Филипче: Од денеска започна да се дава одобрената терапија за коронавирус, граѓаните никако да не ја земаат на своја рака

„Со оглед на тоа што официјално завршија сите постапки, во комисиите, во Агенцијата за лекови, денеска двајца пациенти на Инфективната клиника веќе се ставени на терапијата.

Потребно е да се направи кардиолошка анализа ЕКГ затоа што има таму и една контра индикација, значи не се дава на сите пациенти. Луѓето да не купуваат на своја рака или да се обидуваат да ги најдат лековите, мора да се даде според точна индикација на лекар специјалист", апелираше министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Министерот Филипче информираше дека има уште една почината пациентка од коронавирусот. Тоа е пациентката која подолго време беше на респираторна машина, од Дебар, и покрај сите напори на лекарите, медицинските сестри и интензивната терапија, таа починала денеска.

Пациентката била на 66-годишна возраст и во историјата имала податок дека прима хронична терапија за хипертензија.

„Во изминатото деноноќие, заклучно со 12 часот денеска, има 29 нови случаи на дијагностицирани пациенти со коронавирус во нашата земја, по градови: Скопје 20, Куманово три, Велес три, Прилеп две и Дебар едно лице. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти денеска до 12 часот изнесува 177 лица. Според местото на живеење, досега пациенти се регистрирани во следните градови: Скопје, Дебар, Куманово, Штип, Кавадарци, Охрид, Гостивар, а од денеска и во Прилеп и во Велес", рече министерот Филипче.

Тој информираше дека на Инфективната клиника се направени контролни тестови на четири пациенти, кои подолго време се лекуваат таму и тие контролни тестови, земени пред два дена се негативни. Од тие четири лица, три се во значајно добра состојба. Кај сите нив ќе биде земен уште еден контролен тест, согласно протоколот во текот на следниот ден, и доколку и тој тест е негативен, тројцата пациенти ќе бидат подготвени да се упатат на домашно лекување.

„Од 29-те нови случаи, пет лица се од Кожната клиника, кои после 16 дена поминати во изолација без никакви симптоми на земените материјали - тестови, со оглед на тоа што беше поминат инкубацискиот период, имаат позитивен резултат. Колегите се во добра општа состојба, практично се асимптоматски, се чека во домашна изолација периодот од 14 дена да помине и ќе продолжат да бидат во домашна самоизолација, согласно нивната состојба во интензивна комуникација со колегите од Инфективната клиника. Со оглед на тоа што во оваа група навистина има повеќе лица денеска се овие пет позитивни случаи од 30 тестирани, а во следните денови продолжуваат да се тестираат сите, поделени во групи, со испитување на резултатите од другите пациенти кои доаѓаат од другите места. Значи, поделени се луѓето во повеќе групи, во повеќе циклуси и сите тие треба да завршат во следните четири-пет дена", посочи министерот Филипче.

Министерот Филипче се осврна и на повеќе детали во врска со пациентите и во врска со дијагностиката на коронавирусот – оценувајќи дека добро е што во многу рана фаза се откриваат дел од новодијагностицираните, дел од пациентите, за да може здравствениот систем да ја амортизира бројката на пациенти.

„Во епидемиолошка и во перспектива во смисол на терапија да се открие пациентот, за ова посебно да е носител на вирус, а да нема никакви симптоми е добро заради тоа што се преземаат дополнителни мерки. Практично, може да се подготвиме да се даде соодветна терапија. Ги анализираме искуствата од речиси сите земји во светот, стручниот тим во рамки на комисијата за заразни болести, епидемиолози, инфектолози, професори на Фармацевтскиот факултет, повеќе клиники во Скопје, интензивно комуницираме во изминатите денови. Ги анализираме сите публикации, ги анализираме искуствата кои веќе се имплементирани во дел од земјите, слушаме и за мерките во околните земји, и сметаме дека со овој начин на пристап, со детални епидемиолошки анкети, со тестирање, тогаш кога ќе помине инкубацискиот период, и со апели и со цврсти пораки дека овие мерки на самоизолација, почитување на прекинот на социјалните контакти, е најдобро што може во овој момент и треба да се направи во нашата земја", истакна министерот Филипче.

