Филипче: Не е исклучена можноста од воведување рестриктивни мерки, ќе се знае идната недела

Засега нема потреба од воведување дополнителни рестриктивни мерки, но можноста за такво нешто не е исклучена, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Како што истакна Филипче, ситуацијата се следи, моментно болничките капацитети не се загрозени и секаде има слободни кревети. Досега се одржани повеќе состаноци со Комисијата за заразни болести, анализата за трендот на КОВИД-бројките ќе заврши следната недела кога ќе биде соопштен и ставот по ова прашање.

-На почетокот на следната недела ќе го кажеме ставот согласно анализата. Засега нема потреба од воведување дополнителни рестриктивни мерки, но воопшто не ја исклулучувам можноста од такво нешто, истакна Филипче, одговорајќи на новинарски прашања по посетатата на локацијата на која е во тек изградба на нова поликлиниката во Сарај.

Министерот информира дека според анализите, голем број од новите случаи се должат на т.н. британскиот вурис, над 70 проценти, посебно во Скопје, Кавадарци, Неготино, Прилеп и Охрид.

Според него, денеска треба да се стави во функција модуларната болница во Скопје, до Инфективната болница. Кадарот е подготвен и ќе работи по принципот на ротација.

Засега во ниту еден град не се исполнети условите за ограничуивање на движењето, но ако се одлучи дека тоа може да има ефект, во предвид доаѓаат и такви мерки.

Во однос на пописот, Филипче истакна дека претставници на ДЗС имаа состанок со Комисијата за заразни болести и согласно карактеристиките на тој процес се изработени и протоколите.

-Сега навистина не можам да кажам дали ќе препорачаме некои генерално рестриктивни мерки кои ќе се однесуваат на територијата на целата држава. Велам уште еднаш, засега немаме индиција дека нешто треба да се направи, меѓутоа не е исклучена можноста, истакна Филипче.

Сообраќајот по влажни коловози, одрон на патот Берово - Будинарци

На патниот правец Берово - Будинарци има одрони од камења каде се зафатени двете коловозни ленти од патот, при што сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

Гвардиола: Главната работа во фудбалот е да постигнеш гол

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ги искажа своите впечатоци по елиминацијата од Реал Мадрид (1:1, пен. - 3:4) во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

- Би сакал да победевме, но честитки за Реал Мадрид. Направивме сè што можевме, одигравме исклучително во сите аспекти. За жал, не успеавме да победиме. Во фудбалот, главната работа е да се постигне гол. Тие се снајдоа подобро од нас во пенал рулетот. Тие се во полуфинале, ние не. Сè беше одлучено од ситниците. Некогаш победуваш на пенали, понекогаш не, изјави Гвардиола за прес-службата на УЕФА.

Реал Мадрид во полуфиналето на елитното фудбалско натпреварување ќе игра против Баерн.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Борусија Дортмунд и Пари Сен-Жермен.

Тајм ги објави 100-те највлијателни луѓе во 2024 година

Американскиот магазин Тајм објави листа на 100-те највлијателни луѓе за 2024 година, а во категоријата на највлијателни лидери се сопругата на починатиот руски опозиционер, Јулија Навални, кинескиот премиер Ли Џијанг, ...

Американскиот магазин Тајм објави листа на 100-те највлијателни луѓе за 2024 година, а во категоријата на највлијателни лидери се сопругата на починатиот руски опозиционер, Јулија Навални, кинескиот премиер Ли Џијанг, полскиот премиер Доналд Туск, аргентинскиот претседател Хавиер Милеј и италијанската премиерка Џорџа Мелони меѓу лидерите.

Покрај нив, помеѓу највлијателните лидери се и бразилската министерка за животна средина и климатски промени, Марина Силва, директорот на ЦИА, Вилијам Барнс и шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак.

Во изборот на највлијателните личности на американскиот весник се најдоа и јапонскиот режисер Хајао Мијазаки, британската пејачка со албанско потекло Дуа Липа, британскиот актер Дев Пател и австралиската пејачка Кајли Миног.

Победниците традиционално се класифицираат во неколку категории, од дебитанти до титани, а на листата на 100 највлијателни луѓе се наоѓа и палестинскиот фоторепортер Мотаз Азаиза, кој помина речиси четири месеци документирајќи го животот во Појасот Газа по ескалацијата на палестинско-израелскиот конфликт.

На листата на влијателни луѓе се и американскиот рапер „21 Савич“ (21 Savage), нигериската музичарка Бурна Бој и американската филмска режисерка Софија Копола.

На листата на 100 највлијателни луѓе во 2024 година е и канадскиот актер Елиот Пејџ, кој во 2021 година стана првиот трансродовиот маж кој се појави на насловната страница на магазинот Тајм.

На листата се и американскиот актер Колман Доминго, кој играше во ТВ сериите „Еуфорија“ и „Fear the Walking Dead“, канадско-американскиот актер Мајкл Џеј Фокс, познат по улогата на Марти Мекфлај во филмот „Назад во иднината“, како и холандскиот Формула 1 возач Макс Емилијан Верстапен.

притисни ентер