Филипче:Над 85 насто од починатите имале други коморбидитети

Да не се прават доктори тие што не излегле од канцеларија, вака денеска одговори првиот човек на Комисијата за заразни болести по обвинувањата на адреса на Комисијата..

Министериот Филипче очекува состојбата да се подобри со новите мерки кои треба да ги донесе Собранието, засега вели не се планира полициски час.

„Се соочуваме со еден многу силен бран на вирусот, ситуација која значајно ги оптоварува сите сегменти во здравствениот систем, од лабораториските капацитети, тестирањата, болничките капацитети, сместувањата на пациентите. Ова е ситуација која ја очекувавме, се најавуваше не само кај нас, туку и во многу други земји во регионот, во Европа гледаме што се случува, во сите други земји пртактично сличната ситуација и сличните проблеми и предизвици. Мора граѓаните да покажат свесност, да ги почитуваат мерките, пакетот на мерки кој е сега веќе на сила, дополнително со овој пакет кој утре треба да помине со измената на Законот за заштита на населението за заразни болести, верувам дека доколку доследно се почитува ќе даде соодветни резултати", изјави Филипче.

Тој инфомираше дека во однос на капацитетите на болниците, во модуларната болница до Инфективната клиника веќе се сместуваат пациенти, тука се уште има слободни кревети, меѓутоа и тој капацитет забрзано се пополнува.

„Имајќи го тоа во предвид, направивме план за обезбедување дополнителни болнички капацитети, најпрво во болницата во Козле - 40 кревети за кои има кадар кој таму може да работи, зајакнат со колеги од Инфективната клиника, една колешка е веќе таму и практично ја организира работата и подготовката на целокупните капацитети. Уште две одделенија се подготвуваат во ГОБ „8 Септември", со кадарот кој таму работи и до крајот на денот треба тој план да го заокружиме за да биде подготвен и тој дел. Се надевам дека ќе се најде соодветен начин да не се загрози останатиот дел од работата. Исполнети се болничките инфективни одделенија и во другите градови, со Куманово комуницираме и се праќаат пациенти во Скопје, во Штип се прави комуникација со болницата во Кочани за сместување на пациенти. Во болницата во Струмица во текот на овие следни два-три дена ќе се обезбеди целосно функционирање на новиот крак, каде има практично и централен довод на кислород и тука ќе може да бидат сместени вкупно 100 пациенти, во моментов има 20-тина на инфективниот оддел и околу 15 на одделот за интерни болести", рече министерот Филипче и додаде дека дополнителен капацитет во болницата во Битола се обезбедува на интерното одделение, исто така и во болницата во Прилеп. Во Охрид се менаџира со интерното одделение. Тука има слободни кревети, нешто поголем број на исписи имаше во болницата во Гостивар и одделението таму е полупразно, значи може да се сместуваат пациенти доколку треба. Во Тетово на располагање се дополнителен број од 100-тина кревети, во моментот се сместени 26 пациенти.

Министерот Филипче истакна дека важен е кадарот и се мобилизираат лекарите интернисти од болниците за да може да помогнат во лекувањето на овие пациенти, а тука кај нас во клинички центар за поддршка на Инфективната клиника, повеќе клиники од интерните гранки, како и Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, кој практично огромен број од кадарот го намени да биде на помош на колегите на Инфективната клиника.

„Денеска имавме состанок со претседателката на Лекарската комора и претставникот на приватните лекари во рамки на ЛКМ и за среда закажавме состанок со сите приватни интернисти во државата, кои имаат договор со ФЗОМ, вкупно се 56 од кои половина во Скопје за да може да се вклучат во системот на дежурства во сите овие болници каде се лекуваат пациентите заболени од ковид. На денешната седница на Владата е ставена информацијата со која ќе се овласти Министерството за здравство да го потпише и посебниот договор преку заедничкиот рамковен договор со Европската унија за набавка на лекот Ремдесивир и освен преку СЗО тој лек следниот период ќе биде достапен и преку оваа набавка, која за многу кратко време после потпишување на договорот очекуваме да пристигне во земјата. Министерството за финансии обезбеди соодветна сума на средства, станува збор за таканаречен "заеднички план за набавка" преку Европската комисија за набавка на ремдесивир за повеќе од 30 земји во Европа по истиот систем", потенцираше Филипче.

