ФИТР: 123 домашни компании влегоа во финална фаза на јавниот повик

Вкупно 123 домашни компании продолжуваат во фазата на финална селекција во рамките на Јавниот повик за брзо прилагодување од последиците од Ковид 19 на Фондот за иновации и технолошки развој .

Овие компании планираат инвестиции од 237 милиони денари, од кои 97 милиони денари се нивен влог, додека од ФИТР побаруваат безмалку 139 милиони денари. На повикот кој беше отворен од 29.05 до 03.07.2020 година , аплицираа вкупно 166 компании.

Од овие 123 компании, 74 аплицираат по првпат во Фондот, 17% аплицираат по втор или повеќе пати без претходно добиена поддршка, додека само 9% се претходни корисници на средства. Според анализите во најголем дел се работи за мали (67) и микро (47) компании, како и 9 средни претпријатија.

Најголем дел на инвестициските планови се од областа на здравството, ИТ, трговијата но и категориите како машинство, креативната индустрија, угостителство и текстилната индустрија.

Во процесот на примарната селекција на инвестициските планови Фондот ангажираше соодветни надворешни стручни лица. Оценувањето се врши врз основа на следните критериуми: технолошки напредок и степен на дигитализација, односно во кој степен проектот ќе придонесе за дигитализација во процесите, развивање на нов или значајно подобрен производ, услуга или работен процес кај апликантот, потоа квалитет на проектот, капацитет на проектниот тим и влијание. Како новина во овој повик е воведено и дополнително бодување за компании со жени во управувачката односно сопственичката структура и компании што доаѓаат од помалку развиените региони, кои ќе имаат и предност при селекцијата.

Анализите покажуваат дека со воведувањето на овие критериуми, само со првиот циклус е поттикнато учество на компании управувани или во сопственост на жени, и тоа 46%, а зголемен е и бројот на компании со седиште во помалку развиените региони. Споредено со претходните повици, регистриран е пораст во југоисточниот (11%), источниот (10%) и полошкиот регион (4%).

Процесот на финална селекција продолжува онлајн, а конечната одлука за ко-финансирање ќе ја донесе Комитетот за одобрување на инвестиции, според горепсоменатите критериуми.

Во фаза на подготовка е нов циклус на аплицирање за финансиска поддршка за економско заздравување. За таа цел, Фондот во соработка со стопанските комори достави посебен прашалник до широк број на домашни компании. Со прашалникот, компаниите имаат можност за директен придонес во креирањето на условите за вториот циклус што Фондот планира да го реализира веднаш по завршување на тековниот.

За реализација на втор и следни циклуси на јавни повици за економско заздравување Фондот иницира дополнителни средства од Владата, над веќе обезбедените 200 милиони денари, од кои поголем дел ќе бидат искористени уште со првиот циклус.

Програмата за економско заздравување е дел од третиот пакет економски мерки на Владата на Македонија и е наменет за поддршка на микро, мали и средни компании кои имаат потврден потенцијал за успешно работење.

Пендаровски: На 8 мај двојна победа за сите нас и за Македонија

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска беше меѓу жителите на општината Чучер-Сандево.

Заблагодарувајќи им се што одлучиле попладнето да го поминат со него, Пендаровски рече дека на 8 мај е загарантирана двојната победа.

„100% победуваме. На 8 мај ќе славиме за двојната победа за сите нас и за Македонија", истакна Пендаровски.

Говорејќи за досегашната работа на актуелната политичка гарнитура, Пендаровски го истакна членството во НАТО, како најголема организација која ја гарантира безбедноста и стабилноста на сите членки без исклучок. „Без пријатели, мала земја како нашата, тешко може да опстане“ потенцираше Пендаровски.

Тој ги повика граѓаните на Чучер-Сандево масовно да излезат на гласање на 24 април, да заокружат број 1 и да добијат гаранција за подобра иднина на нивните деца и на нивните внуци, соопштуваат од тимот на Пендаровски.

Салма Хаек со поќерката ги привлече сите погледи во Венеција (ФОТО)

Салма Хаек и нејзината 23-годишна поќерка Матилда Пино привлекоа внимание на гала вечерта во Венеција, каде се појавија во елегантно издание.

57-годишната актерка пристигна во долг син фустан со светки, додека Матилда носеше сребрен фустан. Со нив бил и Франсоа-Анри Пино, сопругот на Салма и татко на Матилда.

Актерката е во брак со бизнисменот Франсоа-Анри Пино од 2009 година. Салма ја има ќерката Валентина Палома со Пино. Бизнисменот од врската со Линда Евангелиста го има синот Аугустин Џејмс, а од првиот брак со Дороте Лепер ја има ќерката Матилда и синот Франсоа.

Од почетокот на врската со Пино, Салма развива добри односи со неговите деца. Таа неколку пати објавуваше заеднички фотографии.

Димитриеска Кочоска: Платформа 1198 значи повисок стандард, раст на БДП од 5% на среден рок

Состојбата е катастрофална во секоја сфера. Главниот проблем е тоа што државата не е функционална и тоа што граѓаните воопшто не можат да имаат никакво влијание и немаат влијание врз одлучувачките процеси.

Ако немаме економија, тогаш не можеме да очекуваме развој во ниту еден сегмент.

Не смееме да дозволиме и понатаму, државата да биде киднапирана од стотина луѓе од власта кој што носат одлуки само за нивни лични интереси и за нивно богатење.

И токму поради тоа, народот треба да стави стоп на ваквото однесување. Да излезе масовно и да гласа, затоа што се потребни промени, промени кои што ќе ја направат Македонија твоја.

Денес сум во Македонски Брод, кој што можам комплетно да кажам дека е целосно заборавен од централната власт и токму тоа треба да се промени.

Имав средби со граѓани, имав средби со стопанственици. Едногласно е секаде размислувањето и одлуките на луѓето дека промени мора да да има. При тоа, го искористивме периодот од денот да ги презентираме мерките и решенијата кој што ВМРО-ДПМНЕ ги има во својата Платформа 1198, кој што и всушност значат многу подобар живот за граѓаните, повисок животен стандард, раст на БДП од 5% на среден рок, повеќе пари за малите и средби бизниси, повисоки пензии.

Затоа, масовно треба да излеземе и да гласаме на 24 април и на 8 мај, со цел да има промени и за повторно Македонија да биде твоја, односно да биде наша, рече Гордана Димитриеска Кочоска, кандидат за пратеник во изборна единица 1.

притисни ентер