музичкото училиште,со согласност на родителеите и почитување на пропишаните епидемиолошки мерки.

За сите други ученици наставата по теоретските предмети ќе се одвива од далечина.

Костадинов: Над 1.300 компании добија бескаматни кредити за справување со последиците од коронакризата, следува и четврт пакет на антикризни мерки

Уште во првите недели од коронакризата, Владата предводена од СДСМ презеде суштински мерки и политики за ублажување на негативните последици врз економијата. 

Низ отворен, инклузивен процес се пристапи кон сеопфатна помош на секторите кои беа први на удар.

Преку бескаматните кредити од кредитната линија КОВИД 1 вкупно беа одобрени и исплатени 737 кредитни апликации на компании кои вработуваат над 6.500 лица. Оваа линија беше наменета за компании од угостителската, туристичката и транспортната дејност кои беа и први погодени од кризата.

Со кредитната линија КОВИД 2 одобрени беа 639 кредитни апликации на домашни компании кои вработуваат вкупно 11.325 лица.

Со двете кредитни линии беа поддржани над 1.300 домашни компании. Она што е важно да се напомене е дека најголем дел од поддржаните субјекти се микро компании кои вработуваат до 10 лица, што во реалноста значи дека државата во најголем дел застана зад семејните, мали бизниси кои се есенцијата на нашата економија.

Поддршката за стопанството не застанува тука. Следува четвртиот пакет антикризни мерки чија подготовка е при крај и чија реализација ќе започне во следниот период.

Како одговорна партија, СДСМ продолжува со мерките и политиките што значат вистинска грижа за граѓаните и стопанството и тоа во следниот период ќе го правиме уште повеќе и уште подобро.

Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник

И Атиџе на фестивалот „Денови на македонскиот мед 2020"

 Атиџе Муратовска, главната протагонистка на македонскиот докумантарен филм „Медена земја" што беше номиниран за два оскара, го привлече вниманието на оние што денеска дојдоа да го посетат Фестивалот на мед во Скопје.

Фестивалот се одржува на улица „Македонија", а Атиџе, која скромно дојде на отворањето, побуди голем интерес кај присутните.

По воведното обраќање на претседателот на пчеларското здружение „Матица", Венче Билбиловски, кое е и организатор на манифестацијата, Атиџе беше на крај претставена по министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, но изнуди бурен аплауз.

притисни ентер