Филипче: Над 85 насто од починатите имале други коморбидитети

Полициски час во овој момент не е решение, смета министерот Венко Филипче и покрај енормниот раст на ковид позтивните и двоцифрените бројки на починати.

Надлежните остануваат на досегашните мерки но и на мерките за маските на отворено и за гостите кои Собранието се очекува да ги донесе утре.

Се заврши анализата, дел од податоците беа соопштени и од Инфективната клиника, огромен процент од пациентите се со коморбидитети, значи тешка форма на некоја друга хронична болест од која биле лекувани навистина долго време, вели Филипче.

-Верувам дека утре Законот ќе се донесе во Парламентот, се со цел да избегнеме полициски час. И тоа се мерки кои практично имитираат полициски час. По 23 часот ништо нема да работи и граѓаните нема кај да одат. Сега и времето не е убаво, па би требало сите да седат дома.Целта е да се избегне групирањето. Целата е да се носат маски. Сметам дека во овој период полициски час не е решение. Доволно е да се почитуваат мерките за заштита и оние мерки кои утре ќе бидат изгласани во Парламентот. Генерално препораката е да се избегнува воведување на полициски час. И на состанокот кој го имавме преку Берлинскиот процес со сите земји во регионот, беше порачано да нема такво ограничување. А пакет на мерки кои можат да имитираат полициски час, се речиси секаде во сила, вели Филипче.

Граѓаните -сеуште чекаат за тестирање во јавното здравство а во меѓувреме плакаат на приватно. Кога Ќе може да се очекуваат брзите тестови кои беа најавени?

Повеќе детали има Мирјана Мирчевска Јовановиќ.

Целиот извештај погледнете го во видеото.

Поплави во Кина

 Околу 127 милиони луѓе во Кина се во состојба на готовност по поплавите во кои загинаа најмалку четири лица, а десетици илјади беа принудени да ги напуштат своите домови.

Силно невреме ја опустоши јужна Кина од четвртокот, а 11 лица се исчезнати во поројните дождови кои поплавија градовите и однесоа автомобили.

Во јужната провинција Гуангдонг во последните неколку дена врне силен дожд. Нивото на реките се зголеми и до седум метри, а зголемен е стравот од големи поплави, кои според локалните медиуми се случуваат еднаш во 100 години, пренесува Дејли мејл.

Пријавени се три смртни случаи во градот Жаокинг, а еден спасител починал во градот Шаокуан. Уште десет лица се водат како исчезнати, а потрагата и спасувањето продолжува.

Во провинцијата се урнаа 36 куќи, а 48 беа сериозно оштетени, што резултираше со директна економска загуба од речиси 140,6 милиони јуани, јави кинеската новинска агенција Ксинхуа.

Повеќе од 110.000 луѓе беа раселени низ Гуангдонг. Од нив, повеќе од 45.000 се евакуирани од северниот град Кингјуан.

Надлежните најавија дека се очекува реката да достигне ниво невидено во последните 50 години.

На интернет се објавени застрашувачките снимки на кои се гледаат големи површини поплавени во матна вода и спасувачи кои ги превезуваат луѓето со чамци за спасување додека водата достигнува до половината./МИА

За европските избори во Хрватска пријавени 25 листи

Хрватската Државна изборна комисија (ДИК) доби 25 кандидатски листи за европските избори во Хрватска, што е за осум помалку од 2019 година, јави Хина.

На 9 јуни во Хрватска ќе се одржат избори за Европскиот парламент, а на нив треба да се изберат 12 европратеници со мандат од пет години.

Со предавањето на списокот се означува и официјалниот почеток на изборната кампања, што ќе трае до 7 јуни, кога почнува изборниот молк.

Листата на ХДЗ ја предводи премиерот Андреј Пленковиќ, Божо Петров ќе биде на чело на листата на Мост, Иван Пенава на Татковинското движење ( Домовински покрет), додека листата на коалицијата собрана околу СДП ќе ја предводи Билјана Борзан.

Јунските избори за Европскиот парламент ќе бидат четврти по ред од влезот на Хрватска во Европската унија, при што првата постава на хрватски европратеници избрана во 2013 година имаше мандат од само една година, бидејќи веќе следната година се одржаа редовни европски избори.

Европските избори во Хрватска се втор изборен циклус годинава во земјата, по парламентарните избори одржани на 17 април, а на крајот на годината ќе се одржат и претседателските избори. /МИА

Германија наскоро ќе ја продолжи соработката со УНРВА

УНРВА - главниот обезбедувач на хуманитарни услуги во Газа - се соочи со голема криза .

Германската влада планира да ја продолжи соработката со Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) во Појасот Газа во блиска иднина, соопштија денеска германското Министерство за надворешни работи и Сојузното Министерство за економска соработка и развој.

УНРВА - главниот обезбедувач на хуманитарни услуги во Газа - се соочи со голема криза откако Израел обвини десетина нејзини вработени дека се вклучени во нападите на 7 октомври во кои загинаа околу 1.200 луѓе.

Неколку вработени беа отпуштени поради обвинувањата. Во деновите и неделите што следеа, 16 земји донатори - вклучувајќи ги и двата најголеми донатори, Соединетите Американски Држави и Германија - го суспендираа или паузираа финансирањето, оставајќи го со финансиска празнина од околу 450 милиони американски долари.

Откако се појавија наводите, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш вети сеопфатен преглед.

Експертите задолжени за истрага на неутралноста на ОН во светлината на наводите дека вработени на ОН биле вмешани во нападите врз Израел на 7 октомври денеска препорачаа заострување на заштитните мерки во „осум критични области“.

Во исто време, во нивниот извештај се вели и дека Израел досега не доставил докази дека одредени вработени биле членови на терористички организации.

Независната група, предводена од поранешната француска министерка за надворешни работи Катрин Колона, беше формирана на почетокот на февруари. /MИА

притисни ентер