Филипче од Чаир: Имаме јасен избор, со Пендаровски да продолжиме заедно напред

„Наша одговорност е да им овозможиме подобар живот и иднина на нашите деца. "

,,Стево Пендаровски е вистинскиот кандидат за претседател на Република Северна Македонија. Пендаровски ќе биде претседател кој ќе обединува и претседател кој вистински ќе се грижи за граѓаните и државата", порача попладнево од општина Чаир членот на Централниот одбор, Венко Филипче.

Филипче со жителите на Чаир разговараше за претстојните претседателски избори, како и за повеќе актуелни теми.

„На 21 април заеднички да ја донесеме правилната одлука со која сите ќе се гордееме. Имаме претседателски кандидат кој во нашата мултиетничка држава ќе ги почитува различностите и ќе го унапредува концептот едно општество за сите. Имаме јасен избор, да продолжиме заедно напред! Да им овозможиме европска држава на нашите млади, за младите да останат тука", истакна Филипче.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

притисни ентер