Фото: Нов скандал го тресе Пентагон – маринци горат тела на Ирачани

Нов скандал го тресе Пентагон, откако во јавноста се појавија фотографии на американски војници како ги палат и се фотографираат со мртви тела на непријателите. Покрената е истрага, која треба да покаже што пред 10 години се случувало во градот Фалуџа, од каде потекнуваат фотографиите. Ова не е прв пат маринците да се изживуваат врз безживотни тела во конфликтните региони.

Маринец полева со бензин човечки труп, маринец го потпалува безживотното тело, маринец позира покрај воениот плен, вознемирувачки фотографии го вовлекоа Пентагон во нов скандал, но уште повеќе, го исправија пред дилемата - дали глобалниот чувар на мирот е над сите закони – и воени, и духовни и морални, преку чинот да се понижи непријателот, и кога тој не пружа отпор.

- Ова изгледа навистина лошо, но ние не знаеме што точно се случило и под кои околности, изјави Џонатан Ру, поранешен маринец.

Фотографиите, кои ги објави интернет сајтот Ти-ем-зи се направени во 2004-тата во градот Фалуџа, во тој период едно од главните жаришта во ирачката војна. Објавени се само осум од 40-те фотографии, зашто како што објаснуваат од порталот, станува збор за ужасни сцени, на кои прегладнети кучиња ги јадат телата. Пентагон покрена истрага, која првично треба да ја утврди автентичноста на фотографиите.

- Секако дека мора да се осудат ваквите настани, а во исто време, на светот и на Ирачаните да им се даде објаснување што се случило таму, изјави Еуген Фидел, аналитичар.

Ова не е прв пат Американците да се изживуваат врз безживотни тела во конфликтните региони. Пред две години група маринци уринираа врз мртви талибанци во Авганистан.

Инцидент за кој до денеска никој не понесе одговорност. Годинава се очекува САД целосно да се повлечат од Ирак и од Авганистан, мисии што очигледно не ги добија, а ги платија со околу шест илјади жртви.

Стапката на наталитет во Италија се намалува

Националниот институт за статистика објави дека стапката на наталитет во Италија е намалена за 34,3 отсто од 2008 година, која беше последната година во која беше забележан пораст.

Стапката на наталитет во Италија продолжи да се намалува и во изминатата година, кога се регистрирани 379.000 раѓања, или 6,4 на 1.000 луѓе, покажуваат прелиминарните податоци објавени денеска од Националниот институт за статистика на Италија (ИСТАТ), цитиран од италијанската новинска агенција АНСА.

Во апсолутна смисла, ова е за 14.000 раѓања помалку од 2022 година, или пад од 3,6 отсто.

Националниот институт за статистика објави дека стапката на наталитет во Италија е намалена за 34,3 отсто од 2008 година, која беше последната година во која беше забележан пораст.

Просечниот број деца по жена се намалил од 1,24 во 2022 година на 1,2 во 2023 година, а историскиот минимум е забележан во 1995 година, кога се родиле 1,19 деца по жена. /МИА

МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед

Понеделник, вториот ден на Велигден, според Грегоријанскиот календар, неработен за граѓаните од католичка вероисповед.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно Законот за празниците, 1 април 2024 година (понеделник) вториот ден на Велигден, според Грегоријанскиот календар, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот.

АВМУ: Донесено упатство за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024

 Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), со цел појаснување на начинот на примена на правилата од Изборниот законик донесе упатство за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024.

Како што соопштија денеска од АВМУ, со упатството се опфатени правилата за лимитите за платеното политичко рекламирање (ППР), означувањето на нарачателот на рекламирањето, распределбатата на времето во вести кај Јавниот сервис, бесплатното политичко претставување на Собранискиот канал, обезбедувањето пристапност на содржините за изборниот процес за лицата со попреченост, правилата за известување во деновите на изборниот молк особено за периодот на преклопување на двата изборни процеси.

- За време на изборната кампања за Претседателските избори, во првиот круг на гласање, радиодифузерите може да емитуваат вкупно девет минути и триесет секунди дополнително време за рекламирање на реален час емитувана програма, исклучиво наменети за ППР. Во упатството е точно утврдена распределбата на овие минути меѓу седумте подносители на листи/кандидатите за претседател. Во вториот круг на гласање вкупното време за ППР ќе зависи од времето за ППР што го користат подносителите на листи/кандидатите за претседател кои ќе ја продолжат изборната кампања во вториот круг, се наведува во соопштението.

За време на изборната кампања за Парламентарните избори, се појаснува во соопштението, радиодифузерите имаат право на дополнителни девет минути и триесет секунди за рекламирање на реален час, исклучиво наменети за ППР. По потврдувањето на поднесените листи на кандидати за пратеници од страна на Државната изборна комисија, Агенцијата соодветно ќе го дополни упатството за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024.

- За време на изборниот молк за Претседателските избори, на 23 и на 24 април (до 19 часот) 2024 година, продолжува изборната кампања за Парламентарните избори, но запира медиумското покривање во вестите и во посебните-информативни емисии на учесниците во изборните кампањи за двата изборни процеси, се додава во соопштението од АВМУ.

Јавниот сервис и телевизиите на државно ниво што ќе објавуваат платено политичко рекламирање, треба да емитуваат содржини поврзани со изборниот процес во формат пристапен за лицата со попреченост.

Упатството за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024 е достапно на веб страницата www.avmu.mk.

притисни ентер