Тој најави дека викендов или на почеток на следната недела ќе се излезе со детална статистика за тоа што досега се случува со бројот на пациенти, со јасно прикажани дијаграми како се однесуваат бројките и нормално очекувањата во рамки на можен процент на грешка, согласно анализата на епидемиолозите.

„Во овој момент денеска ќе имаме и дефинитивна бројка на сите лаборатории, согласно посетата и стручните состаноци на раководителката на лабораторијата во Институтот за јавно здравје на приватните установи и доколку ги исполнуваат условите да се вклучат во мрежата за да се зголеми капацитетот на тестовите. Добро функционираат пунктовите, матичните лекари закажуваат термини. Денеска имаше и состанок за тоа како оперативно ќе се спроведе мобилното тестирање, пред се во местата градовите каде што сметаме дека најмногу треба да се олесни пристапот на пациентите за да се пристапи и до потенцијални ризични групи. ", рече министерот Филипче.

Во однос на терапијата, Филипче информираше дека денеска ќе завршат кардиолошките прегледи на сите пациенти кои се хоспитализирани на Клиниката, после што ќе се утврди на која група на пациенти ќе се даде оваа терапија.

Истовремено, веќе се прави план како тоа да се направи и на лицата коишто се на домашно лекување. Таа терапија ќе се дава во болнички услови. Значи нема да им се препишува и да ја примаат дома сами за што веќе се организира систем.

Министерот Филипче апелираше до граѓаните дека пред оваа закана со вирусот сите сме еднакви и мора да се придржуваме до препораките, до правилата - затоа што доколку не се спроведуваат мерките нема да има заштитени.

„Буквално секој еден е важен во оваа битка со одговорно однесување, со придржување до советите од Владата, кои доаѓаат преку стручните комисии, стручните лица, од комисијата за заразни болести, централниот штаб во Владата, тоа се официјални препораки, стручно издржани, врз основа на епидемиолошки научни проценки и капацитетите на здравствениот систем. Сите сме одговорни пред овој предизвик, заради тоа што само заеднички може да го победиме овој голем предизвик", потенцираше министерот Филипче.

Шевролет Нива од сега е Лада Нива

Руската компанија „GM-AvtoVAZ“ го преименува моделот Шевролет Нива во Лада Нива.

Во минатото оваа компанија беше поделена во сопственост на Руси и Американци, но изгледа дека „AvtoVaz“ го презема водството во компанијата.

На почетокот на декември минатата година е соопштено дека „AvtoVaz“ откупил 50 % од акциите на компанијата „GM-AvtoVAZ“ од американскиот Џенерал Моторс.

Така да од сега автомобилот под име Шевролет Нива, ќе започне да се произведува како Лада Нива.

Автомобилот е инаку достапен со 1.7 литарски мотор од 80 коњски сили.

Николоски: Бордот на директори на ТЕЦ Неготино земале плата од над 2.500 евра

Е такви бандити и криминалци Заев става на функција.

Мојот опонент, мојот против кандидат Зоран Заев нема ден да не се потсетиме на некоја од неговите големи афери, не се добројуваат. Да земам сега тука да ги бројам, до утре ќе треба да останеме, за жал. Ќе набројам неколку. Мојот против кандидат е човекот кој што бараше евро за брат му ама не едно, туку помножено по 200.000 и кажа уште кој се друг платил во штедилницата кај брат му. Мојот против кандидат е човек чие што најтесно семејство вози автомобил кои вие ниту во живот, а ниту јас сме видели и кои што чинат повеќе од вкупната заработка на сите вас за 5 години заедно, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборна единица 4, Александар Николоски денеска на средба пред граѓаните на Кавадарци.

Мојот против кандидат е човек кој што краде каде што ќе стигне. Мојот против кандидат е човек кој што лаже каде ќе стигне. Мојот против кандидат е човек кој што поставува директори на јавни институции кои што пари ставаат во торба. Мојот против кандидат е човек кој што организираше рекет во Република Македонија и е на врвот на пирамидата, „капо ди тути капи“ на сите криминалци во оваа држава и кој што организираше многу бизнисмени да бидат изрекетирани во вредност од преку 20 милиони евра. Мојот против кандидат е човек кој што ги искористува луѓето и ги пушта низ вода и ситните риби ги тера да одговараат за него, за тој да може да биде заштити. Мојот против кандидат е човек кој што го промени името на оваа држава, што воведе двојазичност и што тргува со историјата, рече Николоски.

