Филипче: Потврдени 180 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 11 пациенти, починати се 2 лица( Видео)

Министерот за здравство Венко Филипче со последните информации околу состојбата со коронавирусот во Република Македонија.

Во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-109, Куманово-26, Дебар-1, Штип-15, Тетово-12, Струга-1, Велес-1, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Валандово-1, Свети Николе-1, Неготино-1, вели Филипче.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти, во: Скопје-6, Прилеп-1, Велес-4. Починати се две лица.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 52 години години, лекуван на клиниката од 30 мај. Во ГОБ „8 септември" почина пациентка од Скопје на 68 години, хоспитализирана на 29 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2790, бројката на оздравени пациенти е 1632, на починати е 149, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1009.

Вчера по завршување на епидемиолошките анкети утврдено е дека еден од позитивните тестови од Скопје е контролен тест. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:

Досега во земјата се направени вкупно 34386 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 16 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивни резултати на ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 нови пациенти, од нив 5 се префрлени од ГОБ „8 септември". Во моментов се хоспитализирани вкупно 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември" примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 27 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 9 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 29 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19, вели Филипче.

Скандал во Гугл: Отказ за 28 вработени, кои протестирале против потегот на гигантот (ВИДЕО)

Американската технолошка корпорација Гугл отпушти 28 вработени кои активно се спротивставија на големиот договор на компанијата за 1,2 милијарди долари со Владата на Израел.

Вработените во две канцеларии на Google, во Њујорк и Калифорнија, протестираа против „Nimbus Project“, според кој Google, во соработка со Amazon, ќе обезбеди облак услуги за складирање и обработка на податоци за израелската влада, пренесува технолошкиот портал Verge.

Тие рекоа дека договорот ќе им помага на израелските власти, а особено на израелската армија, во „спроведувањето на политиката на геноцид“, мислејќи на тековниот воен конфликт на Израел со палестинското движење Хамас.

Според информациите од интерен меморандум на Google, компанијата отпуштила вработени кои за време на протестот „уништувале канцелариска опрема, ја попречувале работата на другите вработени и им се заканувале на нивната безбедност“.

Поради оние кои одбиле да престанат да се однесуваат така, интервенирала полицијата и тие биле отстранети од канцеларијата, се додава во соопштението.

„Огромното мнозинство од нашите вработени ја прават вистинската работа. Ако сте еден од ретките кои мислат дека ќе го одобриме минатото однесување што ги прекршува нашите политики, размислете повторно“, предупреди шефот за глобална безбедност на Google, Крис Раков.

Пендаровски во Чешиново-Облешево: Немаме нови години за губење

Ние немаме уште 20 години да чекаме, туку треба да ги направиме следните чекори, за повеќе да не биде изборно прашање „Дали сте за Европа?“.  

Да сте за Европа значи да сте за подобар живот, порача денеска пред граѓаните на општина Чешиново-Облешево кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

„Добро е да се биде членка на ЕУ, кога си земја членка на ЕУ, добиваш огромни средства од европските фондови прво за земјоделство, а потоа и за инфраструктура. ЕУ дава сериозни пари за да се обезбеди рамномерен регионален развој за да не биде некој регион многу богат, а некој многу сиромашен и поради тоа важно ни е да станеме земја-членка на ЕУ“ порача Пендаровски.

Но, додаде тој, опозицијата го блокира патот кон ЕУ, се противи на договорите, со изговор дека ќе направи нови договори, кои наводно ќе биле подобри.

„Тие велат, ова не чини, тоа не чини, ние ќе направиме нови договори. Додека тие ги направат тие договори, под претпоставка дека ќе бидат подобри, што нема да биде случај и оние малку млади што се во државата ќе се иселат од тука“ истакна Пендаровски.

Пендаровски порача дека работите ќе се сменат на подобро само ако сите се посветат на она што е важно за граѓаните и државата и од присутните побара поддршка на изборите на 24 април, соопштуваат од неговиот тим.

Драма во авион: Млад Италијанец ненадејно почина, тргнал на одмор со бремената сопруга

Италијанецот Џузепе Стило (33) ненадејно починал во авион на Рајанер, а трагедијата се случила кога тој и неговата бремена сопруга тргнале на одмор.

Двојката полетала од Торино до Ламеција Терме.

Одеднаш му се слошило, а неговата сопруга, која седела во друг дел од авионот, на почетокот не ни знаела што се случува. Дури кога видела дека патниците и членовите на екипажот се раздвижиле, таа станала и отишла кај сопругот, кој веќе починал.

Италијанските медиуми јавуваат дека Федерика Марела, сопругата на Џузепе, е бремена и дека парот заминал на краток одмор за да ги наполни батериите пред да станат родители.

- Екипажот на авионот и еден патник, кој е лекар, дадоа сѐ од себе. Користеле дефибрилатор, пробале реанимација, но залудно – рекол еден од патниците, пренесе Дејлимејл.

Фредерика доживеала голем шок и на крајот била префрлена во болница. Лекарите биле загрижени за здравјето на бебето бидејќи била бремена во петтиот месец. На полицијата ѝ рекла дека Џузепе не се чувствувал добро тоа утро, но дека не сакал да го откажат одморот. Веднаш откако дознал што се случува, пилотот го свртел авионот и се вратил во Торино. Џузепе Стило бил страстен турист. Сакал да пешачи и да патува. Неговите пријатели тврдат дека тој бил „повеќе од маж“. Сите од градот Вибо Валентина кои го познавале него и Фредерика останале во шок по веста за трагедијата.

притисни ентер