Finance T: Предлог-буџетот не ја демонстрира кохерентноста на плановите за фискална одржливост

​Министерството за финансии го објави Предлог-буџетот за 2022 година, карактеризирајќи го како развоен. 

Првпат, Предлог-буџетот за 2022 година е ставен во среднорочна перспектива, во контекст на три клучни планови: План за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст, План за јавни инвестиции и План за забрзан економски раст. Оттука, ваквиот тип планирање е значаен исчекор кон постигнување на поставените цели за повисок раст на среден рок и фискална консолидација. Сепак, Предлог-буџетот не ја демонстрира кохерентноста на овие три плана, во смисла на нивното финансирање во 2022 година и на среден рок и со квантитативно мерење на нивниот придонес кон постигнување на целите. Отсуството на ваква кохерентност, остава впечаток дека тоа се само планови во буквална смисла, со висок ризик од значајни отстапувања и задоцнувања при нивната реализација, оценува Finance Think.

Според Finance Think, Буџетот за 2022 година е дизајниран пред два клучни настана кои се случија минатата недела: прогласувањето и продлабочувањето на енергетската криза во земјава и нагорната корекција на Народната банка во поглед на инфлаторните движења во тековната и идната година.

-Вкупните неизвесности од продолжениот ефект од пандемијата, енергетската криза која ќе влијае врз потенцијалот за инвестиции од фирмите и за потрошувачка кај граѓаните, заедно со притисоците врз цените, ја прават оптимистичка проекцијата за реален раст на БДП од 4,6 отсто во 2022 година, вградена во креирањето на Буџетот. Неостварувањето на проектираната реална стапка на раст ќе го поткопа планираниот обем на даночни приходи, што како ризик е идентификуван во буџетскиот документ. Сепак, и во вакви околности, напорите за фискална консолидација и сведување на буџетскиот дефицит во разумни рамки се коректни, наведува Finance Think.

Finance Think анализира и дека по турбулентните 2020-та и 2021 година, структурата на буџетот се нормализира на претпандемиското ниво со значајно надувување на капиталните расходи (реален раст од 20,8 отсто).

-Најгломазната категорија во буџетот, социјални трансфери, бележи реален пад поради ценовниот ефект, иако расте во номинален износ. Сепак, расходната страна не ги рефлектира или тоа не го прави на убедлив и видлив начин, заложбите во буџетскиот документ за намалување на непродуктивните трошења, посебно во две ставки кои се пропулзивни на непродуктивно трошење: „стоки и услуги" и „субвенции и трансфери". Во реални износи, овие ставки се слични на нивото од пред пандемијата, а нивната структура останува „црна кутија" и покрај повеќегодишните укажувања на експертската јавност за поголема транспарентност во овој сегмент, посочува Finance Think.

Во структурата на капиталните расходи, како што стои во анализата, сите ставки бележат раст, освен расходите за купување мебел и вложувања и нефинансиски средства. За разлика од претходните години, купувањето опрема и машини и капиталните субвенции за претрпијатија и невладини организации имаат значаен реален раст што претставува прва индикација за развојниот карактер на буџетот.

-Но, да потсетиме дека во нашата Студија за политиките 34: Мерење на економските ефекти од државната помош доделена на приватни претпријатија во Северна Македонија: Случајот на владиниот План за економски раст, државната помош за приватните претпријатија доделена преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите беше оценета неефективна, што укажува дека ефектот од капиталните инвестиции врз економијата не зависи само од тоа на кој начин ќе се испланираат, туку и на кој начин ќе се потрошат, истакнува Finance Think.

Анализата се осврнува и на капиталните расходи во чија структура доминантно учество има вложувањата во градежни објеки.

