Форбс: Опра Винфри е најмоќна славна личност!

Форбс ја прогласи Опра за најмоќна славна личност. Таа две години беше на второ место на оваа листа, а сега го освои тронот. Меѓу првите десет на листата на Форбс, 6 се жени!

Лејди Гага е на второ место. По неа е Стивен Спилберг, а по него Бијонсе и Мадона.

- Само тројца луѓе се постојано на нашата листа од 1999 година. Тоа се Опра, Хауард Стерн и Спилберг - изјави Дороти Померанц од Форбс.

Џенифер Лопез која минатата година беше на прво место, годинава е за 11 места подолу.

Од јуни 2012 до јуни 2013 Опра заработила 77 милиони долари. Со заработката таа не е на прво емсто, но Форбс објасни дека првата позиција на нивната листа на моќни славни личности, ја добила поради нејзината позиција во Холивуд и присутноста во печатот, социјалните мрежи и на ТВ.

Во изминатите 12 месеци Мадона заработила 125 милиони долари, а Лејди Гага 80 милиони.
притисни ентер