Филипче: Постои координација и комуникација на државно ниво за прием и третман на пациенти

Приемот и трансфер на пациенти е координиран и регулиран помеѓу здравствени институции и помеѓу градови, а матичните лекари како и клиничарите играат важна улога од почетокот на пандемијата, истакна министерот за здравство д-р Венко Филипче .

Министерот филипче во телевизиско гостување посочи дека постои системска комуникација за трансфер на пациенти не само во ковид центрите во Скопје, туку на територија на цела држава, целиот систем е координиран за да не се случи пациент со часови да чека во возило на Итна Помош пред да биде хоспитализиран.

-Ние имаме систем на комуникација и на координација за прием и трансфер на пациенти не само во рамките на една институција туку и од една во друга помеѓу институциите во град Скопје и од сите болници кон скопските клиники. Не може да се случи без координација и без претходна најава во групите коишто ги имаме да се прати пациент без притоа да биде обезбедено место и тој да седи во кола за Итна Помош и да чека. Ние мислевме на сите работи. Во Клиничкиот центар се ставија шатори во кои има греење, на неколку позиции се ставени и пред ГОБ „8 Септември". Кога има огромен наплив на пациенти, нормално е да има такви ситуации-гужви и сите се тука под притисок и преоптеретени. Не се гужвите заради тоа што некој не работи, гужвите се поради тоа што луѓето се преработени и едноставно некогаш не можат да постигнат. Затоа апелирам, да има и трпение, и разбирање кон здравствените работници. Дел од здравствените работници ова го прават од месец март и не се запрени, и нема ни да запрат - рече Филипче.

Во целиот систем голема улога играат и матичните лекари, кои како што рече министерот ,,лавовски се борат" во изминатиот период, а од почетокот на пандемијата преземаа голем товар во третман на ковид пациентите.

-Матичните лекари преземаа еден огромен дел од теретот, од работата и исто како и клиничарите лавовски се борат сите овие изминати месеци и овде има понекогаш чекање, но историски гледано така било секогаш. Но, коректно и професионално во делот на поддршка на пациентите - кажа Филипче.

Тој потенцираше дека начинот на лекување на пацинети зависи од клиничката слика на пациентот и терапијата не може да биде една за сите пациенти, бидејќи лек за оваа болест е постои.

-Типот на лекување е апсолутно идентичен во сите центри. За оваа болест нема специфична терапија се прави комбинација на лекови нема еден специфичен лек се уште траат испитувања. Над 30 испитувања на лекот Фавипиравир, дополнителни испитувања за другите лекови, ова е болест која се уште се лекува со комбинација на лекови врз основа на симптомите што ги дава пациентот, како и зошто се манифестираат. Досега од друга болест ние не сме виделе случај да направите венепункција и крвта да не може да истече низ иглата заради тоа што е толку згрутчена односно згусната. Тоа во светот на медицината досега не било сретнато. - кажа Филипче

Последните анализи покажуваат дека притисокот кон болниците се намалува, но се уште сме многу внимателни, изјави Филипе, потенцирајќи дека сме далеку од тоа да може да се каже дека ситуцијата стивнува, бидејќи вирусот многу пати досега покажал дека е непредвидлив.

Убила 19-годишна трудница и ѝ го украла бебето од матката-осудена е на 50 години затвор (ВИДЕО)

Клариса Фигуероа (51) е осудена на половина век затвор откако убила бремена тинејџерка во Чикаго намамувајќи ја во нејзината куќа за да ѝ го украде бебето од утробата, кое потоа го претставила како свое.

Тоа е, накратко, епилогот од страшното злосторство што го потресе овој дел на САД, а се случи во 2019 година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Марлин Очоа-Лопез (19), мајка на двегодишно момче, која била во поодмината бременост, била намамена од Клариса во нејзиниот дом со ветување дека ќе ѝ даде бесплатна облека за бебето. Страшното злосторство го извршила со помош на нејзината ќерка Дезире, која во јануари ја признала вмешаноста во убиството кога била осудена на 30 години затвор. Мајката и ќерката ја задавиле трудница со електричен кабел. Клариса, која е медицински работник, сакала да го претстави бебето како свое, а откако го извлекла од стомакот на мајката повикала брза помош. Поради повредите, бебето два месеци било на интензивна нега во болница, но и покрај сите напори на лекарите, починало.

