Филипче на состанок со Координативното тело за вакцини за Ковид-19, благ пад на новозаразените

На состанокот ќе се разгледува стратегијата за имунизација со вакцина за Ковид-19, како и за приемот и дистрибуцијата на вакцините, категориите на граѓани кои ќе бидат први вакцинирани, како и текот на постапката на вакцинација.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ќе има работен состанок со Координативното тело за вакцини за Ковид-19 преку КОВАКС механизмот, кој обезбедува глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини, потврдени и регулирани од Светската здравствена организација.

На состанокот ќе се разгледува стратегијата за имунизација со вакцина за Ковид-19, како и за приемот и дистрибуцијата на вакцините, категориите на граѓани кои ќе бидат први вакцинирани, како и текот на постапката на вакцинација.

Последните денови се забележува благ пад на новозаразените. Во претходното деноноќие, од направени 3399 тестирања беа регистрирани 1342 нови случаи на коронавирусот, починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти.

Од активните случаи најмногу се во Скопје – 10477, Прилеп – 1031, Гостивар – 996, Тетово – 974, Битола – 942, Куманово – 886. Во другите градови има помалку од 800.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 65231, бројката на оздравени пациенти е 41656, на починати е 1847, а бројот на активни случаи изнесува 21728. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Од следната недела ќе почне да работи пункт за тестирање со брзи антигенски тестови за коронавирусот и во скопско Шуто Оризари. Матичните лекари ќе можат да закажат термини за тестирање веќе од понеделник. Од среда ќе почне тестирањето и ќе се одвива секој ден од понеделник до петок во прва смена, информираат од Министерството за здравство. Во Скопје досега имаше шест пункта за брзи тестови и тоа во поликлиниките во Ѓорче Петров, Чаир, Ченто, Бит Пазар, Јане Сандански и Млин Балкан. На овие пунктови дневно се прават по 360 тестирања, соопштуваат од министерството.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1318 и има колку 130 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во центрите во Скопје хоспитализирани се вкупно 461 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 35 пациенти, од кои седум деца и 28 возрасен.

На Институтот за ТБЦ се примени вкупно 43 пациенти со симптоми на корона вирусот.

Во болниците низ државата најмногу хоспитализирани има во Прилеп 128, во Куманово има 110 пациенти, во болницата во Битола се хоспитализирани 81 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19.

В.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов вчера изјави дека директорите на болниците бараат засилено обезбедување.

– Имаме побарувачка од директорите на болниците да го зголемиме бројот на припадници на Армијата зашто луѓето се чувствуваат побезбедно кога има војска, вели Ангелов.

Тој истакна дека Главниот кризен штаб постојано заседава и е подготвен да реагира во секој момент, доколку има потреба. Припадниците на безбедносните сили може да се соберат за половина до максимум еден час.

Ангелов, исто така, соопшти дека потенцијален ризик за ширење на заразата се и мигрантите.

– Имаме информации дека во одредени кампови е силно раширен КОВИД-19, затоа што тие таму немаат никакви услови, посебно нехигиенски, а да не зборуваме за дистанца. Натрупани се особено во некои кампови во Грција каде бројката е повеќекратно поголема од дозволената и нивниот трансфер, влез и движење низ земјава може негативно да се одрази освен безбедносно и во однос на ширењето на КОВИД, рече Ангелов.

Тој истакна дека нашите војници освен што го обезбедуваат здравствените капацитети како поддршка на полицијата, истовремено се распоредени и на јужната и северната граница.

Прв круг претседателски избори: За гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи

Право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи.

Македонија по 7 пат бира претседател на државата. Гласачките места ќе бидат отворени до 19 часот. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи. Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава Канал 5 беше на отворањето на гласачките места во Општина Карпош ,а во моментов нашите екипи се на две избирачки места, едната е на гласачкото место во средното учлиште Јосип Броз Тито и другата во основното учлиште 26 јули во населбата Шуто Оризари.

Во Центар е Игор Манасивски. Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Велика Британија до 2030 година ќе ја зголеми потрошувачката за одбраната на 2,5 отсто од БДП

Велика Британија планира до крајот на оваа деценија да ги зголеми трошоците за одбраната на 2,5 отсто од БДП-то, изјави синоќа британскиот премиер Риши Сунак.

Сунак ова го изјави во Варшава за време на посетата на британските војници стационирани во Полска, каде беше заедно со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

НАТО постави цел за земјите-членки да издвојат два отсто од БДП-то за својата одбрана. Велика Британија во моментов издвојува околу 2,3 отсто.

Според Сунак, во следните шест години во британската одбрана ќе бидат инвестирани дополнителни 75 милијарди фунти.

-Денеска е пресвртница за европската безбедност и историски момент за одбраната на Обединетото Кралство, рече британскиот премиер, кого го очекуваат општи избори најдоцна до јануари 2025 година. /МИА

Хамас повикува на ескалација на сите фронтови

Портпаролот на вооруженото крило на Хамас, бригадите Ал-Касам, повика на ескалација на сите фронтови во телевизиски говор по повод 200 дена од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа на 7 октомври 2023 година.

Во видеото објавено синоќа од Ал Џезира, Абу Убаида го пофали нападот на Иран врз Израел на 13 април, велејќи дека директните напади со дронови и ракети „поставуваат нови правила, повлекоа важни паралели и ги збунија непријателот и оние што стојат зад него“.

Тој повика и на ескалација на Западниот Брег и во Јордан, велејќи дека тоа е „еден од најважните арапски фронтови“.

- Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции и да го крене својот глас, рече тој.

Абу Убаида рече дека Хамас останува на барањата што ги постави на разговорите за прекин на огнот, односно бара Израел да ја прекине воената офанзива, да ги повлече своите сили од Појасот Газа, да им дозволи на раселените да се вратат во северниот дел на Газа и да ја укине блокадата.

Во меѓувреме, Израел вчера ги засили нападите низ Појасот Газа, рекоа жителите, додавајќи дека тоа било едно од најлошите гранатирања во последните неколку недели. Армијата нареди нова евакуација на северот од палестинската енклава, предупредувајќи ги цивилите дека се наоѓаат во „опасна борбена зона“.

Во објава на X, портпаролот на израелската армија Авичај Адраи ги повика жителите на четири зони во Беит Лахиа во северниот дел на Појасот Газа да се преселат во засолништа во две одредени области.

Новото гранатирање и бомбардирање на северниот дел на Појасот Газа доаѓа речиси четири месеци откако израелската армија објави дека ги повлекува своите војници, тврдејќи дека Хамас повеќе не ги контролира областите.

Израел, исто така, овој месец повлече поголем дел од своите сили од јужниот дел на Појасот Газа. Но, обидите да се постигне прекин на огнот не успеаја, а израелските бомбардирања и упади на територијата од која војниците се повлекоа го отежнуваат враќањето на раселените во своите домови./МИА

притисни ентер