Филипче: Во следните два месеци очекуваме намалување на ширењето на Ковид-19

Согласно сегашната состојба, како што беше дискутирано на состанокот на Комисијата за заразни болести, во следните два месеци очекуваме значајно намалување на ширењето на коронавирусот.

Нешто што очекуваме да придонесе се и високите температури во смисла на ослабнување на вирусот и намалување на неговиот пренос, истакна на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче по образложувањето на предлог-планот за олеснување на рестриктивните мерки кои Комисијата за заразни болести ги достави до Владата, која ќе го разгледа денеска на седница.

Постепено, посочи министерот, го враќаме животот во нормала, работните процеси, стопанството, со одредени протоколи за функционирање, почитување на мерките за заштита, задолжителната дистанца од два метра, задолжителството носење маска, односно покривка на устата или на носот во затворена просторија, на отворено тогаш кога дистанцата не може да се држи, и задолжителната кога е потребна дезинфекција на рацете.

– Согласно нашите трендови во периодот, што претстои се очеква натамошна стабилизација на ширење на коронавирусот, но свесни сме дека е тешко да се очекува целосно негово исчезнување. Оттаму држењето на бројот на новозаболени под контрола, капацитетите на болниците во добра состојба и почитувањето на мерките за лична заштита се индикатори кои е исклучително битно да се следат во секој момент, рече Филипче.

Тој потенцира дека карантинот од 14 дена за нашите граѓани, кои се враќаат од странство останува, а најави и координација со министрите за здравство од соседните земји за движењето на граѓаните и да се постават критеруми за влез во земјата. /МИА

Бајден вети дополнителни сто милин долари помош за Либан

Една година по катастрофалната експлозија во пристаништето во Бејрут, претседателот на САД, Џозеф Бајден, денеска вети дополнителна финансиска помош за Либан од речиси 100 милиони долари.

Катастрофалната експлозија во градското пристаниште целосно го опустоши главниот град на Либан, и оттогаш целата земја е во сериозни економски тешкотии, дополнително отежнато од пандемијата на корона вирусот.

Незадоволството и гневот во либанската јавност расте во изминатата година поради доцнењето на истрагата за катастрофалната експлозија, поради сериозната економска криза и инертноста на политичките структури.

Драган Ковачки утре гостин во „Жешко Политичко Лето“

Утре 5.8.2021 во емисијата Жешко Политичко Лето гостин ќе биде полковникот и член на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. 

Доколку имате прашања до нашиот гостин испратете ги најдоцна утре 5.8.2021, но не подоцна од 13 часот, на e-mail адреса [email protected] Ве молиме доколку сте од политичка партија праќајте од вашите официјални e-mail адреси, а доколку сте граѓани, пишувајте ни од вашата e-mail адреса и задолжително прикачете и ваша фотографија, во спротивно прашањето нема да го објавиме. #ЖПЛ.

Драматична ситуација со пожарите во Пијанечко-малешевскиот регион

Драматична е ситуацијата во Пијанечко-малешевскиот регион каде во текот на целиот ден не стивнуваат пожарите...

Има информации дека зафатени се куќи, а дел од населението во селата е евакуирано.

Во гаснењето на пожарот требаше да учествуваат и пет хеликоптери, но тие се повлечени поради топлото време.

На терен го имаме Михаил Милиошевски,

притисни ентер