Finance Think: Еколошката такса ќе има еднократен краткорочен ефект врз општото ценовно ниво

Воведувањето на еколошката такса врз цената на горивата ќе има еднократен краткорочен ефект врз општото ценовно ниво – инфлацијата, кој би се движел од 0,15 до 0,3 проценти.

Долгорочниот ефект од еколошката такса врз инфлацијата е потенцијално посилен 0,8 до 0,9 проценти, но емпириските докази за неговата статистичка значајност се поограничени.

Ова го порачува Finance Think во моделската оценка за ефектите од намерата за воведување еколошка такса од 3,5 денари за литар гориво (4,13 денари со вклучен ДДВ), со цел да се потпомогне зелената транзиција, односно да се дестимулира користењето фосилни горива и да се охрабри користењето обновлива енергија, како и алтернативни начини на транспорт. Според нив, воведувањето на еколошката такса претставува еднократно зголемување на цените со постојан ефект и може да има преносен ефект врз цените на другите добра и услуги за чие произвoдство горивата се инпут.

-Двата ефекта – краткорочниот и долгорочниот не треба да се потценуваат. Оттука, препорачуваме еколошката такса да се воведе скалесто, и тоа: 1,5 денари во јули 2021, 1 денар во јануари 2022 и 1 денар во јули 2022. Со тоа, ценовниот ефект, без оглед колку е мал, ќе биде дополнително разводнет, велат од Finance Think.

Силно препорачуваме, нагласуваат, да се креира Фонд за зелена транзиција кој ќе осигури дека средствата собрани преку еколошката такса навистина ќе се употребат за поддршка на зелената транзиција во земјата.

-Во тој контекст, препорачуваме Владата да преземе акција со која ќе го демантира впечатокот дека еколошката такса се воведува за да ги компензира фискалните приходи кои ќе се изгубат поради намалувањето на ДДВ-то на електричната енергија. Препорачуваме Владата да го отвори прашањето за финансирање на зелената транзиција за поширока дебата и консултации, вклучително и за алтернативните модели за финансирање, на пример, издавање зелена обврзница, посочуваат од Finance Think.

Прецизираат дека зголемување на цената на горивата од еден процент, во просек, резултира со зголемување на општото ценовно ниво помеѓу 0,02 и 0,05 проценти. Оттука, додаваат, воведувањето на еколошката такса во висина од просечни 6,2 проценти од цената на литар гориво ќе придонесе со дополнителни 0,15 до 0,3 проценти пораст на општото ценовно ниво на краток рок.

Според нив, долгорочниот ефект од зголемување на цената на горивата врз вкупните цени е посилен, и може да е позначаен бидејќи еколошката такса е перманентна промена.

-Еден процент зголемување на цената на горивата, во просек, резултира со зголемување на општото ценовно ниво помеѓу 0,14 и 0,16 проценти на долг рок. Оттука, долгорочно гледано, воведувањето на еколошката такса ќе придонесе со дополнителни 0,8 до 0,9 проценти пораст на општото ценовно ниво. Ценовно зголемување кај горивата вообичаено го зголемува општото ценовно ниво (инфлацијата) на сосем краток рок, односно во првиот месец по зголемувањето на цените на горивата. Оттука, ценовниот ефект од еколошката такса би настанал веднаш, нагласуваат од Finance Think.

Потоа, посочуваат, зголемување се забележува и помеѓу седмиот и 15-тиот месец од воведувањето на еколошката такса (ефект кој е статистички значаен), а потоа исчезнува.

-Тоа потенцијално укажува дека освен еднократниот ефект, може да се очекува одреден понатамошен преносен ефект од воведувањето на еколошката такса во висина од долгорочниот коефициент од 0,14 проценти, велат од Finance Think и истакнуваат дека воведувањето на еколошката такса се случува во време кога нерамнотежите кај повеќе добра и услуги на глобалниот пазар, предизвикани од пандемијата, вршат одреден привремен притисок врз цените на глобално ниво./МИА.

Наместо забава за откривање на полот, таткото завршил во болница- снимка со 32 милиони прегледи

Иако настаните за откривање на полот во повеќето случаи се возбудливо и посебно искуство за родителите и поширокото семејство и пријателите, понекогаш тие можат да тргнат наопаку.

Така, една трудница случајно му го скршила носот на својот сопруг и идниот татко кога дознала дека во нивното семејство ќе се приклучи девојче.

Видеото набрзо стана вистински хит на социјалните мрежи, а моментално има повеќе од 32 милиони прегледи и еден милион коментари.

