Филипче: Нашите заложби се да обезбедиме здравство за квалитетен живот за секоја жена

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, по повод денот на жената 8 Март беше во посета на органзацијата на жени на СДСМ во скопската општина Гази Баба каде говореше за женското здравје правата и можностите на здравствена заштита на жената. 

Филипче посочи дека со измените на законот за абортус, волјата на жената е ставена на прво место, односно жената има право на репродуктивна слобода. Правото на абортус е директно поврзано не само со репродуктивно здравје, на жената, туку и со општата добросостојба, затоа здравствениот систем е должен да одговори соодветно и да ја ѝ пружи сета потребна грижа.

Министерот на трибината говореше и за воведувањето на нови терапии за жените кои имаат рак на дојка. Сега сите жени со рак на дојка имаат терапија, односно се набавуваат скапи цитостатици и сите жени после операција или без операција на карцином на дојка, ја имаат целата терапија што им е потребна. Изминатиов период обезбедени се и бесплатни ортопедски градници, за жените што се оперирани од рак на дојка и имаат потреба од градник. Воведена е и најнапредна технологија за скрининг на рак на дојка во рана фаза со точна и прецизна дијагностика што е од клучна важност за понатамошниот третман на пацинетки.

Министерот апелираше дека од голема важноста се превнтивните прегледи посебно за младите девојки. Посетата на гинеколог, како и рутински преглед на гради еднаш во годината, е најдобрата здравствена превенција бидејќи само така се овозможува рано откривање на промените на репродуктивните органи кај жените, рана дијагностика но и висок процент на успешно лекување. Здравството е темелот на едно општество, затоа нашите заложби се да обезбедиме здравство за квалитетен живот, истакна Филипче.

Министерство за здравство

Била бездомничка, а сега заработува милиони од фотографии и го вжештува Инстаграм (ФОТО)

Приказната на Елиза Роуз Вотсон звучи како сценарио на некој холивудски филм. 

31-годишната поранешна наставничка во еден момент од животот се најде на улица, како бездомник зависничка од наркотици и алкохол, а денес заработува милиони на платформата „ OnlyFans “.

Овој дипломиран психолог станала зависник од дрога на 23-годишна возраст, кога започнала да работи како манекенка. Потоа започнала да користи кокаин и некои други опијати, а покрај тоа станала зависна од алкохол. Се борела со тоа цели четири години.

„Би ги дала сите пари што би ги заработила за алкохол или кокаин“, изјави сега Елиза за британските медиуми, признавајќи дека украла пари и од нејзината мајка. Наскоро се нашла на улица, справувајќи се и со спиење со непознати мажи. Еден пријател ја убедил да побара помош.

"Еден ден таа се појави пред мојата врата и јас бев толку уморна што само отидов со неа кај анонимни алкохоличари. Почнав да се справувам со моите проблеми. Дотогаш, неколку пати се обидов да извршам самоубиство додека бев во болница и во полиција. Знаев дека не можам да продолжам така “, вели Елиза.

По рехабилитацијата се вработила во градинка. Таа вели дека за време на вработувањето била целосно искрена за своето минато и дека решиле да и дадат шанса, за што е многу благодарна. "Работата беше совршена, но не можев да заработам доволно. Сакав да ги вратам парите што ги украдов од мајка ми, да вратам некои долгови и да станам независна", вели таа.

Затоа, таа се свртела кон „ OnlyFans “. Во декември 2019 година, таа отворила профил на таа 18+ платформа. Првично заработувала, вели таа, 2.000 фунти месечно, а во пандемијата 100.000 фунти месечно. Заработила милион фунти последнава година.

Работи 16 часа на ден, седум дена во неделата. "Не се само сексуални разговори, сè е таму. Постојат жени кои ме прашуваат за совети за вежбање и слично", вели таа. "Тоа е како заедница. OnlyFans ми дозволува флексибилен живот, кога мајка ми или некој близок ми е потребен, веднаш можам да бидам таму за нив", заклучила Елиза, која сега на Инстаграм ја следат скоро милион луѓе.

Нема кислород во индиските болници, се ограбуваат камионите со боци

Шест болници во индискиот главен град Њу Делхи целосно останале без кислород и лекарите велат дека на останатите болници им преостанува снабдување за само неколку часа.

Голем број луѓе починале додека чекале кислород, а повеќе од 99% од сите кревети за интензивна нега се полни, јавува Би-Би-Си..

Индија е во костец на вториот бран на инфекции со Ковид-19 и денеска го забележа најголемиот еднодневен биланс на нови случаи во светот.Земјата досега забележала скоро 16 милиони потврдени инфекции.

Во изминатите 24 часа имало 314.835 нови случаи на коронавирус, додека смртните случаи пораснале за 2.104.

Има полициски извештаи за луѓе кои ги спречувале цистерните со кислород да отпатуваат во други држави, според телевизиската станица НДТВ од Делхи. Некои болници се обвинети за складирање на нивните залихи, додека имало појави и на грабежи.

Млад човек од Шпанија си ја убил мајка си и ја јадел, заедно со кучето (ВИДЕО)

На млад човек од Шпанија му се суди за убиство на неговата мајка, распарчување на нејзиното тело и јадење делови, пишува Би-Би-Си.

Алберто Санчез Гомез бил уапсен во 2019 година, откако полицијата отишла во станот на неговата 66-годишна мајка. Нејзините познаници повикале полиција, загрижени дека со денови не им се јавувала.

При влегувањето во станот, детективите пронашле делови од мртвата жена во пластични контејнери расфрлани низ станот и во фрижидерот. Локалните медиуми напишале дека младиот човек го расекол телото на повеќе од илјада парчиња. Тие исто така го пронашле 26-годишникот, како готви некои делови од нејзиното тело.

Полициските службеници на кои им ја отворил вратата изјавиле дека на прашањето дали неговата мајка е во станот, тој одговорил: „Да, мајка ми е тука, таа е мртва“.

Младиот човек признал дека готвел и јадел делови од телото, а некои му ги дал и на кучето.

На почетокот на судењето, Санчез Гомез тврдел дека слушнал „тајни пораки“ од ТВ и гласови кои му велеле: „Убиј ја мајка ти“. Гласовите, како што тврди, им припаѓале на неговите соседи, познаници и познати личности.

Тој, исто така, на судењето тврдел дека не се сеќава на убиството или на распарчувањето на телото.

Сега се соочува со казна од 15 години до доживотен затвор.

притисни ентер