Фон дер Лајен:Западен Балкан не е станица на ,,Патот на свилата”

,,Пандемијата на коронавирус ја покажа нашата кревкост и сега е време Европа да излезе од оваа кревкост кон нова виталност, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во својот говор за состојбата на Унијата.

„Ова е момент за Европа, да си веруваме едни на други и да останеме заедно. Ова е момент за Европа, која треба да не одведе од оваа кревкост кон нова виталност“, рече Фон дер Лајен на почетокот на нејзиниот прв говор за состојбата на Унијата со акцент на владеењето на правото.

"Последните неколку месеци нè потсетија колку може да биде кревко. Имаме должност и секогаш мора да внимаваме на владеењето на правото. Не смее да се толерира кршење на владеењето на правото. Јас ќе продолжам да го бранам, исто како и интегритетот на европските институции. Европските вредности не се на продажба", рече таа.

Следејќи го примерот на Соединетите држави, еднаш годишно, на септемвриската пленарна сесија, претседателката на Комисијата држеше говор за состојбата на Унијата од 2010 година, ги разгледуваше резултатите од изминатата година и објавуваше приоритети за следната.

Во својот говор, Урсула фон дер Лајен се осврна на напорите на Комисијата за ублажување на здравствените и економските последици од пандемијата на „ковид-19“ и ја изложи својата визија за закрепнување на економијата, зелената и дигитална транзиција, борбата против климатските промени и ситуацијата во европското соседство.

Фон дер Лајен рече дека Комисијата предлага нови цели за намалување на емисиите на стакленички гасови за најмалку 55 проценти до 2030 година во споредба со 1990 година. Сегашната цел е 40 проценти намалување до 2030 година, што не е доволно за ЕУ ​​да ја исполни целта за климатска неутралност до 2050 година.

Таа посочи дека 37 проценти од 750 милијарди евра од планот за закрепнување на ЕУ треба да бидат инвестирани во целите од Европскиот зелен план и дека 30 проценти од тие 750 милијарди треба да се соберат со издавање на зелени обврзници.

Програмата на ЕУ за следната генерација треба да овозможи поголема употреба на водород, да се создадат „европски долини на водород“, да се модернизира индустријата, мобилноста и да се внесе нов живот во руралните области.

Пандемијата ги забрза дигиталните иновации и „следната декада мора да биде дигитална декада“, вели претседателката на Комисијата.

Фон дер Лајен рече дека доколку нема договор на глобално ниво, Комисијата ќе предложи следната година ЕУ самостојно да воведе дигитални даноци.

Таа рече дека треба да се создаде силна европска здравствена унија и најави дека ЕУ ќе формира своја агенција за биомедицинско истражување и ќе свика глобален самит за здравство во Италија следната година за подобро подготвување на светот за некои идни пандемии. Таа исто така рече дека треба да се зајакнат Европската агенција за лекови и Европскиот центар за контрола и превенција на болести.

Фон дер Лајен објави законодавен предлог за заедничка европска рамка за минимална плата.

Следната недела Комисијата ќе објави предлог за миграција и азил. „Миграцијата е европски предизвик и цела Европа треба да даде сè од себе“, рече таа.

Таа рече дека Западен Балкан има место во Европската унија. "Ние ја делиме истата историја, истата судбина. Тоа е дел од Европа, а не станица на" Патот на свилата "", рече Фон дер Лајен.

Таа ги осуди хомофобичните политики како оние во Полска, каде беа прогласени „зони без ЛГБТКИ“.

„Нема место во Европа за зони без ЛГБТКИ“, рече таа.

Говорејќи за Брегзит, Фон дер Лајен рече дека изгледите за склучување договор за идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија бледнеат со секој изминат ден. Таа истакна дека договорениот договор за раздвојување не може да се промени еднострано, како што стори британскиот парламент. "Станува збор за закон, доверба и добра верба. Довербата е основа за секое партнерство", рече таа.

Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата

 Европските и американските берзански индекси денеска се во пораст, како и цените на нафтата, додека цените на златото и пченицата паѓаат.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:10 часот порасна на 18.492,46 поени, лондонски FTSE 100 на 7.957,12 поени, францускиот CAC 40 на 8.225,07 поени, а московскиот MOEX на 3.308,14 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс се искачи на 39.760,08 поени, индексот S&P 500 на 5.248,49 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 16.399,52 поени.

Според податоците од берзите, цената на суровата нафта се искачи на 81.768 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 85.756 долари.

Европските фјучерси на гас на отворањето на берзата ТТФ се продаваа по цена од 27.435 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.192,16 долари за унца (една унца е 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,4668 долари за бушел (еден бушел е 27,216 килограми).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07974, што е за 0,26 отсто помалку од вчера.

Герасимовски: Не е целта да се конфискуваат тераси, или доградби за социјално загрозени лица

Не е целта да се конфискуваат тераси, или доградби за социјално загрозени лица, туку оние кои оставруваат профит.

Со законско решение за конфискација на дивоградбите, ќе се одземат нелегалните објекти кои оставруваат профит и ке се пренаменат во непророфитни објекти или во места каде ќе се одржуваат културни манифестации, ова утринава го соопшти градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод новото законско решение за регулирање, конфискација и ре-употреба на бесправно изградени објекти.

Според градоначалникот со законот ќе се реши урбанистичкиот хаос

Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски во „Дуел за Македонија“

Дами и господа, во Среда на 3 април, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви го претстави долгоочекуваниот и одлучувачки ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА.

Дами и господа, во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви го претстави долгоочекуваниот и одлучувачки ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу најголемите политички опоненти и претенденти за премиер - Димитар Ковачевски лидер на СДСМ и Христијан Мицкоски лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Каков претседател и на треба на државата? На каква платформа ќе не’ качува ВМРО-ДПМНЕ, а која година во ЕУ може да се надеваме со СДСМ? Уставни измени или нов договор со ЕУ и Бугарија – кое е поверојатно сценарио за земјата да остане на европскиот колосек?

Граѓанска, мултиетничка или бинационална – во каква Македонија ќе живееме? Има ли етика во политиката или целта да се стигне до 61 пратеник ќе ги оправда сите коалиции?

Како да се стави крај на корупцијата и младите повторно да гледаат перспектива дома?

Кој се „бори“ за Македонија, а кој за фотелјата на Илинденска... Што се црвените линии на Ковачевски, а од што на Мицкоски, дилемите се задача на Гоце Михајлоски, а под жешките рефлектори во студиото на Канал 5 ќе бидат Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски во ДУЕЛОТ ЗА МАКЕДОНИЈА, во Само Вистина, Среда 03 Април 18.30 часот!!

притисни ентер