Финскиот министер за одбрана се противи на испраќањето авиони „Хорнет“ на Украина

Финскиот министер за одбрана Анти Кајконен денеска изјави дека не сака да донира борбени авиони „Хорнет“ на Украина.

„Моето мислење како министер за одбрана на Финска е дека ни требаат тие авиони за да ја заштитиме нашата земја“, рече Кајконен на прес-конференција во Хелсинки.

„Се чувствувам негативно за идејата да ги донирам во следните неколку години. И ако погледнеме понатаму, мислам дека тие ќе се истрошат со текот на времето и ќе бидат малку корисни“, рече тој.

Финска ќе ги замени своите стари Хорнети со Ф-35 што ги нарача во 2021 година, а првиот авион се очекува да биде испорачан за две до три години.

Финска, сепак, ќе обезбеди дополнителна воена опрема за Украина, вклучително и уште три тенкови Леопард 2, како и претходно слична донација, рече министерот. Можноста за донирање на Хорнет на Украина беше спомната за време на неодамнешната посета на финската премиерка Сана Марин на Киев.

На прашањето на новинарите дали на Украина треба да ѝ се дадат борбени авиони, таа рече дека Финска треба да размисли дали нејзините Хорнети ќе бидат соодветни за таа цел, но не ветила.

Дебата на тема„Има помош за живот без насилство“ во организација на УНФПА

Веќе трета година по ред во Македонија се спроведува  проектот „Превенција и заштита од родово-базирано насилство во Македонија“ под покровителство на министерството за труд и социјала, британската амбасада и УНФПА.

Во рамки на проектот досега функционира програмата за реинтеграција на жртви, моделот за шелтер-засолниште на жртви на семејно насилство, а се даваат и препораките за подобрување на услугите на сос линиите за помош на жртвите.

Продолжува ископувањето со багер на страната на куќата каде што исчезна 2- годишната Данка

Уште едно потресно видео од Бањско Поље денеска.

Заврши ископувањето на едната страна од куќата во која завчера исчезна малата Данка Илиќ (2).

Како што јави репортерот на Телеграф од местото на настанот, копањето со багер продолжило од другата страна на куќата.

Екипата на порталот Телеграф.рс и денеска е пред куќата на семејството Илиќ каде во вторникот околу 13.45 часот исчезна Данка Илиќ (2) и се уште се трага по неа. Полициски екипи ја опколиле куќата на семејството Илиќ во Бањско поле, а пред неа пристигнал багер.

Полицијата претходно отворале шахти околу куќата на семејството Илиќ.

Како што дознаваме, полицијата и работниците од ЈКП од утрово го расчистуваат теренот.

Да потсетиме, Данка исчезнала во моментот кога нејзината мајка му давала вода на другото дете. Носела виолетови панталони, маслинесто сако, а косата и беше врзана во опавче. По исчезнувањето на Данка, за прв пат во Србија беше објавен Алерт наречен „Најди ме“.

По девојчето 27 часа трагаа припадници на жандармеријата, полицијата, пожарникари, спасувачи на ГСС, како и бројни мештани. По 27 часа МУП го прекина пребарувањето на теренот во Бањско Поље.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

И денеска продолжуваат настаните поврзани со одбележувањето на четиригодишнината од членството на Македонија во НАТО.

Со одржување на информативен ден на НАТО програмата насловена „Наука за мир и безбедност“. Информативниот ден го отворија министерката за одбрана Петровска и шефот на одделот за управување и координација на алијансата Клаудио Палестини.

притисни ентер