Фон дер Лајен: ЕУ поради САД ќе ги зголеми субвенциите за зелена транзиција

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска најави промени во правилата за државна помош со цел да се спречи бегството на инвеститорите во Соединетите држави.

Тие на своите производители во областа на зелената транзиција им даваат дарежливи отстапки.

„Конкуренцијата е добра, ја поттикнува иновативноста, ја зајакнува ефикасноста и обезбедува напредок, а со тоа ги намалува цените во областа на чистите технологии... Но, во пазарната конкуренција, истите правила мора да преовладуваат за сите“, рече Фон дер Лајен во говорот на Колеџот на Европа во Бриж.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден донесе инвестициски план од околу 370 милијарди долари, наречен Закон за намалување на инфлацијата (IRA), кој обезбедува големи придобивки за американските производители.

Законот предвидува даночни олеснувања за купувачите на електрични автомобили доколку се произведени во САД, а субвенции би добиле и производителите на батерии за истиот автомобил. Според законот кој го поттикнува пристапот „купи американски“, производителите на електрични автомобили имаат голема предност ако прават и купуваат делови за нивните производи во САД.

„Постои опасност ИРА да доведе до нелојална конкуренција, до затворање на пазарите и да доведе до фрагментација на патиштата за снабдување кои веќе беа ставени на тест за време на пандемијата“, рече Фон дер Лејен.

Претседателката на извршното тело на ЕУ нагласи дека ЕУ мора да усвои мерки што ќе доведат до „балансирање“ и корекција на нарушувањата на пазарот предизвикани од огромните американски субвенции.

„Ние во Европа треба да ја завршиме нашата домашна задача и во исто време да работиме со САД за да ги ублажиме недостатоците на конкуренцијата. Гледам три главни начини да го направиме тоа. Прво, треба да ги прилагодиме нашите сопствени правила за да ги олесниме јавните инвестиции во транзицијата.

Таа рече дека ЕУ треба да ги поедностави и прилагоди своите строги правила за државната помош, така што владите на земјите-членки ќе бидат пофлексибилни кога ги одобруваат субвенциите.

Во исто време, таа предупреди дека ЕУ не смее да се потпира само на државните субвенции, бидејќи тоа ќе доведе до нерамноправна трка за субвенциите во самата Унија, при што некои земји-членки имаат голем фискален капацитет, а други, високо задолжени, имаат многу малку простор за маневрирање во нивните пресметки за промовирање на нивните бизниси.

Затоа, Комисијата се залага за „заеднички одговор“ со зголемено финансирање на ниво на ЕУ.

Вонредна прес-конференција на Арбен Таравари како претседателски кандидат

Вонредна прес-конференција вечерва одржа д-р Арбен Таравари, во Тетово, како како претседателски кандидат на претстојните избори од редовите на албанската опозиција.

“Влегов во овој натпревар со поголеми цели. Мојата цел и онаа на моите партнери е двојна:

1. Имаме намера за прв пат албанскиот кандидат да влезе во вториот круг на претседателските избори.

2. Сакаме да ја отвориме големата дебата за функцијата претседател во нашиот политички систем.

Како што е познато, Македонија е парламентарна република, а не претседателска или полупретседателска република. Покрај тоа, целиот наш политички и уставен систем е изграден по моделот на консензуална демократија меѓу двете најголеми националности, а тоа е санкционирано со воведувањето на Охридскиот договор во Уставот.

Затоа, мојата претседателска платформа ќе се гради токму околу зајакнувањето на консензуалната демократија, во линија на мислата на Арбен Џафери. Моите партнери и јас целиме идното отворање на Уставот да вклучи три елементи:

1. Внесување на Бугарите и другите малцинства во Уставот

2. Отстранување на 20-те проценти што го дефинираат албанскиот јазик

3. Изборот на претседател да се прави во Собрание а не повеќе преку избори.

Ова е големата вест! На овој начин во иднина политичките сили што ги застапуваат двете најголеми националности заедно во Собранието ќе одлучуваат за распределба на трите највисоки државни функции.

