Филипче предупреди за повторно воведување рестрикции поради непочитување на мерките

Министерот за здравство Венко Филипче порача дека  повторно ќе бидат воведени рестрикции во некои места ако тоа го наложи епидемиолошката состојба.

Тоа го анализирале денеска на состанок на Комисијата за заразни болести и ќе ја следат будно состојбата во наредните денови. Засега се уште нема потреба од таква мерка зашто се следат кластерите на вирусот.

Карантински мерки може да бидат воведени за општини каде има зголемен број на новозаразени. Тоа се Сарај, Чаир, Гази Баба и Аеродром каде има поголема концентрација на нови заразени од периодот на строгите рестриктивни мерки. Половина од 52 новозаразени (односно 26) во изминатите 24 часа се од Скопје.

Според Филипче, загрижува тоа што граѓаните не ги почитуваат препорачаните мерки за носење маски и дистанца, а има и прекршувања на решенијата за изолација и движење надвор од карантинот, има групни собирања, како и несоработка со епидемиолозите, давање лажни податоци и адреси за да не им се достават решенија за изолација. Тој рече дека ќе има посилни контроли , а од МВР побара поголема ажурност и санкционирање.

Нагласи дека и покрај олабавувањето на мерките и укинувањето на полицискиот час, мерките за заштита остануваат и, како што рече, тие се јасни и не се тешки за да се применуваат.

-Огромен број граѓани не се свесни за вирусот и болеста. Занемарување на вирусот нема да ни помогне, туку ја отежнува ситуацијата, предупреди Филипче.

Соопштувајќи ја статистиката, рече дека во 14 дена процентот на заразени е 5,5, а во него е вкалкулиран и од скринингот од моментот кога почна да се прави во градинките.

Исполнетоста на капацитетот на болниците е 11 проценти и тие се во добра кондиција. Бројот на оздравени здравствени работници е висок, рече Филипче, односно над 22 проценти.

Инциденцата во 14 дена е 10,3 проценти т.е. три пати помала од пикот во април. Има 15 градови во кои биле регистрирани болни, а повеќе немаат заразени.

Доктор за младешкиот изглед на Анџелина Џоли (48): „Тоа се должи на една операција“

Анџелина Џоли го привлече вниманиото на неодамнешната премиера на Бродвеј на мјузиклот „The Outsiders“, чиј продуцент е и таа.

Нејзините фотографии од овој настан се проширија на социјалните мрежи, а фановите ја опсипуваа со коментари и напишаа дека е „најубавата жена на светот“ и дека изгледа „се помладо“.

Британскиот пластичен хирург Џони Бетериџ, кој често ги анализира лицата на познатите на социјалните мрежи, во видео на Инстаграм ја коментираше безвременската убавина на 48-годишната актерка.

„Анџелина има неверојатно убави црти на лицето“, истакна тој.

Тој ги спореди нејзините стари и нови фотографии и заклучи дека се видливи траги од естетската хирургија. Тој верува дека младешкиот изглед на Анџелина се должи на операцијата наречена „deep plane facelift“, која дава природен изглед. Имено, се работи за хируршка процедура која се користи за подмладување на лицето и вратот.

Џони претходно го анализираше лицето на Бред Пит откако луѓето на социјалните мрежи напишаа дека не им се верува колку добро изгледа актерот на 60 години.

Извор: Индекс.хр

Ндика ја напушти болницата „без срцева патологија“

Дефанзивецот на Рома, Еван Ндика (24), кој колабираше на теренот поради болки во градите на натпреварот против Удинезе во неделата, ја напушти болницата во Удине.

„Новите прегледи покажаа дека тој не боледува од срцева патологија“, соопшти вечерва неговиот клуб.

Ндика колабираше на теренот со болки во градите во 72. минута од натпреварот. Медицинската служба веднаш влезе на теренот, опремена со дефибрилатор, кој не беше употребен. Фудбалерот од Брегот на Слонова коска беше изнесен на носилки, во свесна состојба и веднаш беше пренесен во локалната болница, а натпреварот прекинат.

- На првиот и вториот степен на кардиолошки прегледи кои беа извршени не е откриена срцева патологија. Со оглед на последните прегледи направени во понеделник наутро, клиничката слика е компатибилна со градна траума со минимален лев пневмоторакс. Нови прегледи ќе бидат направени подоцна во Рим“, соопшти Рома.

Дуелот беше прекинат при резултат 1-1, а италијанската лига до крајот на неделата мора да го објави датумот на завршување на натпреварот кој е важен за двете екипи. Рома е во трка за пласман во Лигата на шампионите, а Удинезе се бори за опстанок во Серија А. /МИА

Педри сака да остане во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец Педри потврди денеска дека неговите планови се да остане во Барселона,

„Многу сум смирен бидејќи знам дека Барселона ќе го исполни тоа што ми го вети. Веќе разговаравме за новиот договор. Барса отсекогаш бил клубот од моите соништа“, изјави 21-годишниот шпанскиот репрезентативец.

За новиот договор меѓу Барселона и Педри, според добро информираниот италијанскиот новинар Фабрицио Романо, ќе се разговара во наредните недели.

Педри дојде во Барселона од Лас Палмас во 2020 година./МИА

притисни ентер