Филипче:Обезбедени 833 илјади вакцини за 400 илјади граѓани

Веќе се обезбедени 833.000 ваквини против Ковид-19 за 400.000 граѓани преку Ковакс механизмот на СЗО, Глобалната алијанса за имунизација.

Ќе ги добиваме вакцините согласно планот за дистрибуција кој Ковакс ќе го одреди и многу скоро очекуваме конкретна информација од нив. Покрај овој механизам доставивме барања за директни договори до компаниите „Астра Зенека" и „Фајзер" за нивните вакцини и после иницијалните нивни одговори ја чекаме нивната потврда дека дополнителна количина ќе може да набавиме од компаниите. Целта е 60 до 70 отсто од населението да се вакцинира бидејќи експертите сметаат дека е тоа доволен процент на вакцинирано население за да се стекне имунитет.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче по состанокот со Координативното тело за вакцини за Ковид-19.

Третиот механизам,посочи министерот, го понудија дел од земјите членки на ЕУ и од нивните билатерални договори со дел од компаниите беа договорени 400 милиони дози за граѓаните членки на ЕУ од кои 100 милиони беа наменети за земјите во Европа кои не се членки на ЕУ.

– Иницијална понуда добивме од Полска, Грција и за тоа веќе аплициравме за 800.000 дополнителни дози од тие 100 милиони кои ќе бидат на располагање, рече Филипче.

Потенцира дека вакцинацијата ќе се врши во вакциналните пунктови и болниците, ќе се спроведе брз процес на тренинг за вакцинирање согласно спецификите на вакцините и сите здравствени работници ќе бидат соодветно обучени.

Вакцинацијата на специфични групи здравствени работници, нагласи, ќе се врши во јавните здравствени установи каде тие работат.

– Во однос на логистиката и транспортот веќе имаме состаноци со повеќер економски оператори кои веќе работат на ова поле, увоз, складирање и дистрибуција на други вакцини. Сите укажаа дека се согласни да се дел од овој систем и ќе ги понудат своите услуги за што ќе подготвиме договори. Дојде потврда од една Американска фондација за потребните фрижидери на минус 70 степени и тие ќе стигнат на почетокот на јануари и ќе бидат дел од овој систем на чување и дистрибуција на вакцините во државата, истакна Филипче.

Посочи дека донесена е одлука како приоритет да се вакцинираат сите здравствени работници кои работат во ковид-центрите или се директно изложени или работат со заболени или суспектни, делот на здравствени работници кои работат на земањето брисеви, граѓаните на возраст над 65 години и пациентите со хронични заболувања, во делот на хронични белодробни и кардиоваскуларни болести според шифрите на дијагноза преку системот „МојТермин", вработените во критичната инфраструктура и во транспортот.

– Епидемијата е се уште многу силна. Има голем број заразени. Пред нас претстои период на семејни собири и слави. Апелирам и замолувам сите да се воздржиме од прослави и собири. Сигурен сум дека следната година новогодишните и сите други празници ќе се слават како што тоа било порано, но оваа година сите да ги почитуваме мерките и да не се групираме заради тоа што тоа е најефикасниот начин на спречување на патот на заразата, додаде Филипче.

Ужас во Словачка: Родители си ги тепале своите четири деца со синџири и ремени, ги изгладнувале

Во брутален случај на злоупотреба на четири деца во Словачка, полицијата ги уапси мајката Јарослава (32) и таткото Милан (42).

Децата доживеале неверојатна тортура, родителите наводно ги тепале со ремени и синџири. Откако ќе ги претепале, ги затворале и ги изгладнувале. Сепак, Јарослава за време на сослушувањето го обвини таткото за сѐ, објавија локалните медиуми.

Таа наводно рекла дека имала многу лоши односи со Милан. Според неа, тој наводно бил алкохоличар во последните 10 години. Во една прилика тој наводно го претепал синот Адријан со ремен, а потоа рекол дека не сака да го прави тоа. Според медиумите, мајката знаела дека таткото не им дава храна на децата.

