Finance Think: Eкономските ветувања се остваруваат со различна динамика

Политичките ветувања од економско-социјалниот домен преточени во Програмата за работа на Владата 2020-2024 година се остваруваат со различна динамика.

Пет ветувања од Програмата на Владата 2020-2024 се исполнети, четири се во насока на исполнување, а 12 ветувања се во спротивна насока од ветената, покажува најновиот извештај „Големи економски ветувања, големи потфрлања" направена од страна на „Finance Think".

– Политичките ветувања од економско-социјалниот домен преточени во Програмата за работа на Владата 2020-2024 година се остваруваат со различна динамика, но вкупниот заклучок е дека остварувањето е недоволно за да може да се каже дека тие се исполнуваат. Скоро половина, односно 44,4 проценти од дадените ветувања во економско-социјалниот домен, моментално се остваруваат во насока спротивна од даденото ветување. Причините за оваа состојба се нереалистичното поставување на таргетите имајќи ги предвид претходните остварувања, нереалистично поставување имајќи предвид дека економијата е во криза предизвикана од пандемијата, како и поставување таргети кои може да го нарушат пазарот или кои може да блокираат неразумно голем контингент буџетски средства за ветувањето да се реализира, се наведува во извештајот.

Во делот на исполнетите ветувања се посочуваат намалувањето на стапката на ДДВ за ресторански услуги на 10 проценти, на занаетчиските услуги на 5 проценти, подигнувањето на регистрацискиот праг за ДДВ на три милиони денари и незголемувањето на стапката на данокот на добивка. Остварено е и ветувањето за намалување на сивата економија во делот на работници кои работат без договор за вработување при што таргетот од 14 проценти во 2024 година, веќе е постигнат во 2020 година кога овој процент изнесува 13,6 проценти.

Две ветувања или 7,4 проценти не се исполнети и тоа намалувањето на персоналниот данок на доход во ИТ индустријата до 0 проценти во 2023 година, со предвидено намалување на 5 проценти во 2021 и 3 проценти во 2022 година, како и зголемувањето на минималната пензија на 10.700 денари во 2021 година.

Според „Finance Think", четири ветувања или 14,8 проценти се во насока на исполнување. Тие вклучуваат одржлив и инклузивен раст од четири проценти, обем на странски директни инвестиции до вкупен износ од една милијарда евра до 2024, зголемување на извозот до осум милијарди евра во 2024 година и пораст на просечната плата за 20-30 проценти до 2024.

Дванаесет ветувања или 44,4 проценти се во насока спротивна од ветената. Оваа група, како што наведува „Finance Think", вклучува широка лепеза ветувања, чиешто потфрлување се класифицира во неколку подгрупи. Тука спаѓаат ветувањата поврзани со инвестициите како што се оние за зголемувањето на обемот на капиталните инвестиции до 2,2 милијарди евра и зголемувањето на обемот на инвестициите во патишта до 2 милијарди евра во 2024 година и зголемувањето на приватните домашни инвестиции за 1,2 милијарди годишно.

– И покрај значајно пониските (но, сами по себе, не неопходно ниски) остварувања во периодот 2016- 2019, таргетите се поставени нереалистично високо, се наведува во извештајот.

Во делот на ветувања кои одат во спротивна насока се посочуваат и ветувањата за зголемување на продуктивноста, за бројот на фирми, намалувањето на невработеноста до едноцифрена стапка, поголемата вработеност на младите, намалувањето на неактивноста, зголемувањето на вработеноста на жените, како и ветувањето за растот на минималната плата.

– Имено, иако минималната плата забележа солиден раст и во текот на пандемијата, под влијание на законското усогласување со растот на БДП, платите и цените, сепак нејзиниот раст е недоволен за да го испорача даденото ветување, се вели во извештајот.

„Finance Think" препорачува поставувањето на целите во програмите на политичките партии да биде реалистично и да води сметка за изводливоста и чинењето.

Тројца загинати во сообраќајна несреќа во Кичево

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа што денеска се случи на излезот од Кичево, во насока кон Скопје.

Според соопштението од СВР – Охрид, несреќата се случила утрово во 4:50 часот на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, кога се судриле патничко возило „Пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.И.(19) од Кичево и патничко возило „Фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.Е.(32) од кичевското село Трапчин Дол.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Е. и неговиот сопатник А.С.(20) од село Трапчин Дол, додека возачот С.И. им подлегнал на повредите на пат кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, се здобиле 19-годишната Т.С. од Кичево, В.П.(21) од селото Подвис, кичевско, П.К.(21) од Кичево и еден малолетник од Кичево, сите сопатници во возилото „Пежо“.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција.

Фото: Екс тенисерка која сега заработува на „OnlyFans“ во друштво на Ѓоковиќ

Најдобриот светски тенисер во друштво на сексапилна црнка.

Поранешната тенисерка, а денес инфлуенсер, Тамара Бојаниќ заработува огромни пари од фотографиите кои ги објавува на платформата за возрасни „OnlyFans“.

Провокативната Тамара сега се најде во центарот на вниманието на јавноста откако на социјалните мрежи објави фотографија со Новак Ѓоковиќ.

- Мојот сосед е подобар од твојот - изјави еднаш големата надеж на црногорскиот тенис.

Поранешната тенисерка и црногорска репрезентативка кариерата ја започна на 12 години, играше во Фед купот, а доби и тениска тренерска лиценца!

Сепак, беше јасно дека нема да живее од тенисот кога се повреди на 17 години.

Поранешната тенисерка и црногорска репрезентативка кариерата ја започна на 12 години, играше во Фед купот, а доби и тениска тренерска лиценца!

Но, потоа поради повреди ја заврши кариерата во белиот спорт и се вљуби во друга професија, многу поразлична од тенисерската.

Тамара реши да отвори профил на платформата за возрасни „ OnlyFans“ “, а не ни поима колку тоа ќе и го промени животот! Сега ужива во луксузот…


 

Бербок: Израел по војната треба да се откаже од контролата врз Појасот Газа

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок изјави дека Израел тредба да ја отстапи контролата над Појасот Газа штом ќе заврши војната против Хамас.

Бербок во интервју за медиумската група „Функе“ истакна дека власта треба да биде предадена на „Палестинците – ослободени од Хамас, од терор, самоопределени и со демократски избрана влада на сите Палестинци, вклучително и тие од Западен Брег“.

- Тоа нема да се случи преку ноќ, но не треба да го изгубиме од вид политичкиот хоризонт, особено сега за време на војната, посочи Бербок.

Според неа, германската Влада работи со арапските партнери за да се осигури дека решавањето на конфликтот на принципот на две држави за двата народа, Палестинците и Израелците, нема да стане фатаморгана. Тоа вклучува изградба на цивилна инфраструктура, реформи на Палестинската управа, економско закрепнување и безбедносна структура, вклучувајќи безбедносни гаранции и за Израел и за Палестинците.

- И ова значи и потсетување за израелската Влада дека политиката на населување не само што го попречува создавањето на палестинска држава, туку и буквално го попречува мирот. Затоа само решението за две држави може да донесе траен мир и безбедност на народот на Израел, наведе Бербок.

Според неа Израел треба да биде уверен дека никогаш повеќе нема да се соочи со терористичка закана од Палестина, како и Палестинците да можат да водат безбеден и достоинствен живот на својата земја.

- Ова, се разбира, значи дека и соседните арапски држави мора да бидат вклучени, бидејќи таму им се верува, но и затоа што се блиски пријатели на Израел, затоа Германија, а исто така и САД и Велика Британија се толку загрижени за политички хоризонт“. /МИА

притисни ентер