Како што може да се види на видеото, воодушевената трудница среќно скокнала кога дознала дека носи девојче, но случајно со главата го удрила сопругот во носот и му го скршила. Сето ова, секако, го снимиле камерите и видеото набрзо се појави на TikTok.

@gender.reveal.tv Breaking my husband’s nose at our gender reveal 🙃🎀 #genderrevealfail #notactuallybroken #18weekspregnant ♬ Love You So - The King Khan & BBQ Show

НБА казни млад кошаркар - на жените им ги покажувал интимните делови на телото

Младиот канадски кошаркар Џошуа Примо (20) е суспендиран на четири натпревари без плата поради „непримерно и навредливо однесување кон повеќе жени“, објави НБА.

Американските медиуми пренесуваат дека Примо, кој моментално е без клуб, им ги покажувал интимните делови на голем број жени.

„Примо тврди дека неговото однесување не било намерно, а лигата не најде докази дека тој учествувал во сексуално или друго недолично однесување надвор од овие кратки изложувања“, се вели во соопштението на НБА. „Сепак, ваквото однесување не е во согласност со стандардите на лигата и бара казна“, се додава.

Сан Антонио Спарс го раскина договорот со Примо на 31 октомври минатата година, а младиот кошаркар моментално е без клуб. Тој ќе ја одлежи суспензијата доколку потпише договор со друг тим од НБА.

д-р. Хилари Котен, поранешниот терапевт на Примо, првпат се појави со обвинувања против него минатата есен, велејќи дека тој „се изложил во девет одделни прилики“. Бидејќи Спарс не направија ништо, Каутен го тужел клубот, а тужбата била решена надвор од судот.

Примо одиграл вкупно 54 натпревари во дресот на Спарс, а имал просек од 5,9 поени и 1,8 асистенции по натпревар. Набргу откако бил отпуштен од Спарс, Примо рече дека се бори со своето ментално здравје.

„Побарав помош да се справам со претходната траума што ја претрпев и сега ќе го одвојам ова време за да се фокусирам поцелосно на третманот за моето ментално здравје. Се надевам дека ќе можам да разговарам за овие прашања во иднина за да можам да им помогнам на другите кои претрпеле на сличен начин. Ја ценам приватноста во овој момент“, изјави тој неодамна.

Цените на нафтата надминаа 96 долари за барел

Цените на нафтата денеска се искачија над 96 долари на меѓународните берзи, поттикнати од индициите за слаба понуда во САД и очекувањата за зголемена побарувачка за гориво во Кина за време на празничната сезона.

На лондонската берза цената на барел со датуми на испорака во ноември беше за 88 центи повисока попладне отколку на крајот на вчерашното тргување и изнесувала 96,26 долари. Поактивно се тргувало со барели со датум на испорака во декември, по 97 центи повисока цена од 94,07 долари.

На американскиот пазар барелот поскапе за 1,31 долари и се тргува за 93,02 долари.

Трговците се фокусираа на знаците на тесна понуда во САД на крајот на неделата. Залихите во резервоарите во Кушинг, од каде се испорачува нафта купена со форвард договори на американскиот пазар, веќе се на најниско ниво од јули минатата година.

„Понатамошниот пад би ги спуштил на критично ниво, што би можело да го отежне нивното извлекување (од резервоарот - op.ed.)“, објаснува Карстен Фрич од Комерцбанк.

Цените се поддржани и од проценките дека побарувачката за гориво во Кина ќе се зајакне за време на седумдневниот одмор што започнува денеска.

„(Зголеменото) патување во странство за време на празникот Златна недела ја поттикнува кинеската побарувачка за нафта“, напишаа аналитичарите на ANZ во белешката до клиентите.

Се очекува и домашните патувања да ја поддржат побарувачката. Податоците од апликацијата за летови на Umetrip покажуваат дека просечниот број дневни резервирани летови е за петтина поголем отколку за време на Златната недела во периодот пред пандемијата 2019 година.

Во меѓувреме, Русија размислува за воведување квоти за извоз на гориво доколку привремената забрана за извоз не го постигне посакуваниот ефект и ако не паднат цените на домашниот пазар. Цените на рускиот бензин и на дизелот благо паднаа денеска на Меѓународната берза во Санкт Петербург.

Економистите прогнозираат дека барелот во Лондон ќе во просек ќе изнесува 89,85 долари во четвртиот квартал и 86,45 долари во 2024 година.

До крајот на годината на цените најмногу ќе влијае намалувањето на понудата од Саудиска Арабија и Русија, но нивниот раст кон 100 долари за барел може да биде забавен од неповолните макроекономски движења, пишуваат аналитичарите.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) одделно објави дека барел нафтена кошница на нејзините членки вчера поскапел за 40 центи на 97,48 долари.

притисни ентер