Фото: Откриена причината зошто Кристијано Роналдо не присуствуваше на погребот ​​на Диога Жота - Канал 5

Фото: Откриена причината зошто Кристијано Роналдо не присуствуваше на погребот ​​на Диога Жота

 Потегот на Кристијано сигурно ќе предизвика огромни реакција меѓу неговите фанови и сите љубители на фудбалот.

Фото: Откриена причината зошто Кристијано Роналдо не присуствуваше на погребот ​​на Диога Жота

Голем број фудбалери и познати личности вчера се простија од трагично загинатите португалски фудбалери Диого Жота и неговиот брат Андре Силва. На погребот на Диога Жота и неговиот брат Андре Силва во нивниот роден Гондомар во Португалија изненадувачки го немаше и капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо, кој во моментов е на заслужен одмор со семејството на јахта во близина на шпанскиот брег..

Најголемата португалска ѕвезда и капитен на националниот тим, Кристијано Роналдо од досега непознати причини не беше присутен на погребот на Диого Жота и Андре Силва.

Неговото отсуство не остана незабележано од јавноста ширум светот, а навивачите се бесни поради неприсуството на Кристијано на погребот на неговиот соиграч и пријател од репрезенацијата.

Но, сега, медиумите објавуваат дека Роналдо бил отсутен од конкретна оправдана причина.

Тој одлучил да не присуствува на церемонијата во тажниот Гондомар од страв да не ја наруши атмосферата на жалост и тага во градот. Роналдо го контактирал семејството на Жота и објаснил дека не сака неговото присуство да го одвлече вниманието од моментот и да ја потисне тагата на семејството.

Инаку, Роналдо беше меѓу првите што се збогуваа со својот соиграч од репрезентацијата со емотивни зборови.

„Ова нема смисла. Бевме само заедно во репрезентацијата. Токму се венчавте. Им упатувам најискрено сочувство на семејство, на сопругата и децата, им ја посакувам сета сила на светот. Знам дека засекогаш ќе бидете со нив. Почивајте во мир Диого и Андре. На сите ќе ни недостигате“, се вели во објавата на Кристијано Роналдо.

На погребот во Гондомар присуствуваа голем број фудбалери и познати личности. Имаше членови на португалската репрезентација, соиграчи од Ливерпул, селекторот на Португалија, Роберто Мартинез, играчи од Премиер лигата, како и претседателот на Португалија.

На погребот присуствуваа и Рубен Невес, Рубен Дијаз, Бернардо Силва, Жоао Мутињо, Џејмс Милнер, Бруно Фернандес, Џо Гомез, Дарвин Нуњез, Жоао Феликс, Нелсон Семедо, Роберто Мартинез.

Мануел Линда, епископ на Порто, им се обрати на илјадниците ожалостени кои ги исполнија улиците за да му оддадат почит.

Во емотивна порака, тој конкретно се осврна на тројцата наследници на Жота, кои не присуствуваа на погребот. Епископот рече дека „многу ќе се моли за нив“, додавајќи: „Ако е тешко да се види како возрасен плаче, уште потешко е да се види како дете плаче“.

Следеа зборови што го „растураат “ срцето.

- Оние кои многу страдаат се вашата мајка и вашите баба и дедо. Гледањето на останките од дете е најголема болка, но кога има две урни, немам зборови... - додаде Линда.

„iPhone 17 Air“ ќе биде достапен во „едвај сина“ боја?

Инсајдерите известуваат дека „главната“ опција за боја за претстојниот „iPhone 17 Air“ ќе биде „многу светло сина“.

„iPhone 17 Air“ ќе биде достапен во „едвај сина“ боја?

Тие понатаму наведуваат дека бојата ќе биде толку бледа што едноставно ќе изгледа бела во некои светла. Ова потсетува на „едвај сините“ бои што ги видовме од „Apple“ во минатото.

Како и со сивата, „Apple“ користеше многу различни нијанси на сина низ годините, некои посуптилни од другите, објавува „9to5Mac“.

„Sierra Blue“ за „iPhone 13 Pro“ беше еден пример за изглед што некои го опишаа како многу светло сина, додека „Sky Blue“ за „M4 MacBook Air“ е широко опишана како „едвај сина“.

Не е јасно зошто инсајдерите ја опишуваат оваа боја како „главна“, иако едноставно може да биде дека станува збор за нова боја, која „Apple“ често ја истакнува во маркетинг материјалите.

Друг информатор вчера сугерираше дека намалените рамки што ги очекуваме за моделите „Pro“ и „Air“ всушност доаѓаат и на основниот модел.

Извор: Б92

Синер е новиот шампион на Вимблдон

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер од Италија е новиот шампион на Вимблдон, откако во финалето го совлада двократниот победник Карлос Алкараз од Шпанија со 3:1 во сетови (4:6; 6:4; 6:4 и 6:4) за 3 часа и 4 минути игра.

Синер е новиот шампион на Вимблдон

Ова е прва Грен слем титула за Синер на Вимблдон, а Алкараз по пет победи во Грен слем финалиња го загуби првото.

Првиот сет беше со пресврт и првиот брејк го напраи Синер и поведе со 4:2 во гемови, но Алкараз „врза“ четири гема во низа и го доби првиот сет со 6:4 во гемови. Во вториот сет веќе на стартот во првиот гем Синер направи брејк и сетот го заврши со 6:4 во гемови за 1:1 во сетови.

Во третиот сет брејк немаше до деветтиот гем кога повторно Синер успеа да го одземе гемот на сервис на Алкараз и со идентични 6:4 да го освои сетот и да поведе со 2:1. Во четвртиот сет Синер прави брејк во третиот гем и поведува со 2:1 во гемови, а Алкараз шансата да го спаси сетот ја испушти во осмиот гем кога не искористи две брејк топки, па Синер и овој сет го доби со 6:4 што значеше и конечен триумф.

Јаник Синер е првиот Италијанец што успеава да го освои Вимблдон. /МИА

Германскиот претседател Штајнамаер ја поддржува задолжителната воена служба во Бундесверот

 Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер се изјасни за воведување нова форма на задолжителна воена служба за зајакнување на вооружените сили на земјата, кави ДПА.

Германскиот претседател Штајнамаер ја поддржува задолжителната воена служба во Бундесверот

Германија ја суспендираше регрутацијата во 2011 година, но таа останува вградена во Основниот закон, што е де факто Устав на Германија, и таа може да се врати со просто мнозинство во парламентот.

-Сега ни е неопходна дебата за регрутацијата, изјави Штајнмаер за јавниот радиодифузен сервис ZDF во интервју кое треба да се емитува вечерва, пренесува ДПА.

„Јас сум за задолжителна воена служба“, повтори претседателот, оправдувајќи го својот став со променливата безбедносна ситуација во Европа, војната на Русија во Украина и ставот на американската администрација кон трансатлантските односи.

Штајнмаер рече дека министерот за одбрана Борис Писториус е во право што се стреми да го направи попривлечно приклучувањето кон германските вооружени сили- Бундесверот.

Но, додаде, дека никој не знае дали тоа ќе биде доволно.

„Затоа сега ни е потребна дебата за регрутацијата, дури и ако не можеме да ја спроведеме преку ноќ“, додаде тој.

Општа задолжителна служба, која би важела и за жените, меѓутоа, ќе бара измена на Основниот закон.

Германската влада на канцеларот Фридрих Мерц се обврза да бара доброволна воена служба како дел од својот коалициски договор, а министерот Писториус планира засилувањето на Бундесверот да го почне со 15.000 нови доброволни регрути.

притисни ентер