Филипче: Починатата пациентка од Куманово и нејзиниот син негирале контакт со заболен или патување во странство

Министерот за здравство Венко Филипче на вечерашната прес-конференција го појасни начинот како била лекувана и како почината 57-годишна жена во Куманово, која е прв смртен случај од коронавирусот.

Тој повтори дека таа двапати била тестирана и двапати тестот бил негативен. Првпат во болница се јавила на 16 март со покачена температура и и бил извршен преглед, по што наредниот ден дошле заедно со синот со покачена температура. И двајцата негирале евентуален контакт со заболен или патување во странство.

-На почетокот сакам да изразам сочувство до семејството. Податоците што ги кажувам ги добив од болницата во Куманово и од службата за епидемиологија од Центарот за јавно здравје. Првиот преглед на пациентката е направен на 16 март, дошла со температура и без други симптоми и кашлица, според кажувањата, веднаш биле поставени прашања од епидемиолошката анкета на што таа одговорила негативно, дека не патувала во странство, немала контакт со лице од ризичните земји. Дадена е терапија, пуштена е на домашно лекување. Следниот ден на 17 март дошла со синот и двајцата со покачена телесна температура и без кашлица. Повторно е направена епидемиолошка анкета на коишто е негирана каква било поврзаност со евентуален контакт со заболен, со странец или пак патување во странство според кажувањето на изворите од болницата во Куманово, појасни министерот Филипче.

На 17 и 18 март примале терапија, повторно немале кашлица и третман добивале во дневната болница.

-На 19 март со нешто потежок наод на белите дробови, со индикација за рендген снимка констатирана е пневмонија и двајцата се сместени во Одделот за изолација. Тогаш и кај мајката и кај синот се земаат брисеви, материјал за корона тест. На 19 и на 20 март во два наврати се направени анализи на материјалот. На 19 март на двајцата и тие се негативни. А на 20 март се повторува тестот на мајката со оглед на тоа што тоа стои во препораките на СЗО ако негативен тест е во комбинација со потешка клиничка слика која може да укажува на постоење на болест предизвикана од коронавирус и тој повторен тест е негативен. На 21 март состојбата се влошува, направени се обиди за реанимација, меѓутоа, за жал, тие се без успех по што пациетката починала, рече Филипче.

Со оглед на тоа што и компликацијата настанала нагло и нетипично за некоја друга болест, додаде тој, земен е посмртен уште еден материјал којшто е испитан и е тестот позитивен на коронавирусот.

-Преиспитани се повторно материјалите земени иницијално, повторно е потврдено дека се тие негативни. Разговаравме интензивно со експертите, консултиравме литература, тестот никаде во светот не е 100% сензитивен и тоа е докажано, рече министерот за здравство.

Тој истакна дека во моментов се прави епидемиолошка анкета со сите здравствени работници и според кажувањата ќе се постапи согласно информациите, податоците, начинот на пристапувањето дали тие ќе одат во изолација или евентуално ќе се направат соодветни тестирања. /МИА

Уапсен малолетник од Тетово кој одзел автомобил

- Полициски службеници ноќеска уапсиле малолетник во Тетово, кој украл возило „фолксваген пасат“. Возилото и е вратено на сопственичката, а против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

- Ноќеска, во 02.05 часот во Тетово, полициски службеници лишиле од слобода малолетник. Тој се сомничи дека околу 01.00 часот од ул. „Благоја Тоска“ во Тетово одзел патничко возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на тетовката М.С.(46), по што бегајќи со возилото оштетил друго патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на тетовецот Ш.С.(45), информираат од МВР.

Возилото било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

Храната што децата ја јадат влијае на нивниот развој, но и на развитокот на врските во нивниот мозок, објави списанието „Педијатрикс“ (Pediatrics).

Насоките на Американската академија за педијатрија (ААП), ги наведуваат протеините, цинкот, железото, фолатите, одредени витамини и незаситените масни киселини како најважни хранливи материи за бебето. Имено, исхраната во којашто недостасуваат овие хранливи материи може да доведе до доживотни последици во работењето на мозокот. Д-р Сара Џејн Шварценберг од Комитетот за исхрана на ААП вели дека се препорачува доењето да трае до околу шестмесечна возраст. После тоа, мајчиното млеко не ја обезбедува доволната количина железо и цинк што им е потребна на бебињата кои растат.

- И друга храна за бебиња е збогатена со цинк и железо, но пасираното месо е добар природен извор на овие хранливи материи. Житарките за доенчиња исто така се збогатени со овие хранливи материи и можат да бидат добра прва храна за бебињата, појасни д-р Шварценберг.

Кога ќе потпорасне, најдобра исхрана за едно дете е онаа разновидната - со малку месо богато со протеини, но и овошје и зеленчук коишто содржат разни и различни витамини и минерали.

- Доенчињата се многу чувствителни на недостаток на хранливи материи. Нивниот мозок се развива со висока стапка меѓу првата и втората година, така што педијатрите треба да препорачаат здрава палета на храна, додава лекарката.

Истражувањата покажуваат дека раната здрава исхрана е важна за развој на здрав мозок. Ако тоа се одложи, има помала можност за надоместување на изгубеното време потоа, според стручњаците. /МИА

Српската опозиција и предложи на Брнабиќ локалните и белградските избори да се одржат наесен

Пратениците од коалицијата „Србија против насилството“ на претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ и доставија предлог за измени на Уставниот закон, со кои се предлага локалните и белградските избори да се одржат истовремено, на есен.

Во документот испратен до Брнабиќ, се наведува дека Србија се наоѓа во сложена уставна криза, која има своја меѓународна димензија идека изборите во претходните години беа систематски поделени на термини во кои се избираат собранија на единиците на локалната самоуправа и затоа нивниот предлог е сите избори за единиците на локалната самоуправа да се одржат во ист ден, во 2024 година.

Во документот што го објави Нова с, пишува дека изборите за Собранието на Град Белград и собранијата на сите општини, градови и општини во Србија треба да се одржат истиот ден шест месеци од стапувањето во сила на последен пат донесен закон најрано, а најдоцна до крајот на 2024 година.

Во документот што го објави Нова С, пишува дека изборите за Собранието на Град Белград и собранијата на сите општини, градови и општини во Србија треба да се одржат во ист ден, најрано шест месеци по влегувањето во сила на последниот донесен закон, а најдоцна до крајот на 2024 година.

„Народното собрание ќе донесе закони за изменување и дополнување на Законот за локални избори, Законот за избор на народни пратеници, Законот за единствен избирачки список, Законот за живеалиште и престој на граѓаните, Законот за финансирање на политичките активности, Закон за спречување на корупцијата и Закон за Уставен суд“, се наведува во предлогот.

Предвидено е властите на градот Белград, општините, градовите и градските општини кои ги извршуваа своите функции во времето на влегувањето во сила на овој Уставен закон, да продолжат да работат до денот на конституирањето на новите собранија.

притисни ентер