-При секој ребаланс во минатото таа ставка беше „прва на удар" и значајно се кратеше. Ставките со помали износи, купувањето возила и стратешки стоки и други резерви, бележат двократно и трократно зголемување. Оттука, вака дефинираната структура на капитални инвестиции укажува на развојност на буџетот, но со оглед на неизвесноста од пандемиската и енергетската криза, очекуваме значајно надолно корегирање на „развојните" ставки со првиот ребаланс. Притоа, капацитетот за реализација на капиталните инвестиции останува ограничен. Капиталните инвестиции во БДП достигнаа максимум и опаѓаат во последните години, што го потврдува ограничениот капацитет на апсорпција на капиталните инвестиции. Дополнително, уделот на капиталните инвестиции во БДП се движи од 2,5 отсто до 3,7 проценти кога реализацијата достигнува максимум од скоро 85 отсто. Оттука, дури и при оптимистичко планирање, процентот на реализација на капиталните инвестиции ќе биде помал како што уделот на капитални инвестиции во БДП го достигнува својот максимум, посочува Finance Think.

Институтот смета дека е потребна идентификација на ограничувањата на капацитетот за трошење на планираните капитални расходи за да се зголеми реализацијата и ефектот врз економскиот раст.

-И покрај бројните укажувања на експертската јавност, Владата не понуди анализа на пречките кои оневозможуваат целосна реализација на капиталните расходи, ниту евентуален акциски план за надминување на овие ограничувања. Гледано според институционални „тесни грла" институциите со најголем „капитален товар" имаат реализација под просечната реализација на сите институции (44 отсто), со исклучок на Министерството за земјоделство, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и Министерството за економија. Тоа укажува на ограничени внатрешни ресурси при реализација на капиталните инвестиции, наведува Finance Think.

Воедбо потсетува дека беше воспоставен механизам за реалокација на средства од институциите со подреализација кон институциите со ефективна реализација на капиталните расходи.

-Спротивно на овие напори, голем дел од подреализаторите добиваат значајно повисоки „капитални задачи" со новиот буџет. На пример, Министерството за животна средина и просторно планирање има реализација од 12 отсто и зголемување на капиталните инвестиции во новиот буџет од 79 проценти. Исто така, Министерството за надворешни работи има реализација од 16%, а зголемување на капиталните инвестиции од 300 отсто. Дополнително, институциите со низок „капитален товар" имаат ниска реализација, што може да укажува на препознаена неефикасност во нивното работење. Оттука, Министерството за финансии е неопходно да понуди подлабинска анализа за ефикасноста на механизмот за поттикнување на извршувањето на капиталните расходи, наместо само да го декларира неговото постоење. Исто така, потребна е подетална анализа и идентификација на проблемите со кои се соочуваат одделните институции при реализацијата на капиталните инвестиции, анализира Finance Think.

Учениците ќе учат од соодветни материјали доколку доцнат учебниците по новите програми

Во тек е постапка за избор на економски оператор за печатење и дистрибуција на учебниците по предметите во основно образование за кои Бирото за развој на образованието подготви нови наставни програми.

Согласно Концепцијата која МОН ја усвои минатата година, тие се воведуваат етапно – лани за прво и четврто одделение, а во учебната 2022/2023 по нови наставни програми ќе учат учениците од второ и петто одделение.

Од МОН за МИА велат дека во различна завршна фаза се постапките за одобрување на учебниците за кои се изготвени нови наставни програми, така што, доколку постапките се пролонгираат и по стартот на учебната година, учениците ќе го совладуваат знаењето од подготвени соодветни материјали додека ги добијат новите учебници.

– На анонимниот конкурс дел од ракописите се избрани, но има и такви кои се со забелешки од рецензентските комисии и тие треба да претрпат одредени измени/дополнувања. Откако авторот/авторите ќе ги имплементираат, ракописот со измените повторно се враќа кај рецензентите заради констатирање на измената, информираат од МОН.

Согласно Концепцијата за основно образование, освен во печатен, учебниците од четврто и погорните одделенија ќе бидат достапни и во дигитален формат на порталот e-ucebnici.mon.gov.mk.

Лефков: Се подготвува нов пишан документ со Бугарија

Дебакл на дипломатијата - се подготвува нов пишан документ со Бугарија кој ќе содржи нови обврски за Македонија.