Ги повикувам Албанците и ДУИ, која се уште се двоуми кого да кандидира и која во минатото поддржувала и македонски кандидат за претседател, повикувајќи се на консензуализам, да ја поддржат мојата визија и мојата кандидатура.

Сега ја имаме можноста заедно да ја зајакнеме консензуалната демократија на уставен начин. Сега можеме да обезбедиме една од трите главни државни функции по автоматизам да им следи на Албаниците, како втор мнозински народ во Македонија.”, се наведува во соопштението од кабинетот на Таравари.

Нова ера за моделите на Дачија: Од април алкотест и црна кутија ќе бидат стандардна опрема

Dacia ќе ја ажурира комплетната палета на возила, а покрај визуленото освежување, најзначајната вест е поврзана со новиот сет на безбедносни прописи GSR2. Црната кутија и алкотестот стануваат стандардна опрема.

Романскиот производител на автомобили најави голем број важни новитети во својата понуда. Веста доаѓа како резултат на воведувањето на новата регулатива GSR2, која ќе стапи на сила во Европската унија во јули. Dacia ќе ги ажурира и приспособи сите сегашни модели на новите регулативи почнувајќи од април.

Она што е најважно во однос на новите регулативи, сите модели што ги нуди Dacia ќе добијат нов пакет на безбедносни системи во основната опрема за автомобилите да ги исполнуваат новите GSR2 прописи, пренесува Klix.ba.

Така, сите модели на Dacia ќе добијат: црна кутија како снимач на настани во случај на несреќа, стандарден алкотест уред, кој ќе има можност да го блокира возењето на возач кој е под дејство на алкохол, систем за препознавање сообраќајни знаци со предупредување за брзо возење, предупредување при промена на лента, возач за контрола на вниманието, помош при паркирање наназад, сензори за светло и дожд, автоматско сопирање со детекција на пешаци и велосипедисти, како и систем за предупредување за итно сопирање.

Исто така, сите модели на Dacia ќе содржат шифра за спасување. Тоа ќе биде QR код во форма на налепница прикажана на шофершајбната и задното стакло. Со скенирање на кодот ќе може да се пристапи до списокот за спасување и упатствата, со кои спасувачките тимови ќе знаат, на пример, каде се наоѓа резервоарот за гас во случај на несреќа на патот.

Од визуелните промени, најголемата иновација ја носи Sandero, кој заедно со новата зелена нијанса на боја добива и нова линија на опрема за Journey. Новото ниво на опрема одговара на Extreme верзијата на Sander Stepway и ги носи следните новитети: нови алуминиумски бандажи, нови облоги на прагови и ексклузивни теписи во патничкиот простор. Дотерувањето на Journey вклучува и картичка наместо клуч, потоа камера за рикверц, пренослив држач за телефон и организатор на багажникот.

И Сандеро и Логан сега ќе добијат проширена палета на бои. Најдоминантна нијанса ќе биде Beige Safari, ексклузивна за Sandero Stepway. Исто така, хибридната верзија на Dacia Jogger ќе биде збогатена со нов 7-инчен централен екран, кој е присутен и на новата генерација на Duster.

Дополнително, сите модели ќе добијат USB-C приклучок на дното на контролната табла, уште еден USB-C приклучок зад централната конзола за автомобили опремени со пакетот Comfort, како и рачна клима за Jogger во основната верзија Essential. .

„Само Интервју“ со Панче Тошковски

Дами и господа, утре во Само Интервју ќе гостува министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски.

Има ли на повидок решение за проблемот со пасошите? Се креира ли намерно хаос со личните документи во предизборието или само така ни се чини?

Ни претстои ли фер и демократски или тежок и историски изборен процес? Има ли доволно време за прочистување на избирачкиот список?

Предизборен фолклор или проблеми од под тепих, можно ли е поместување на „црвените“ линии на ВМРО-ДПМНЕ доколку од тоа им зависи фотелјата на Илинденска?

Се користи ли политичката сцена за спас од гонење за корупциските скандали?

Од адвокат до технички министер, има ли Тошковски амбиции стане прв полицаец доколку има политички пресврт?

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува Панче Тошковски, веднаш по вестите во 18 часот.

притисни ентер