Јарослава тогаш изјавила дека Милан не им дозволувал ништо на децата, кои многу се плашеле од него. Милан наводно во една прилика го претепал Адријан со тоа што го извлекол од креветот и го удирал со таква сила што момчето се онесвестило.

Катанците во куќата наликувале на затворски. Биле ставени на шкафовите, на вратата од детската соба, но и на фрижидерот, за децата да не изедат сѐ. Низ куќата одекнувале грди зборови.

Оваа ужасна злоупотреба била откриена минатата недела. Резултатите од истрагата покажуваат дека злоставувањето било откриено за време на часот по физичко, кога Адријан се пресоблекувал во спортска облека во соблекувалната.

Момчето наводно не сакало да каже ништо пред тоа бидејќи се плашело од тоа што може да го чека дома. Тој рекол дека татко му го тепал со синџир.

Медицинскиот извештај на Универзитетската болница во Трнава покажува дека Адријан се здобил со контузија и хематом на градниот кош.

На Милан сега му се закануваат 15 години затвор. Сепак, неговото семејство не се согласува со обвинувањата, додека неговата сестра тврди дека Милан никогаш не злоставувал деца.

„Одеше на работа додека жена му беше дома, таа не ни готвеше. Добро се грижеше за децата. Имаа брава на вратата да не ја отвораат децата. Децата го земаа јогуртот, јадеа малку па го фрлаа во ѓубре“, тврди сестрата на обвинетиот.

Полицијата ја продолжува истрагата.

Повторно е нападната американската воена база во Ирак

Вчера била нападната американската воена воздухопловна база Ал Асад во западниот дел на Ирак, а во нападот не е направена никаква штета и никој не е повреден, изјави неименуван американски функционер за Тајмс оф Израел.

„Ова беше втор напад врз американските сили од 4 февруари“, додаде американскиот официјален претставник, мислејќи на нападот во неделата кога беа истрелани пет ракети врз истата база од пограничниот град Зума.

Во тоа време, САД објавија дека сојузничкиот борбен авион уништил ракетен фрлач во Сирија, додавајќи дека ниту еден американски воен персонал не бил повреден.

Бранот од 165 напади врз американските војници во Ирак и Сирија започна во октомври минатата година, откако Хамас го нападна Израел, а заврши во февруари кога САД извршија воздушни напади врз цели поврзани со Иран во Ирак и Сирија.

Ен Хатавеј се потсети на одвратната аудиција, на која морала да се бакнува со 10 колеги (ВИДЕО)

Ен Хатавеј вели дека тестовите за хемија меѓу актерите во раните 2000-ти биле одвратни, пишува IndieWire.

Во интервју за магазинот V, актерката се присети на незгодните аудиции за романтични комедии во кои глумеше на почетокот на кариерата.

„Во 2000-тите беше нормално да се бара од актерите да се бакнуваат за време на аудиција, да се тестира хемијата, иако тоа е најлошиот начин да се тестира хемијата - дури и мене ми се има случено“, рече актерката. „Тие рекоа: „Имаме десет момци кои доаѓаат денес, а ти ја доби улогата. Зарем не си возбудена да ги бакнуваш? Мислев дека нешто не е во ред со мене бидејќи не бев возбудена.“

„Бев толку млада и знаев колку е лесно да изгубиш сè ако некој рече дека ти е тешко да се работи, па се преправав дека сум возбудена“, објаснила ѕвездата од „Дневниците на принцезата“. „Тоа не беше игра за моќ, никој не се обидуваше да ме повреди или да биде ужасен. Тоа беа различни времиња и ние денес подобро знаеме“.

Наскоро ќе можеме да ја видиме Хатавеј во романтичниот филм The Idea of ​​You, кој пристигнува на Prime Video на 2 мај. Во филмот, актерката толкува 40-годишна самохрана мајка која влегува во врска со 24-годишен музичар, кој го игра Николас Галицин.

Филмот беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал South by Southwest, кој се одржа во март годинава. Критичарите на Rotten Tomatoes го оценија The Idea of ​​You со 95 проценти.

притисни ентер