Една жена е уапсена откако се обидела да запали полициско комбе во Њујорк. Шест градови во САД воведоа полициски час.
Протестот поради убиството на Џорџ Флојд во Лос Анџелес започна мирно. Двете страни полицијата и демонстрантите стоеле лице в лице сè додека не започнал притисокот, кој наскоро ескалирал во вистински конфликти.
Триесет минути подоцна, запалено е едно полициско возило, а осум други биле уништени на авенијата Ферфекс, истовремено се повредени и неколку демонстранти, кои се претепани од полицијата
Полицајците во обид да ги смират демонстрантите испукале гумени куршуми кон учесниците на протестите.
Веднаш по серијата инциденти, градските власти најавиле воведување на полициски час за спречување на насилствата.
Во Кливленд демонстрантите уништиле најмалку пет полициски возила.На протестите низ градот имало неколку илјади луѓе. Во Кливленд демонстрантите ги искршиле прозорците на заградата на Обвинителството.
Полицијата од Њујорк уапсила жена која за време на протестите фрлила молотов – коктел на полициско возило. За среќа иако шишето се скршило содржината не се запалила, четворицата полицајци успеале без повреди да се извлечат од автомобилот, пренесуваат медиумите.
Неколку илјади луѓе протестирале и низ улиците на Чикаго.
Поради демонстрациите и судирите властите воведоа полициски вклучително и во градовите Атланта, Портланд, Минеаполис, Луивил и Коламбус.