Филипче: Опфатот со вакцинација е 37 проценти

Денеска е надмината бројката од 700 илјади граѓани кои се ревакцинирани. 

Во однос на анализите на бројките на Институтот за јавно здравје имаме епидемиолошка состојба, која во овој момент во делот на кривата се наоѓа во форма на плато, значи еднаков број новодијагностицирани случаи – околу 500 повеќе денови наназад. Тоа не прави никаков притисок во болнциите. Се зголемува бројот на слободни кревети во Интерните клиники, на Инфективната клиника, како и во неколку болници во државата, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека прилично е изедначен бројот на прегледи на Инфективната клиника, тоа е најголемиот репер, некаде околу 50-тина повеќе денови наназад.

– Денеска е надмината бројката од 700 илјади граѓани кои се ревакцинирани. Иако интересот се намали сепак има одредена бројка од 1500 до 2000 граѓани на ден кои се јавуваат за прва доза вакцина. Верувам дека интересот нема да се намалува, туку дека и натаму ќе расте со цел за што пократко време постигнеме одреден степен на колективен имунитет. Барем една доза вакцина примиле 74 проценти од граѓаните од возрасната група над 70 години, 65 проценти над 60 години, 60 проценти над 50 години, 55 проценти над 40 години и 31 процент од 18 до 39 години. Од вкупното население опфатот со вакцинација е 37 проценти, посочи Филипче.

Потенцира дека во текот на вчерашниот ден пристигнаа 100 илјади вакцини од компанијата „Фајзер" преку системот Ковакс.

– Со ова има сосема доволна количина вакцини – околу 250 илјади вакцини на „Фајзер", 50 000 вакцини на „Синовак" и околу 100 вакцини од производителот „Астра Зенека", додаде Филипче. рп/ац/

Гасперини: Победата над Ливерпул е како трофеј за Аталанта

-Несомнено ни е важно да освоиме нешто, но победа е и да го видиме единството на овие момци, изјави Гасперини.

Тренерот на Аталанта, ЏанПјеро Гасперини по пласманот на неговиот тим во полуфиналето на Лига Европа, по победата од 3:0 против Ливерпул на „Енфилд“ пред една недела и тесниот пораз од 0-1 синоќа во реваншот, изјави дека елиминирале „одличен тренер и одличен тим“.

- Несомнено ни е важно да освоиме нешто, но победа е и да го видиме единството на овие момци. На полувремето ги прашав дали сакаат малку да се повлечат и да се бранат подлабоко, дали чувствуваат притисок, но тие рекоа апсолутно не! Ова е трофеј за мене, оваа победа е како трофеј за Аталанта, бидејќи тие размислуваат како мене. Кога клуб како нашиот ќе успее да постигне резултати далеку од историјата на Аталанта и Бергамо, морам да го сметам за исклучителен за мојата кариера, за Бергамо и за сите останати, изјави Гасперини.

Во полуфиналето Италијанците ќе ги одмерат силите со тимот на Марсеј, кој по продолженијата и пенали ја совлада португалска Бенфика. Средбите се на 2 и 9 мај. /МИА

За брзо возење вчера казнети 133 возачи низ државата

Во сообраќајна контрола на територијата на државата полицијата вчера казнила 133 возачи поради брзо возење, од нив две возила се  движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, 64 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 69 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти МВР.

Батлер чека вести за својата повреда: Немам добро чувство...

Бекот на Мајами, Џими Батлер, ќе биде подложен на магнетна резонанца на повреденото десно колено пред да гостува во Чикаго во меч од плеј-инот на НБА.

Конечната одлука нема да биде донесена додека не се прочитаат резултатите од тестовите, а Батлер би можел да пропушти барем неколку недели. Кошаркарот се повреди во првата четвртина од натпреварот против Филаделфија.

- Немам добро чувство, тоа е се што можам да кажам. Се надевам дека сум добро, коментираше Џими Батлер по натпреварот.

Агентот на Батлер, Берни Ли потврди за западните медиуми дека степенот на повредата се уште е нејасен.

Триесет и четири-годишниот бек имаше просек од 20,8 поени на 60 натпревари за Хит оваа сезона. /МИА

притисни ентер