Основачот на Амазон „вреди“ 177 милијарди долари, што е за 64 милијарди долари повеќе од минатата година, благодарение на големиот пораст на вредноста на акциите на Амазон.
Најмногу напредна Илон Маск, кој минатата година беше 35-ти на листата со актива од 24,6 милијарди долари. Само во изминатата година заработил неверојатни 126,4 милијарди долари и со вкупно 151 милијарда долари се пласира на второто место. Ова најмногу се должи на зголемувањето на цената на акциите на Тесла за 700 проценти.
Мнозинскиот сопственик на најголемиот светски производител на луксузни стоки LVMH (Луј Витон Моет Хенеси), францускиот тајкун Бернард Арно е и останува трет на листата, но и тој скоро го удвои богатството, на 150 милијарди долари.
Четврт е Бил Гејтс, основачот на Мајкрософт, со 124 милијарди долари.
Петти е основачот на Фејсбук Марк Закерберг со 97 милијарди, а го следи најуспешниот светски инвеститор Ворен Бафет со милијарда помалку.
Оснивачот на Оракл, Лери Елисон, вреди 93 милијарди долари, двајцата основачи на Гугл, Лери Пејџ и Сергеј Брин, вредат 91 и 89 милијарди долари, а првите десет ги заклучува индискиот тајкун и најбогатиот Азиец Мукеш Амбани со 84,5 милијарди долари.
Најбогата жена на светот е сопственичката на Лореал, Франсоа Бетенкур Мејерс со 73,6 милијарди долари е 12-та на листата.
Десетте најбогати вредат 1,15 трилиони долари, што е за две третини повеќе од минатата година.
Соединетите држави сè уште имаат најмногу милијардери, 724, но Кина ја достигнува со 698 милијардери. Во Европа има 628 милијардери.