Фото: Реклама за градник ги спои заколнатите непријатели

Бразилскиот бренд за долна облека „Hope“ осмисли контроверзна рекламна кампања, за да ги промовира градниците кои „гарантирано ги држат градите заедно“.

Како што е прикажано во рекламата, градниците успеаја да ги спојат и заколнатите политички противници, односно нивните глави нацртани на женски гради.

Поранешниот претседател на САД Џорџ Буш и покојниот венецуелски социјалист Уго Чавез се најдоа на градите на една девојка, удобно сместени во црн градник.

И републиканскиот претседател Роналд Реган и кубанскиот комунист Фидел Кастро се споени така да нема каде да бегаат.

Една од рекламите ги покажува покојната Маргарет Тачер и Че Гевара допрени со образите.

Градникот може да се набави во црвена, црна и розова боја, а рекламната кампања привлече големо внимание.

Батлер чека вести за својата повреда: Немам добро чувство...

Бекот на Мајами, Џими Батлер, ќе биде подложен на магнетна резонанца на повреденото десно колено пред да гостува во Чикаго во меч од плеј-инот на НБА.

Конечната одлука нема да биде донесена додека не се прочитаат резултатите од тестовите, а Батлер би можел да пропушти барем неколку недели. Кошаркарот се повреди во првата четвртина од натпреварот против Филаделфија.

- Немам добро чувство, тоа е се што можам да кажам. Се надевам дека сум добро, коментираше Џими Батлер по натпреварот.

Агентот на Батлер, Берни Ли потврди за западните медиуми дека степенот на повредата се уште е нејасен.

Триесет и четири-годишниот бек имаше просек од 20,8 поени на 60 натпревари за Хит оваа сезона. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер