Филипче: Скопје е една функционална единица, со полицискиот час го штитиме целиот град

Од денес од 21.00 часот до понеделник до 5.00 часот наутро, се ограничува движењето на граѓаните на сите општини од град Скопје. 

Мерките за ограничено движење за време на претстојниот продолжен викенд во Скопје се предлагаат за сите општини, бидејќи градот е една функционална единица. На вчерашната прес конференција министерот за здравство Филипче истакна дека не станува збор само за една единствена мерка, туку надополнување на многу специфични мерки кои се имплементираат во општините, а согласно податоците кои се добиваат од епидемиолошките анкети.

Според Институтот за јавно здравје, во Скопје заклучно со вчера активни се 392 лица позитивни на Ковид-19, или дадено по општини: во Чаир активни се 97, Сарај – 47, Аеродром – 47, Бутел – 47, Гази Баба – 38, Центар – 24, Карпош – 17, Кисела Вода - 17, Студеничани - 13, Ѓорче Петров 11, Илинден 10, Шуто Оризари - 9, Арачиново - 8, Петровец – 5, Сопиште -2.

„Скопје е една функционална единица. Многу луѓе, покажаа и анкетите од прашалникот со заболените, со нивните контакти, дека циркулираат низ целиот град. Со оваа мерка го штитиме целиот град Скопје.“ – истакна Филипче.

Заради спречување на дополнително ширење на вирусот во критичните региони, но пред се заради спречување евентуално ширење на вирусот надвор од овие региони, Владата донесе одлука за враќање на полицискиот час и рестрикциите на движењето, при што од денеска од 21 часот до понеделник 5 часот наутро ќе има целосна забрана на движењето на сите граѓани во Скопје (сите скопски општини), Куманово, Липково, Штип, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, како и општина Карбинци. Во сите други градови полицискиот час ќе трае од четврток (4 јуни) од 21 часот до петок (5 јуни) до 5 часот наутро. Во петок, сабота и во недела полицискиот час ќе почнува од 16 часот и ќе трае до следниот ден до 5 часот наутро.

САД ќе ја повлечат својата војска од Нигер

Повеќе од 1.000 американски војници ќе го напуштат Нигер во наредните месеци, објави Њујорк Тајмс.

Американски извори потврдиле дека веќе е постигнат договор за тоа меѓу заменик државниот секретар на САД Курт Кемпбел и раководството на Нигер, пренесува БТА.

Американската војска во Нигер е стационирана во две бази, вклучувајќи ја и базата за беспилотни летала позната како авиоабаза 201, изградена во близина на Агадез во централниот дел на Нигер.

Од 2018 година, базата се користи против милитантите од Исламската држава и Џамаат Нусрат ал-Ислам вал Муслимин, исламистичка организација поврзана со Ал Каеда, во регионот Сахел.

Армијата на Нигер ја презеде власта со државен удар минатата година. Пред пучот, Нигер беше клучен безбедносен партнер на САД и Франција. Но, новите власти во Нигер им се придружија на хунтите во соседните Мали и Буркина Фасо и ги прекинаа воените договори со своите некогашни западни сојузници како Вашингтон и Париз, напуштајќи го регионалниот политички и економски блок ECOWAS. Тие, исто така, започнаа поблиски врски со Русија.

Во наредните денови треба да се разговара за тоа како ќе се одвива повлекување на американските војници војници од Нигер. /МИА

Верстапен најбрз на спринтот за Големата награда на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во спринтот за Големата награда на Кина.

Второто место го зазеде Луис Хамилтон од Мерцедес со заостанување од 13.043 секунди.

Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез беше трет со 15.258, секунди послабо време од победникот.

Ова е осма победа на Верстапен во кариерата во спринт.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Кина ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време. /МИА

Северна Кореја тестирала тестирала „супер голема“ боева глава и противвоздушна ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета и нов противвоздушен проектил, пренесува ДПА.

Тестот на „супер-големата“ боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се извршени во петокот, објавија државните медиуми.

- Преку пробното лансирање беше постигната зацртаната цел, објави агенцијата КЦНА.

Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со ситуацијата во регионот“.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

Како одговор на севернокорејската програма за нуклеарно оружје, Соединетите Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка, вклучително и одржување заеднички маневри. /МИА

притисни ентер