Николоски, од Кавадарци порача да се внимава со маката и трудот на земјоделците, порачувајќи да се внимава што прават со цената на грозјето бидејќи после 15 јули со ВМРО-ДПМНЕ ќе си имаат работа, односно како што рече тој, грозјето мора да се откупи цело по праведна цена и мора навреме да се плати.

Сакам збор два да кажам за уште две работи. Едната се маките народни и на земјоделците и втората њ криминалот и корупцијата. За маките народни, слушаме одредени големци и олигарси кои што ни ја искрадоа државата во 90тите години си ги добија фабриките на тацна станаа милионери ама не станаа милионери затоа што мобилен телефон измислија или компјутер, или некоја ракета, туку за тоа што покрадоа. И сега истите тие оваа година сакале грозјето за 6, 7 денари. Да им порачам од овде да внимаваат што прават со ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат работа после 15 јули, вели Николоски.

Николоски посочи посочи дека секој што се огрешил пред законот после 15 јули ќе мора да одговара, додавајќи дека не е само директорот на Тутунскиот комбинат кој зема енормно висока плата, туку откри дека и директорот на ТЕЦ Неготино и бордот на директори земале високи плати, укажувајќи такви бандити и криминалци Зоран Заев става на функции, вели Николоски.

Околу криминалот и корупцијата, каде и да отидете секаде бандити. Еве две работи сакам да споделам со вас. Бев претходно во Неготино и кажуваат луѓето ТЕЦ Неготино кога работи кога не работи, главно не работи. Си се собрале таму директори си се ставиле си поделиле плата каква што вие не можете да сонувате. Јас мислев дека само во Прилеп е така, таму на пример директорот на Тутунскиот комбинат прима ако не сте знаеле 3.500 евра нето месечна плата, односно 5.500 евра бруто месечна плата. Значи зема 5.500 евра месечна плата, само за споредба цело семејство во Прилеп кое што сади тутун за една година заработува од 5.000 до 7.000 евра. За една година цело семејство, а овој сам за еден месец 5.500 евра. Ама такви херои имало и тука во Неготино и ќе ги кажам по име, затоа што мене тој ми е стилот, директорот на ТЕЦ Неготино зема верувале или не 100.000 денари нето плата, 150.000 денари бруто плата, преведено 2.500 евра плата, името на тој директор е Небојша Стојановиќ и веројатно никој не го знае и никој не го видел, ама мангупот зема 2.500 евра плата.

Па тие пајташите околу него, зошто нели треба да има борд да директори, земаат некаде околу две до 2.300 евра плата, еве да ги кажам нивните имиња. Игор Бојаџиев, Јане Стојменов, Никола Ангеловски, Билјана Митева. Сите овие си земаат по 2.000 до 2.300 евра бруто плата. Такви бандити и криминалци Зоран Заев става на функција, да ги поздравам од овде и сите ќе одговараат од прв до последен после 15 јули за да не ја цицаат маката на луѓето, да има одговорност и во Неготино, и тука во Кавадарци, порача Николоски.

Николоски побара масовна поддршка од кавадарчани за убедлива победа и во Кавадарци, и во цела четврта изборна единица и на ниво на Македонија за заеднички да ја градат Македонија.

Да победиме убедливо во четворката, да излеземе масовно во Кавадарци и да победиме во четвртата изборна единица со 12, 8 и да имаме преку 60 пратеници на ниво на Македонија, и заеднички да ја градиме Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Протести во Софија, приврзаниците на Радев бараат оставка од Борисов

Пред зградата на Министерскиот совет се приврзаниците на Румен Радев и бараат оставка од премиерот Бојко Борисов.

Два митинга вечерва се одржаа во Софија, едниот со подржувачи на владејачката партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на премиерот Бојко Борисов, а другиот за поддршка на бугарскиот претседател Румен Радев.

Пред зградата на Министерскиот совет се приврзаниците на Румен Радев и бараат оставка од премиерот Бојко Борисов.

ГЕРБ соопшти дека после завршувањето на митингот, автобусите со нивни приврзаници биле нападнати, но дека немало повредени лица. Тие за нападот ги обвинија приврзаниците на Румен Радев и побараа од претседателот да ги отповика платените провокатори.

притисни ентер