Финска и Шведска пред портите на НАТО, во Берлин ќе се крои стратегијата за Русија

Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО викендов во Берлин ќе  разговараат за долгорочната стратегија за Русија и можниот влез на Финска и Шведска во НАТО.

Ќе го загубат ли Финска и Шведска повеќедеценискиот статус на воено неутрални држави? Денеска и утре, на неформални состаноци во Берлин на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, но и на министрите на Шведска и Финска ќе се одлучува за иднината на двете земји во воената алијанса...

Владеачката финска Социјалдемократска партија денеска ќе го соопшти својот став за евентуалното приклучување откако државниот врв на земјата претходно објави дека барањето за членство во НАТО мора да се поднесе без одлагање додека пак Шведската социјалдемократска партија утре ќе одлучува за барањето за членство.

Откако вчера, турскиот претседател Ердоган се закани со можно вето, поради како што изјави поддршката која скандинавските земји ја даваат за Курдите, портпаролката на Белата куќа Џен Псаки изјави дека Вашингтон работи на разјаснување на позицијата на Турција.

Интеграцијата на Финска и Шведска во алијансата се актуализираше по руската инвазија врз Украина... Русија претходно неколкупати порача дека евентуалниот влез на било која од овие две земји во НАТО ќе го смета за закана а денеска рускиот заменик министер за надворешни работи, Александар Грушко изјави дека доколку НАТО распореди инфраструктура долж руската граница, Москва ќе мора да преземе соодветни мерки на претпазливост

„Русија нема непријателски намери кон Финска и Шведска и затоа не гледаме реални причини овие земји да се приклучат кон НАТО пактот. Нивното евентуално влегување е стратешко промена, а оваа промена не може да остане без политички реакции, како ни без анализи за последиците на новата распределба на сили која може да се создаде како резултат на уште едно проширување на Алијансата.

Во момент кога се зголемуваат тензиите околу канидатурата на Финска, Русија го прекина снабдувањето со електрична енергија за земјата.. Официјален Хелсинки потврди дека увозот е прекинат од денес, но дефицитот кој изнесува речиси 10% ќе го компензира со купување од Шведска и зголемување на домашното производство.

Фото: Финска пивара направи НАТО пиво

Во екот на одлуката на Финска да стави крај на децениската неутралност и да бара членство во НАТО, една пивара одлучила да продава пиво со ознака на НАТО.

Сепак, дел од финската јавност не го поздрави потегот на пиварата и колку и да се за влез на нивната земја во Алијансата, сметаат дека во случајот со пивото се работи за промоција на алкохолизам, што не треба да биде случај.

Од друга страна, од пиварницата „Олаф Брувинг“ објаснуваат дека досега не се мешале во политиката, а сега повеќето Финци се за влез во НАТО, изјавил за медиумите извршниот директор на компанијата.

„Затоа се решивме на овој чекор, иако всушност не требаше толку многу „одлучување“, едноставно само го направивме“, рече тој.

Лименката „НАТО пиво“ е сина, а на неа има витез, кој на градите го има симболот на НАТО. Пивото се вика ОТАН, што е француски изговор на зборот НАТО

Од пиварата велат дека веќе добиле голем број нарачки за „НАТО пиво“.

Ковачевски:Апел за брзо прифаќање на историското зголемување од 15% на платите во образованиетo

​Вечерва на својот Фејсбук профил, претседателот на Владата Димитар Ковачевски упати апел до СОНК за итно, брзо и целосно прифаќање на договорените условите и одговорност.

Во продолжение ви го испраќаме статусот во целост.

„Успеавме да постигнеме значаен договор за вработените во образованието и покачување на платите од дури 15%, почнувајќи од септемвриската плата.

Ова зголемување на платите е најголемото досега и заедно со досегашните 21% зголемување е историски најголемата поддршка на вработените во образованието.

До пред само 5 години, максималното зголемување на платите беше 4%, без глобални кризи.

Сега, во услови на најголема економска и енергетска криза, покрај огромното процентуално зголемување, на вработените во образованието, преку колективните договори ќе им се овозможи и усогласување со минималната плата како и други придобивки. Воедно, ќе се дефинира методологија за континуиран раст на платите со што ќе се заштити стандардот на наставниците и ќе се овозможи континуирано зголемување на плата без потреба од дополнителна владина, институционална или политичка интервенција.

Апелирам до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените условите и одговорност. Да може институциите да продолжат со конкретни активности за спроведување на овој историски раст на платите во образованието."

Бајден им оддаде почит на жртвите на расистичкиот масакр во Бафало

Американскиот претседател Џо Бајден денеска остро го осуди „отровот" на белиот супрематизам и сите оние кои го шират, по расистичкиот масакр од саботата во кој беа убиени десет луѓе во Бафало.

Во овој град во американската сојузна држава Њујорк, каде што еден млад човек, застапник на теориите на заговор, како онаа за „големата замена на населението", во саботата изврши масакр со автоматска пушка, американскиот претседател денеска зборуваше за „терористички акт".

Спомнувајќи ја оваа расистичка теза за „големата замена" на населението, Бајден, видливо потресен, кажа : „Ги повикувам сите Американци да ја отфрлат оваа лага и да ги осудат сите оние кои ја шират за да освојат власт, гласови, пари".

-Оние кои велат дека ја сакаат Америка, поттикнуваат омраза и страв, додаде 79-годишниот демократски претседател, без да открие имиња или партиска припадност.

„Тој отров, тоа насилство не смее да биде историјата на нашето време", посочи тој, бидејќи во последните години се случија серија масакри во САД, во кои жртви беа црнци, Евреи и луѓе со шпанско потекло.

Претседателот денеска од Бафало уште еднаш повика на регулирање на носењето огнено оружје.

-Не сум наивен. Знам дека трагедијата ќе се повтори (…) Но, има некои работи што можеме да ги направиме. Можеме да го забраниме автоматското оружје на нашите улици, рече тој.

Тој долго време го повикува Конгресот да го забрани автоматското оружје, како она што беше употребено во неделата. Но, овој негов став отсекогаш наидувал на противење од републиканците кои одбиваат каква било регулатива за ова прашање. /МИА

притисни ентер