Тој посочи дека се разговарало и за згомената потреба за тестирање. Во таа смисла се обезбедија дополнителни капацитети и број на тестови во повеќе институции. На дневно ниво 150 повеќе во Институтот за јавно здравје, 100 односно двојно повеќе во Центарот за јавно здравје, што го обезбедуваме со лекар микробиолог што ќе работи втора смена и 100 во лабораторијата во болницата Козле. Значи, 350 повеќе тестирања во текот на денот, а ние почнуваме уште една паралелна постапка сега многу забрзана со скратени рокови за што чекаме мислење од Бирото за јавни набавки за брзите тестови за да имаме една количина која може порано да стигне во однос на она што иницијално го започнавме", рече министерот Филипче.

Во однос на најавената помош од респиратори од НАТО, министерот Филипче потенцираше дека 60 респиратори и лична заштитна опрема ќе пристигнат во земјава во петок, после што соодветно ќе бидат поделени и распределени по јавно здравствените установи, согласно потребите, експертизата и бројот на пациенти кои се лекуваат.

„Утре е Законот за заштита на население од заразни болести во собраниска процедура, верувам дека сите пратеници свесни за тежината на ситуацијата во која се наоѓаме навистина брзо ќе го изгласаат Законот, заради тоа што тој пакет мерки, кој е таму предложен, заедно со овој кој е сега на сила, практично се мерки кои гледаме дека се имплементираат и се користат и во други европски земји и веруваме дека може значајно да го редуцираат преносот на вирусот. Во овој момент сметаме дека дополнителен пакет или друга форма на мерки не треба да се имплементира, ниту пак да се препорачуваат. Уште еднаш апел сите да се придржуваат до овие мерки и така со сопствената одговорност практично ќе придонесат епидемијата да стивне", информираше Филипче.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р. Караџовски апелираше до граѓаните да се придржуваат до мерките и да ги почитуваат работата и трудот на здравствените работници.

„Здравствениот систем трпи, но здравствениот систем има можност да ги растегне клиничките капацитети и во делот од новите интернистички одделенија кои ќе се отворат. Од тука е и нашиот апел до граѓаните да ги почитуваме мерките и да имаме разбирање за здравстевните работници. Тие се тие и немаме други со кои што ќе направиме замена. Почитувајќи се себе си, ги почитувате и вашите семејства, ги почитувате здаравствените работници и го почитуваме системот. Ние финасиски ќе издржиме. Прашање е кога здаравствените работници ќе паднат. Ние нема да го дозволиме тоа. До последни капки од нас ние ќе работиме." – изјави Караџовски.

Во однос на мерките, д-р. Караџовски потенцираше: „Ако некој знае нова мерка нека ни ја каже и ние како здравствена комисија ќе ја прифатиме. Но тоа да биде мерка која е прифатена во светот. Ние работиме согласно светските протоколи. Протоколот кој го дава СЗО за Германија, Франција и Шпанија за лекување ни го дава истиот и нас. Ајде да застанеме сите заеднички сплотени во оваа борба. Да не дозволиме луѓе кои не се во струката да зборуваат за епидемиологија или уште полошо лекување. Немојте некој кој не излегол од канцеларија да се прави најголем лекар овде."

Пред болницата во Козле е Јана Јосифовска.

Видео: Вториот најголем авион на светот оштетен при принудно слетување

Екипажот на рускиот товарен авион Антонов АН -124-100 долго ќе го памети летот од Сеул за Виена.

При полетувањето на вториот најголем товарен авион на светот од аеродромот Тулмачево во Новосибирск, со вкупен довар од 84 тона се случил дефект во еден од моторите на авионот поради што огромното летало морало веднаш да се врати на земјата.

Авионот Антонов натоварен со автомобилски делови во Новосибирск бил само во пролаз на патувањето од Сеул за Виена.

Кратко по полетувањето од Толмачево, екипажот забележал дефект на моторот, подоцна окарактеризиран како „неконтинуиран отказ на моторот“, односно дефект во кој делови од турбината летале во околината. Ова ги натерало пилотите да се обидат да се вратат и да слетаат на пистата од која штотуку полетале, иако биле на надморска височина од само околу 300 метри.

Покрај силата на моторот број 2, во тој момент авионот ја изгубил и моќта, можност за радио комуникација, во внатрешноста на пилотската кабина но, и со контрола на летот, но уште поважно, управување со моќноста на другите мотори и кочењето на земја.

Поради тоа, принуднот слетување било многу тешко и неизвесно.

За време на слетувањето, Ан-124 успеа да слета на пистата, на самиот крај од неа, авионот застанал многу блиску до полето.

При слетувањето попуштила предната опрема за слетување попушти, поради што авионот слета на трупот, што дополнително го оштетило авионот.

