Филипче:Верувам дека пензионираните лекари ќе сакаат да се ангажираат во едукација на помладите

Во изминатиот период од повеќе од три години сме вработиле околу осум илјади луѓе во здравствениот систем, на определено и неопределено доктори и медицински сестри. 

Секогаш има финансии и за вработување и за зголемување на платите на лекарите специјалисти кои се сега практично дуплирани, но мора да се има на ум дека доктор не се станува преку ноќ, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Годинава, посочи, помина програмата, одобрени се близу 500 специјализации, стотина супспецијализации исто така ќе се пуштат и тоа е процес на едукација, а со пензионирањето секогаш се губи експерт кој со години работел во полето и затоа работиме на измена на Законот за здравствена заштита што ќе овозможи флексибилност.

– Во еден дел Законот веќе го спомнавме – пензионираните лекари може да работат како консултанти, тие не може да имаат факсимил, но може да бидат со договор ангажирани во болницата, да служат исто како и во сите други земји и во Европа и во САД. Драгоцено е нивното искуство и преносот на знаење и верувам дека ќе сакаат да се ангажираат со цел да ги едуцираат помладите, а на активно вработените со оваа нова измена на Законот да им овозможиме флексибилност да после завршувањето на работното време да може и да работат и да дежураат во другите јавно здравствени установи. Прво, да заработат дополнително, а второ да се приближи здравствената услуга до граѓаните таму каде што во нивните јавно здравствени установи нема специјалисти од таа специјалност, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање во врска со недостигот од супспецијалисти во Клиничката болница во Битола и доктори поради заминување во пензија.

Посочи дека многу детали се во прашање, затоа не брзаат со поднесувањето на законот.

– Ќе отвориме и јавна дебата. Сакаме да го продискутираме и со другите политички партии во Собранието, има начелна согласност, сите се волни да партиципираат во овој процес, со коморите, со синдикатите. Засега нема некој кој негативно се изразил во однос на ова промена. Меѓутоа, мора добро да се смисли, ова е имплементирање на новини во нашиот систем некаква комбинација од тоа што е систем во САД и Велика Британија за тоа како функционираат лекарите со цел да живеат, и да работат и да заработат од тоа во кое што цел живот инвестирале, зошто докторот после работното време да има кафеана или да гради зграда, а да не може да биде доктор. Тоа сакаме да го смениме, додаде Филипче. /МИА

Франција им нареди на трговците да ги означуваат производите, на кои им го намалиле пакувањето

Француските трговци ќе мора да ги известат клиентите за намаленото пакување на производите кое не е придружено со соодветно намалување на нивните цени, објави Министерството за финансии, сигнализирајќи нова мерка за борба против скриените поскапувања.

Тајното покачување на цените преку намаленото пакување на производите предизвикува главоболки и кај потрошувачите и кај владите, бидејќи ја инхибира потрошувачката во услови на послаба куповна моќ на домаќинствата под притисок на високата инфлација и трошоците за задолжување.

Француските малопродажни компании од јули до септември ќе треба да ги информираат потрошувачите за храната и другите производи за широка потрошувачка чија цена не го следи намаленото пакување, соопшти Министерството. „Ќе ставиме крај на таквите практики. Сакам да ја вратам довербата на потрошувачите, а довербата оди рака под рака со транспарентноста“, рече министерот за финансии Бруно Ле Мер.

Цените на храната станаа главно политичко прашање во Франција минатата година бидејќи цените на храната скокнаа за рекордни 16 отсто по редовните годишни преговори меѓу трговците на мало и компаниите за храна.

Владата со закон го регулираше одложувањето на датумот за преговори годинава и побара од компаниите да го ограничат поскапувањето. Минатиот септември ланецот супермаркети „Карфур“ прикажа предупредувања за цените на некои производи со цел да изврши притисок врз големите производители на стоки за широка потрошувачка, како „Нестле“, „ПепсиКо“ и „Унилевер“ пред преговорите.

Анѓеловски: „Дуизацијата“ е најопасен процес на испумпување средства од буџетот

„Ниту некој ќе се определува меѓу Русија и ЕУ, ниту некој ќе се определува меѓу изолација и ЕУ“

И пред кампањата започна реториката на безалтернативност на СДСМ и онаа на „зелените“ дека имаме избор меѓу Русија и ЕУ. Ниту некој ќе се определува меѓу Русија и ЕУ, ниту некој ќе се определува меѓу изолација и ЕУ, тоа се големите лаги пред јавноста. Ние ќе се определуваме меѓу иднина за Македонија и македонските граѓани, внатре во државата без разлика како тој пат ќе се вика. И најубавата куќа ако внатре е нечиста, децата ќе сакаат да ја напуштат. Прво да си го средиме сопствениот двор.

Повикот за обединување на Мицкоски е за јасно и недвосмислено обединување на сите кои чувствуваат дека Македонија е доведена до ѕид, дека нема правда за никого, тоа е повик до сите што се чувстввуваат така за да се прекине поцесот на „заевизација“ и „дуизација“ на Макеоднија. Дуизацијата е најопасниот процес на испумпување на средства од буџетот на лица блиски до ДУИ, за да се создадат монструми што подоцна ќе владеат со економските, политичките и општествените процеси во државата, рече Страшо Ангеловски во Само Вистина.

Меган Маркл се враќа на телевизија, ќе води кулинарска емисија

Војвотката од Сасекс Меган Маркл се враќа на малите екрани, а наскоро би требало да ја видиме во ново шоу за готвење.

Дедлајн објави дека Арчевел продукција, продукциската куќа на Маркл и нејзиниот сопруг принцот Хари, е во „рана фаза“ на работа на две нови серии. Една од нив ќе биде за поло, спорт кој е голема страст на принцот Хари, а другата ќе биде за градинарство и готвење, а домаќинка ќе биде Маркл.

Моментално е познато, како што напиша Deadline, дека тоа ќе биде шоу кое „ги слави радостите на готвењето, градинарството, забавата и пријателството“, Маркл ќе биде извршен продуцент, а се знае и кои луѓе веќе работат на ова шоу.

Во целиот проект се вклучени режисерот Мајкл Стид, кој работеше на шоуто Ентони Бурдејн: Запознавање со непознатото, како и Леа Харитон, која стои зад готвачкото шоу на пејачката Селена Гомез, Selena + Chef, кое се емитува на HBO.

Серијата е во рана продукција, а насловите и датумите на издавање се очекува да бидат објавени во наредните месеци. Покрај тоа, извор потврди за Дејли Меил дека Нетфликс веќе изнајмил дом за снимање во Монтесито, Калифорнија.

Сето ова, како што пишува People, е дел од договорот што Меган Маркл и принцот Хари го потпишаа со Нетфликс, вреден 100 милиони долари. Кога го потпишаа во 2020 година, најавија дека ќе работат на документарни емисии и серии, играни филмови и емисии за деца, а сега изгледа решија да направат чекор понатаму.

притисни ентер