Распродажбата на националните и државните интереси не престанува. СДСМ продолжува со концесиите кои ги дава на Бугарија.

Откако Заев потпиша штетен договор со Бугарија во 2017-та година, откако Ковачевски потпиша понижувачки Протокол во 2022 година, сега од Бугарија доаѓаат најави за нов пишан документ кој се подготвува на сметка на Македонија.

Имено, министерот за надворешни работи во службената влада на Бугарија, Николај Милков најави дека ќе има нов писмен документ кој ќе ги дефинира задачите на различните институции во односите со Македонија. Ова значи дека написмено ќе се уредат сите тие како што ќе кажат “обврски“ за Македонија и тие обврски ќе се однесуваат за македонските институции.

Ете до каде не дотера измеќарскиот менталитет на Ковачевски и СДСМ. Ова е погазување на суверенитетот на Македонија. Немањето на стратегија на владата на СДСМ и Ковачевски остава простор Бугарија да диктира како што ќе кажат “систематски пристап“ , со цитирам “ јасно запишани задачи и одговорности, за да може да се очекуваат и резултати“.

Она на кое што предупредуваше ВМРО-ДПМНЕ и на кое предупредуваа експертите во Македонија, за жал сето ова станува реалност. Кусогледоста и измеќарлукот на Заев, а сега и на Пендаровски и Ковачевски доведоа до тоа Македонија да добива нови и нови уцени, нови барања и задачи. Затоа кажавме дека прифаќањето на “Предлог“ кои огромното мнозинство на граѓаните не го прифаќаа, води или до бесконечни преговори или до асимилација по бугарски диктат. Бугарија јасно порача дека во преговарачката рамка за Македонија историјата е составен дел, сиротата министерка за култура веќе најавува цензура на културното творештво, а со новиот пишан документ ќе се предвидат и нови обврски за Македонија.

Сега после еден месец од историскиот успех кој што го најави Ковачевски се случува нов дебакл и нов пишан документ со задачи. Овој документ ќе биде основата на која Бугарија ќе го оценува напредокот по нивни терк и според кој ќе одобрува или не продолжување на преговорите. Каде се сега Османи, Маричиќ, Пендаровски и Ковачевски да кажат што содржи овој пишан документ кој го најавува бугарската дипломатија? Пак ли ќе се кријат и ја доведуваат Mакедонија пред свршен чин.

За да престанат предавствата и газењето на македонските национални и државни интереси мора да се случат избори, мора да се случи референдум на кој народот јасно ќе каже дали е за или против ваквата измеќарска и понижувачка политика на Ковачевски и СДСМ.

Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

ЕУ го „подзатвори“ вентилот за гас

Планот на Европската унија за намалување на потрошувачката на гас низ целиот блок за 15 отсто стапува на сила денеска, откако во понеделникот беше објавен во официјалниот административен весник на ЕУ.

На 5 август, земјите-членки на ЕУ формално усвоија итен план за намалување на потрошувачката на гас за да заштедат гориво за зимата поради неизвесноста со руските испораки, и покрај противењето на Полска и Унгарија на конечната верзија на законот.

Договорот бара од сите земји од ЕУ доброволно да ја намалат потрошувачката на гас за 15 проценти, при што Европската комисија може да го прогласи тоа како обврска во вонредни околности, иако со одредени исклучоци за одредени земји и индустрии. Сите земји освен Унгарија и Полска го одобрија договорот, давајќи му сила на законот, објави минатата недела Чешка, која е актуелно претседавач со ЕУ.

Регулативата наведува дека земјите од ЕУ „ќе вложат максимални напори“ да ја намалат потрошувачката на гас од август оваа година до март следната година за „најмалку 15 проценти“ во однос на нивната просечна потрошувачка во претходните пет години. Доколку Европската комисија забележи „сериозен недостиг на гас“ или исклучително висока побарувачка за гас, може да побара од земјите на ЕУ да прогласат општа вонредна состојба во блокот. Со тоа намалувањето на потрошувачката на гас ќе биде задолжително, со ограничени исклучоци.

притисни ентер