Филипче: Сите пациенти се заразени по контакт со заболен од коронавирусот или носител

Заболените пациенти од коронавирусот кои се лекуваат на Инфективната клинка се третираат симптоматски, со антибиотска терапија тогаш кога ќе се процени ризикот од бактериска суперинфекција. 

Министерството за здравство во соработка со Фармацевтскиот факултет ги разгледувало стручните трудови според кои добро дејство во лекувањето даваат лекови кои се користеле против маларија, и оти ако се покаже дека тие навистина даваат некаков ефект ќе бидат набавени. Сите пациенти се заразени по претходен контакт со заболен или носител на вирусот во инкубација.

-Заболените пациенти од коронавирусот кои се лекуваат на Инфективната клинка се третираат симптоматски, со антибиотска терапија тогаш кога ќе се процени ризикот од бактериска суперинфекција, а има и поддршка на останатите органи и системи. Сега во светот има се повеќе информации за добри резултати од лекови кои се користат за маларија, веројатно е сличен механизмот на делување. Денеска се обидовме со Фармацевтскиот факултет да ги анализираме тие стручни трудови за да видиме дали има навистина екект и доколку е тоа така ќе набавиме количина и за нашите пациенти, рече одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој информираше дека освен првата пациентка која е пуштена дома има уште двајца пациенти кои се во фаза на заздравување. – Од вкупниот број пациенти кои се лекуваат на Инфективната клиника двајца веќе се во фаза на подобрување на состојбата, рече министерот.

Запрашан дали сите заболени биле претходно биле во контакт со болни или кај некои постои нејасна слика како се заразиле, Филипче појасни дека сите пациенти кои се заболени биле во конткт со претходно заболен или носител на вирусот во инкубација.

– Засега сите информации што ги имаме за сите пациенти што ги имаме укажуваат дека имале контакт со заболено лице или лице кое не било заболено, но, било носител во фаза на инкубација. Во нашата земја нема регистрирано таканаречено автохтоно жариште. За сите има податок дека биле во контакт со некој заболен, рече министерот Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање дали новите случаи кои биле тестирани во болницата Жан Митрев се поврзани соо претходни случаи, Филипче истакна дека „сите се поврзани со веќе постојни пациенти кај нас, освен иницијалните нови кластери кои беа или резултат на луѓе дојдени од ризични региони или во контакт со заболени од други земји".

Просечната возраст на 19-те нови слуачаи, според Филипче, ако се изземе 4-годишното девојче, е четириесеттина години. /МИА

Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски во „Дуел за Македонија“

Дами и господа, во Среда на 3 април, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви го претстави долгоочекуваниот и одлучувачки ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА.

Дами и господа, во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви го претстави долгоочекуваниот и одлучувачки ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу најголемите политички опоненти и претенденти за премиер - Димитар Ковачевски лидер на СДСМ и Христијан Мицкоски лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Каков претседател и на треба на државата? На каква платформа ќе не’ качува ВМРО-ДПМНЕ, а која година во ЕУ може да се надеваме со СДСМ? Уставни измени или нов договор со ЕУ и Бугарија – кое е поверојатно сценарио за земјата да остане на европскиот колосек?

Граѓанска, мултиетничка или бинационална – во каква Македонија ќе живееме? Има ли етика во политиката или целта да се стигне до 61 пратеник ќе ги оправда сите коалиции?

Како да се стави крај на корупцијата и младите повторно да гледаат перспектива дома?

Кој се „бори“ за Македонија, а кој за фотелјата на Илинденска... Што се црвените линии на Ковачевски, а од што на Мицкоски, дилемите се задача на Гоце Михајлоски, а под жешките рефлектори во студиото на Канал 5 ќе бидат Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски во ДУЕЛОТ ЗА МАКЕДОНИЈА, во Само Вистина, Среда 03 Април 18.30 часот!!

Ципрас: Потребни се дополнителни дејствија од Косово за приемот во Советот на Европа

Ципрас: Потребни се дополнителни дејствија од Косово за приемот во Советот на Европа да придонесе за мир.

Потребата Косово да преземе дополнителни дејствија за неговото членство во Советот на Европа да придонесе за мир, но и потребата за дополнителна дискусија со земјите кои не го признаваат околу статусот под кој би бил приемот, ги истакнал поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, кој воедно е и претседател на поткомитетот за Западен Балкан на Советот на Европа за време на расправата во Париз на Политичкиот комитет на Парламентарното собрание на СЕ, јави дописничката на МИА од Атина.

На расправата и гласањето на извештајот на грчката пратеничка Дора Бакојани за приемот на Косово во Советот на Европа, Ципрас ги поздравил извештајот, перспективата за членство на Косово и фактот што земјата ја призна правната сопственост на манастирот Високи Дечани.

Сепак, истакнал дека тоа не е доволно како единствен услов и дека се потребни дополнителни активности од Приштина особено во однос на формирањето на Заедницата на српските општини и законот за експропријација на малцинските имоти за интеграција на Косово во организацијата.

Паралелно потенцирал дека тензијата е многу зголемена во регионот со заемна одговорност на страните и потребни се повеќе авансни гаранции за приемот на Косово во Советот на Европа вистински да се придонесе за мирот на Балканот.

Додал дека е потребна дополнителна дискусија со земјите кои не го признаваат Косово за статусот под кој ќе се приклучи на организацијата.

Извештајот за Косово вчера беше усвоен од Комисијата за политички прашања, а следен чекор е пленарна расправа, која ќе се одржи на 18 април.

Како што вчера јави дописникот на МИА од Белград, вицепремиерот и министер за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека за одлуката на Политичкиот комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа за препораката за прием на Косово во членство во Советот на Европа е срамна и скандалозна.

Израел соопшти дека во Ал Шифа се убиени повеќе од 200 борци на Хамас

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека повеќе од 200 вооружени лица биле убиени за време на операцијата против Хамас во болницата Ал-Шифа во градот Газа.

Во текот на изминатиот ден, напаѓачите на Хамас излегле од собата за итни случаи во Ал Шифа, каде што се криеле и отвориле оган врз израелските војници, тврди ИДФ, додавајќи дека неколку слични инциденти се случиле во последните денови.

За време на борбите што се во тек, армијата вели дека војниците евакуирале цивили, пациенти и медицински персонал во друг дел од болницата „кој ИДФ го подготви и го воспостави за да овозможи продолжување на соодветниот медицински третман“, пишува „Тајмс оф Израел“.

Истовремено, ИДФ тврди дека уште десетици оперативци на Хамас биле убиени за време на операциите во изминатиот ден во градот Ал-Карара во јужниот дел на Газа и во квартот Ал-Амал во Кан Јунис.

Војниците кои дејствуваа во јужниот дел на Газа, исто така, лоцирале и уништиле складишта со оружје, а во централниот дел на Појасот, ИДФ соопшти дека неколку непријателски оперативци биле убиени во текот на изминатиот ден од војниците на бригадата Нахал и во воздушни напади.

притисни ентер