Првичните проценки сугерираат дека овој транспортен авион е неповратно уништен. За среќа, сите 14 членови на екипажот поминале без повреди.

МЗ: 32 починати, 820 новозаболени, 895 оздравени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2019 тестирања, а регистрирани се 820 нови случаи на ковид-19

Во: Скопје-279, Куманово-49, Штип-39, Прилеп-15, Тетово-42, Струга-33, Велес-19, Битола-58, Охрид-24, Кавадарци-34, Гостивар-37, Гевгелија-25, Струмица-25, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Кочани-15, Пробиштип-10, Демир Хисар-2, Македонски Брод -1, Пехчево-3, Берово-14, Валандово-11, Виница-6, Делчево-15, Кратово-3, Свети Николе-15, Кичево-11, Ресен-1, Неготино-21.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 895 оздравени пациенти од: Скопје-496, Куманово-39, Штип-32, Прилеп-37, Тетово-29, Струга-26, Велес-26, Битола-18, Охрид-33, Кавадарци-17, Гостивар-31, Гевгелија-8, Струмица-17, Радовиш-3, Крушево-4, Кочани-13, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Пехчево-3, Берово-4, Валандово-8, Виница-5, Делчево-1 Кратово-6, Свети Николе-8, Кичево-8, Ресен-7 и Неготино-9.

Починати се 32 лица, единаесет пациенти од Скопје (73, 68, 72, 83, 77, 78, 62, 63, 88, 55, 56г), четири од Куманово (89, 95, 63, 57г), тројца од Прилеп (65, 59, 79г), еден пациент од Тетово (83г), еден од Велес (67г), тројца од Битола (77, 53, 62г), еден од Охрид (75г), тројца пациенти од Гостивар (59, 76, 66г), еден од Гевгелија (74г), тројца од Струмица (57, 68, 76г) и еден пациент од Ресен (61г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 61543, бројката на оздравени пациенти е 38400 на починати е 1731, а бројот на активни случаи изнесува 21412.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 26877, активни 10150

• Куманово 3738, активни 942

• Дебар 462, активни 97

• Штип 2662, активни 558

• Прилеп 2983, активни 1047

• Тетово 3812, активни 961

• Струга 1446, активни 456

• Велес 1962, активни 718

• Битола 2041, активни 891

• Охрид 1595, активни 618

• Кавадарци 1247, активни 496

• Гостивар 2516, активни 942

• Гевгелија 737, активни 243 (58 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 132 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 1705, активни 597

• Крива Паланка 429, активни 126

• Радовиш 428, активни 118

• Крушево 129, активни 71

• Кочани 1241, активни 288

• Пробиштип 364, активни 91

• Демир Хисар 199, активни 87

• Македонски Брод 169, активни 47

• Пехчево 100, активни 23

• Берово 361, активни 94

• Валандово 217, активни 69

• Виница 373, активни 159

• Делчево 454, активни 205 (129 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 154, активни 53

• Свети Николе 836, активни 235

• Кичево 1263, активни 517

• Ресен 459 активни 191

• Неготино 584, активни 322 (70 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2019 теста се преку: ИЈЗ-693, ЦЈЗ Скопје-73, Авицена-319, Биотек-208, МАНУ -147, Жан Митрев (Филип Втори)-105, Систина со PCR метода -183, лабораторија Лаор –66, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-108, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-76, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -39, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 331.105 тестирања на Ковид -19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 634

• Гази Баба – 1520

• Аеродром -1461

• Карпош – 1191

• Центар – 1103

• Кисела Вода – 1250

• Ѓорче Петров – 878

• Бутел - 603

• Шуто Оризари – 200

• Студеничани – 54

• Сарај – 171

• Арачиново -33

• Илинден – 270

• Сопиште – 59

• Чучер Сандево – 104

• Петровец –140

• Зелениково -83

• Странец – 214

• Нераспределен- 182

Видео: Бизарна борба меѓу девојка и маж од 240 килограми

Поради претешкиот боксер организаторите морала да набават специјална вага на службеното мерење.

На руската боксерска приредба „ Our Business" презентирана е досега невидена и прилично бизарна борба меѓу девојка и маж тежок дури 240 килограми.

На една страна од рингот била Дариа Маздјук, професионална боксерка тешка 63 килограми а во другите агол бил јутјуберот Григори Чистјаков , човекот кој тежи дури 240 килограми.

Дариа во својата боксерска кариера има по четири победи и порази во рингот, а на овој бизарен меч покажа дека знаењето ја победува сировата маса. Маздјук го сруши тешкиот противник на подот и со неколку удари ја заврши борбата.

притисни ентер