Филипче на средба со директорите на клиниките за помош на јавното здравство

Министерот за здравство Венко Филипче на средба со сопствениците на приватните болници. 

На средбата треба да се разгледаат можносите и на кој на начин ќе им помогнат на колегите од јавното здравство во борба со корона вирусот.

По прогласувањето на кризната состојба, државата побара од приватните болници да помогнат со ковид кризата. Во ваква состојба на приватните болници ќе им се наплатува од страна на фондот за здравство сума која им се дава на болниците од јавно здравство. Јавното здравство ги брои слободните места.

Министерот имаше средба со директорите на ковид центрите од јавното здравје. Новина е што веќе од стартот на оваа недела ќе бидат отворени дополнителни болнички кревети за лекување во хирушките клиники. Во соопштението минисерот посочува дека слободни места има, за него клучно е да не се намалува редонвиот програм на клиниките за акутните и хорночно болните пациенти.

Според докторите, најтешко е на интензвните одделенија, каде е борба за слободен кревет, само во „8 септември“ и на инфективната клиника има ципап маски и респиратори што во моментов стануваат најпотребни за тешките пациенти. Најмладиот пациент на ципап кислородна маска има само 20 година, и е пациент на интнензивното одделение во болницата „8 септември“, и е во тешка состојба.

Пред тријажниот центар и денеска имаше голем број пациенти кои со симптоми и со потешкотии дошле на контрола. Во оваа болница има сместено со 108 пациетни со ковид 19. На инфективната клиника роднините со полни ќеси преку прозорците или преку вработените им носат вода, облека на нивните блиски кои се во болница.

Во Скопје 474 пациенти се сместени во ковид центрите, девет пациенти заминале на домашно лекување. Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1298 и има колку 130 празни болнички кревети во ковид центрите.

Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер

 Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека се уште не знае кој ќе му биде тренер. Пред тоа ја прекина соработката со Горан Иванишевиќ. Србинот истакна дека Хрватот е негова драга личност и нивното пријателство нема да заврши.

-Се уште не знам точно кој ќе биде новиот тренер и дали воопшто ќе има таков. Имам тренери уште од детството, сега се обидувам да се потпрам на моите чувства и самостојно да одлучувам што ми треба, што е позгодно за мене. Ако некој се приклучи на тимот, тоа ќе биде објавено, изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ и Иванишевиќ почнаа да соработуваат од 2018 година. Покрај Ѓоковиќ, Иванишевиќ беше тренер на Хрватот Марин Чилиќ, Чехот Томаш Бердих и Канаѓанецот Милан Раониќ.

Од 2018 година, Ѓоковиќ четири пати ги освои Австралија Опен и Вимблдон, како и Ролан Гарос и УС Опен по два пати. /МИА

Фифти Сент ќе бара самостојно старателство над синот

Американскиот рапер Фифти Сент ќе побара самостојно старателство над синот што го има со Дафне Џој, откако таа е посочна како наводна сексуална работничка во тужбата против музичарот Шон Комбс - „Диди“.

„Со оглед на најновите случувања и вести за вмешаноста на Дафне Џој во тужбата на Диди, Фифти Сент ќе бара самостојно старателство над неговиот син“, изјави извор близок до двојката за „Ју-ес викли“ (Us Weekly).

Портпаролот на Фифти рече дека нема коментар за овие наводи.

Раперот и Дафне беа во врска во 2011. и 2012 година. Тие се разделија набргу по раѓањето на нивниот син Сајр. По последните наводи, Фифти на својот интернет-простор објави фотографија од себе со пура и не многу пријателски коментар за поранешната девојка.

„Не знаев дека си сексуална работничка. Мала сексуална работничка. 'ЛОЛ'. Овие г**нарии се претворија во филм", напиша музичарот.

Според западните медиуми, во судските документи Дафне Џој е обвинета дека била вмешана како сексуална работничка, заедно со Јанг Мајами и Џејд Рејми, во наводниот синџир за секс-трговија на Диди. За нив, наводно, раперот „се фалел“ дека им плаќал „месечна стипендија“ за нивната сексуална работа./МИА

Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто

Индустриското производство во февруари годинава во однос на истиот месец лани е поголемо за 0,3 отсто. 

Во периодот јануари – февруари 2024 година, пак, споредено со првите два месеца од 2023, растот изнесува 1,5 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, бележи пораст од 5.6 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 0.8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 14.5 %. Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на текстил, Производство на хартија и производи од хартија, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки, Производство на останата опрема за транспорт, Производство на мебел, Останата производствена индустрија и Поправка и инсталирање на машини и опрема.

Според главните индустриски групи, производството во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.9 %, Капитални производи за 4.8 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 3.4 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 15.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.9 %

притисни ентер