Фон дер Лајен: Во јули ќе имаме вакцини за 70 проценти од возрасните граѓани на ЕУ

Досега се администрирани повеќе од 150 милиони дози на вакцините, а четвртина од Европејците примиле барем една доза од вакцината, објави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Вакцинацијата во Европа се забрзува. Само што надминавме 150 милиони употребени дози. Во јули ќе имаме доволно вакцини за 70 проценти од возрасната популација на ЕУ “, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

Во ЕУ досега се искористени вкупно 153,8 милиони дози, а вакцинирани се 112,4 милиони луѓе, четвртина од популацијата на ЕУ.

41,9 милиони луѓе се целосно вакцинирани, што е 9,4 проценти од населението во ЕУ. Им биле дадени или две дози на вакцина или една доза на Џонсон и Џонсон, која што се дава во единечна доза.

Во вториот квартал, земјите-членки на ЕУ треба да добијат вкупно околу 410 милиони дози, најмногу од Pfizer / BioNTech - 250 милиони, 70 милиони од AstraZeneca, 55 милиони од Johnson & Johnson и 35 милиони од Moderna.

Комуналното претпријатие и вицепремиерот Груби во заедничка акција пред Рамазан Бајрам

Муслиманските верници утре го слават Рамазан Бајрам светиот месец во кој се верува дека се слави победата на верата над неверството, на доброто над злото на великодушноста над скржавоста. 

По тој повод се мијат и дезинфицираат џамиите како и просторот околу нив со цел побезбедно одбележување на празникот од ковид 19 пандемијата..

Во чистењето и дезинфекцијата што ја спроведе Комуналното претпријатие Скопје, синоќа се вклучи и првиот вицепремиер Артан Груби. Тој на фејсбук напиша:

„Вечерва заедно со општинските работници за хигиена ги чистиме, дезинфицираме и подготвуваме џамиите во Скопје во пресрет на Рамазан Бајрам“.

Како што соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје, направено било рачно и машинско миење на поголемите исламски верски објекти на територијата на градот Скопје како што се: џамиите Мурат Паша и Мустафа Паша во Старата скопска чаршија, Јахја паша во Чаир, џамијата Иса Бег на Бит Пазар, џамијата Дуќанџик, џамијата Хусеин Шах во Сарај и други“, се вели во соопштението.

Над 7.000 граѓани вакцинирани во штипскиот регионален пункт

Во регионалниот пункт во салата „Јордан Мијалков" во Штип досега се имунизирани над 7.000 граѓани. Само до 12 часот денеска се аплицирани 600 вакцини на кинеската „Синофарм".

Лекарката на регионалниот пункт во Штип, Дијана Коцева Миланова за МИА изјави дека од отворањето на пунктот, но и при имунизацијата на населението во пунктовите на здравствените домови во општините од штипскиот и струмичкиот регион над 10.000 граѓани примиле вакцина.

-Во нашиот пункт досега се пристигнати околу 14.500 вакцини, од кои дел се дистрибуирани и на здравствените домови во штипскиот и струмичкиот регион. Во моментов се имунизираат граѓаните над 60 години, кои имаат добиено порака од „Мој Термин" и се пријавиле на апликацијата на Министерството за здравство. Покрај вработените од штипските основни и средни училишта, од денеска се имунизираат и вработените во училиштата во Пробиштип, а од утре ќе ги вакцинираме и од Кочани, вели Коцева-Миланова.

Таа додаде дека на пунктот се примаат и лицата со хронични болести, како и вработените во останатата критична инфраструктура. Планирано е и денеска да се аплицираат над 1.500 вакцини. Во текот на денот телефонски се јавувале и граѓани над 55 години, кои имаат изразено интерес за вакцинација на апликацијата и како што вели ги информирале дека добиле порака да се имунизираат во петок, со што старосната граница почнува да се спушта.

Владата демантира дека премиерот Заев имал контакти или соработка со Пекер

 Владата денеска како лаги и манипулации ги оквалификува информациите дека премиерот Зоран Заев имал контакти со Седат Пекер.

-Премиерот Заев и неговото семејство немале и немаат никакви средби и соработки со споменатото лице. Категорично ги отфрламе како лаги и манипулации сите вести во кои премиерот Заев и неговото семејство се доведуваат во каква било врска со споменатото лице, изјави денеска владиниот портпарол Душко Арсовски одговарајќи на новинарско прашање на редовната прес-конференција.

Опозицијата деновиве излезе со тврдење дека, Седат Пекер, по кого има меѓународна потерница за трговија со дрога, изјавил оти имал лична средба со Зоран Заев.

За Седат Пекер опозицијата изнесе информации дека бил еден од повеќето криминалци кои добиле македонски пасош со украден идентитет.

притисни ентер