Фон дер Лајен:За да ја смениме планетата, треба да го смениме и начинот на размислување

Пандемиите секогаш ја менувале нашата судбина, напиша во блог претседателската на Европската Комисија , Урсула фон дер Лајен, која во средата се обрари и на пленарната седница на која ги образложи идните планови на ЕУ.

Тие не охрабруваат да гледаме на светот поинаку и нè потсетуваат на вредноста на малите животни радости - од секојдневните навики до прифаќањето на најблиските и почитувањето на природата.

,,Заради нив, се прашуваме себеси, размислувајќи дали можеме да направиме некои работи подобро. Тие ни даваат можност да ја смениме иднината.

И оваа пандемија е таква. Се разбира, за милиони луѓе, изминатиот период беше болен и вознемирувачки, и ние мора да продолжиме да бидеме претпазливи затоа што во некои делови на Европа бројките повторно растат. Но, во тие шест месеци научивме и некои вредности, како на пример колку вреди да се биде член на Унијата во која 27 земји се потпираат едни на други. И тоа ни овозможува заедно да излеземе од кризата посилни.

Дека тоа е можно, покажува и историскиот договор за инструментот NextGenerationEU - нашиот план од 750 милијарди евра за закрепнување и иднината. Европа никогаш не била толку обединета. Сега е време да се оди напред во тој дух и за други прашања.

На пример, миграцијата. Ова прашање е извор на поделба во Европа предолго и јас сум убедена дека можеме и мора да го решиме заедно. Само погледнете ги вестите за да разберете колку е важно итно да се најде одржливо решение. Како што веќе објавив во говорот за состојбата на Унијата оваа недела, Европската комисија ќе претстави нов европски пакт за миграцијата во наредните денови. Ќе му пристапи на овој проблем хумано, и тој не само што ќе биде европски по име, туку ќе обезбеди и заедничко европско решение. Е се заснова на солидарноста меѓу Европејците и солидарноста со бегалците и на колективната одговорност на националните влади. Прашањето за миграцијата нема да исчезне. Ние мора претпазливо да управуваме со миграцијата - предизвиците, но и можностите што ни ги нудат.

Ова е моментот Европа да се крене и да го обезбеди тој подобар живот. Во изолација, копнеевме за чист воздух и зелени градови. Дигиталните технологии им овозможија на студентите да го продолжат своето образование, а бизнисот да продолжи да работи, но премногу Европејци во руралните области и сиромашните семејства беа запоставени. Постпандемискиот свет мора да го надмине ова и сега имаме сè што е потребно за да се случи.

NextGenerationEU ни ги обезбедува потребните финансиски ресурси за итно стратешко дејствување, од зголемување на брзината на Интернет до поддршка на индустријата. Ни нуди можност да ја опоравиме нашата економија, но повеќе од тоа: утре можеме да изградиме темели за подобар живот. Треба да обрнеме посебно внимание на тоа како се однесуваме кон нашата планета. Во Европскиот зелен план, си поставивме цел да ја направиме Европа неутрална кон климата до 2050 година. За да се постигне ова, ние сега предлагаме целите за намалување на емисиите за 2030 година да се зголемат на најмалку 55% ​​наместо сегашните 40%.

Тоа е амбициозен план, но исто така реален и корисен за нашата економија и индустрија. Во последниве недели, добив стотици писма од граѓани, директори на компании и невладини организации, сите барајќи Европа да го преземе водството. Подготвени сме за тоа. Не станува збор само за намалување на емисиите - ние сакаме да создадеме свет каде луѓето ќе живеат подобро, сакаме повеќе енергетски ефикасни згради, почист транспорт.

За да ја смениме планетата на подобро, треба да го смениме и начинот на размислување. Европската зелена агенда не е само проект за животната средина и економијата: тој исто така мора да биде нов културен проект за Европа. Културата е плод на соработката на големите умови. Затоа сакам да најдеме нов европски Баухаус, инспириран од уметничката насока од минатиот век, што беше мешавина од форма и функционалност. Тоа ќе биде простор за креативност што ќе спои архитекти и уметници, студенти, инженери и дизајнери, кои ќе комбинираат стил и одржливост.

Но, тоа е само мал дел од работата пред нас. Ќе мора да покажеме решителност во сè што правиме - од градење на силна Европска здравствена унија до обезбедување пристојни плати за сите. Убедена сум дека Европа има се што е потребно за тоа. Имаме визија, имаме план, имаме инвестиции. И најдовме ново единство. Значи, сега треба да дадеме се од себе. Оваа пандемија нека ни помогне да го најдеме патот кон подобра иднинам, напиша фон дер Лајен.

Костадиновска-Стојчевска: Како што ветив, платите се за 12% повисоки за културните работници

Вработените во култура ја добија мартовската плата покачена за 12 проценти. Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска изјави дека со тоа, таа го исполни своето ветување.

„Како што ветив, платите на културните работници од денеска се покачени за 12 проценти.

Овааа Влада предводена од СДСМ се грижи подеднакво за сите. Од 2019 година до денес, покачувањето на платите во Секторот култура се искачи на 52 отсто, со потпишувањето на Колективниот договор“, изјави министерката за култура.

Костадиновска-Стојчевска додаде дека веќе две години се бори за повисоки плати за вработените во културата и успехот не може никој да го порекне. Платите пораснаа и повторно ќе растат.

„Не постои ниту еден чинител кој е против повисоки плати, особено кога Законот за кој оваа Влада се избори е на страната на културните работници“, вели министерката.

Таа, како предизборна игранка и манипулација ги оцени реакциите и протестите на СКРМ.

Вчерашниот состанок во Министерство за финансии, вели министерката за култура, „не беше свикан со намерата која Синдикатот за култура им ја презентираше на своите членови, нути пак за некаква игра, денес тоа се докажа“.

Костадиновска-Стојчевска во својата изјава ги повтори своите ставови, дека секогаш е на страната на вработените, за повисоки плати и за поголеми работнички права, соопштија од Министерството за култура.ж

Актерот Сергеј Трифуновиќ утре ќе биде сослушан во обвинителството, го уапсиле со марихуана

Актерот Сергеј Трифуновиќ утре ќе биде сослушан во обвинителството пред да се донесе одлука за ослободување или евентуален притвор.

Трифуновиќ по апсењето доби притвор до 48 часа, а утре ќе биде изведен на распит во обвинителството. По рочиштето ќе се знае дали ќе биде ослободен или приведен, објави Индекс.

За потсетување, Трифуновиќ синоќа е приведен во Белград заедно со негов познаник од кого наводно купил марихуана. Трифуновиќ претходно беше приведен во октомври минатата година, исто така во Србија, поради навреда на полицајци. Пред тоа имаше проблеми и со полицијата во Хрватска, за време на летниот одмор во Сплит, по што му беше забранет влез во ЕУ.

ЦИА: Без помош од Конгресот, Украина може да биде поразена до крајот на годинава

Директорот на ЦИА Вилијам Барнс ги предупреди членовите на американскиот Конгрес дека Украина може да биде поразена до крајот на оваа година, пишува весникот „Политико“.

Постои многу реален ризик украинците да бидат поразени на бојното поле или барем Путин да биде во позиција суштински да ги диктира условите за политичко решение – рече тој во ленгли на настан во центарот „Џорџ Буш“..

Украинските власти денеска соопштија дека во два руски напада во централниот украински регион Дњепро-Петровск загинале најмалку осум лица, меѓу кои три деца..

притисни ентер