Филипче: Приватните болници ја опремуваат „Мала Богородица“, лекувањето на товар на државата

Министерот за здравство Венко Филипче, вечерва по состанокот со сопствениците на приватните болници „Жан Митрев", „Систина" и „Ремедика",истакна дека е постигнат договор и обезбеден е дополнителен капацитет од 100 кревети за третмана на ковид пациенти

Станува збор за ресурси коишто државата ќе ги користи од приватните болници.

„Заеднички се договоривме тоа да биде болницата „Мала Богородица" - старата болница на Систина кадешто може да се сместат 100 пациенти. Целосно ќе бидат опремени од страна на сите приватни болници со нивни заеднички договор. Од таму ќе биде обезбеден и кадар и материјали. И за сето тоа соодветен надоместок согласно постојните закони ќе плаќа државата", потенцираше Филипче и додаде дека дополнителниот капацитет од 100 кревети ќе бидат на располагање некаде на крајот на неделата.

Министерот Филипче информираше дека и во нашите болници има доволен број на кревети. Тој изјави дека утрово имал координација со директорите на клиниките и ГОБ „8 Септември", а во секојдневна комуникација исто така е и со директорите на клиничките и општи болници.

На одговор на новинарско прашање, Филипче рече дека целосно ќе се опреми болницата „Мала Богородица". Треба да се инсталира кислород, што ќе биде готово за неколку денови и треба да се донесе опремата којашто физички не е таму.

„Секој ќе партиципира согласно можностите, согласно големината, согласно капацитетите. Така да, тој број на 100тина кревети верувам дека во следниот период којшто доаѓа ќе биде сосем доволен оваа криза да се изменаџира", посочи Филипче и додаде дека граѓаните нема да сносат дополнителен трошок, односно ќе биде на трошок на државата. Кадарот ќе биде целосно од приватните болници.

Донација од брзи ковид тестови од Норвешка

На Воено-медицинскиот центар во Скопје денеска ќе биде предадена донација од брзи ковид тестови обезбедени од Кралството Норвешка.

На примопредавањето на донацијата ќе присуствуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за здравство Венко Филипче и норвешкиот амбасадор Егил Далтвејт.

Ќе се снима рекламен спот на патот Велес-Штип, повремени прекини на сообраќајот

Поради снимање рекламен спот денеска од 6:00 до 13:00 часот ќе има повремени прекини на сообраќајот на регионалниот пат Р1321 – Велес-Штип.

Како што информираат од продукцијата што го снима спотот, сообраќајот ќе биде во прекини во временски интервали од по пет минути.

Сончево и ведро време со максимални температури до 18 степени

Ведро и студено е утринава во целата држава. Слаба магла има во Скопската котлина и во Демир Капија.

Според утринските мерења на УХРМ, најстудено е во Берово каде се измерени -8 степени по што следуваат Битола и Струмица со -7, Демир Капија со -6 и Тетово со -5. Четири степени под нулата се измерени во Скопје, Прилеп, Штип и Гевгелија, -3 во Дебар и -1 во Крива Паланка и Лазарополе. Нула степени утринава се измеренеи во Охрид, Виница и Маврово и 4 степени во Крушево и Дојран.

За денеска синоптичарите најавуваат сончево време со слаба магла по котлините во утринските часови. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.

Во Скопје слично време со максимална температура до 10 степени.

притисни ентер