За време на судењето, се тврдело дека Клариса Фигуероа го изгубила своето бебе пред злосторството, а потоа им кажала на членовите на семејството дека повторно е бремена. Во октомври 2018 година, таа ѝ кажала на својата ќерка дека ѝ треба помош да убие трудница и да го украде бебето од нејзината утроба.

Ракел Уриостеки, мајката на убиената трудница, по изрекувањето на пресудата видно се потресе:

- Губењето на ќерка ми е нешто што никогаш нема да го прежалам.

Откако украденото бебе било сместено во болница, Клариса Фигуероа и нејзиниот партнер Пјотр Бобак тврделе дека бебето е нивно, па дури започнале и хуманитарна кампања за собирање помош за негово лекување. Пјотр подоцна на судењето признал дека помогнал да се отстранат трагите по убиството на бремената тинејџерка.

Страшното злосторство било неоткриено неколку недели, иако Џовани Лопез, сопругот на убиената, уредно ја пријавил за исчезната, но немал помош од надлежните да ја пронајдат. Полицијата реагирала дури по анонимна пријава во која било наведено дека е видена како исчезнатата влегува во куќата на Клариса Фигуероа. На 07.05.2019 година полицијата извршила претрес. Автомобилот на жртвата бил пронајден во близина на куќата на убиецот, а набрзо била наредена и ДНК анализа на бебето. Откако дошле резултатите од ДНК, полицијата ги уапсила мајката убиец, нејзината ќерка и нејзиното момче. Телото на жртвата било пронајдено закопано во дворот.

- Казната што ја доби никогаш нема да биде доволна и мојот син никогаш повеќе нема да ја прегрне мајка си. Изгубив дел од семејството и тоа секогаш ќе ме следи – низ солзи изјавил сопругот Џовани Лопез.


Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

Ужас во Англија: 80- годишен човек е запален во двор, соседите слушнале крици (ВИДЕО)

Две лица се уапсени откако полицијата пронашла изгорено тело на маж во задната градина на домот на едно „многу повлечено“ семејство, како што ги опишале соседите во Бредфорд.

Соседите во тивка уличка во Бредфорд пријавиле дека слушнале врисоци пред да видат како чад се издига зад куќата. Според извештаите, жртвата била 80-годишен маж кој живеел во куќата со помлада жена и нејзиниот син, објави Сан.

Многумина во соседството биле убедени дека човекот починал, затоа што не го виделе од пандемијата на коронавирус.

„Од градината доаѓаше чад, но не можевме да влеземе бидејќи портата беше затворена. Се обидовме насилно да ја отвориме портата и можевме да видиме крв и осакатено тело. Не можев да верувам, беше како нешто од хорор филм“, рекол соседот Мухамед.

„Семејството буквално никогаш не излегуваше надвор, тие се многу повлечени. Ова се случи целосно од ведро небо и сите се многу шокирани од тоа“, рече друг сосед кој сакал да остане анонимен.

Полицијата денеска соопшти дека го идентификувала телото на возрасен маж, но дека се уште се обидуваат официјално да го идентификуваат мажот и да им влезат во трага на неговите најблиски.

„Според информациите достапни во овој момент, ова го третираме како истрага за убиство. Мојот тим работи на утврдување на околностите кои довеле до смртта на човекот. Имаме две лица во притвор и не бараме никој друг во врска со овој инцидент, што се случи во тивка станбена улица, разбирам дека овој инцидент предизвика загриженост во пошироката заедница и има многу шпекулации за тоа што се случило и кој бил инволвиран.“

На местото на настанот се испратени пожарникарски екипи, полиција и брза помош, а соседите велат дека досега не виделе толку големо присуство на итните служби.

Противпожарната и спасувачка служба во Западен Јоркшир соопштија дека екипите го изгаснале пожарот на имотот.

„Ова беше многу шокантен инцидент за многу тивка и мирна заедница“, рече локалниот лабуристички советник Сајмон Канингам.

притисни ентер