Филипче: На 15 јули ќе изберете кој ќе продолжи да ја води државата

На 15 јули ќе изберете кој ќе продолжи да ја води државата, дали тимот којшто покажа како се води држава во криза или ќе се вратиме назад во времето на репресија и на понижување,одлуката е важна!

Со громогласен аплауз и почит за сите здравствени работници кои се на првите борбени линии за време на корона кризата, започна обраќањето на Венко Филипче, претседател на комисијата за здравство на СДСМ , на централна трибина на коалицијата „Можеме" во Скопје.

-„Се соочуваме со најголема здравствена криза во последните сто години. Гледавме страшни сценарија од Европа, од светот , па и од соседството, а последните информации говорат дека косовскиот здравствен систем е пред колапс.-истакна Филипче на почетокот од обраќањето.

-„Ама ние не видовме такви сценарија кај нас. Не видовме ниту преполни болници, ниту пациенти по ходници , ниту колони возила на итната медицинска помош. Не видовме затоа што реагиравме навремено. Ги следевме препораките на СЗО, ги опремивме болниците, направивме мобилна клиника, купивме заштитна опрема за здравствените работници, го надградивме системот за тестирање,тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи со што го прекинуваме ланецот на ширење на заразата.-истакна Филипче.

-„Бевме свесни дека граѓаните мора да ги знаат точните информации и да не оставаме простор за создавање на паника. А наспроти ова беше опозицијата која ширеше лажни вести, заплашуваше, се закануваше и шпекулираше за бројки на пациенти, за починати лица и тестови".-посочи Филипче.

Тој додаде дека ваков деструктивен однос кон здравствениот систем опозицијата правеше цели 10 години, а нај разочарувачки е блокирањето на 33 милиони евра европски пари кои сега требаше веќе да бида вложени во подготовка на здравствениот систем за есенскиот период.

Изминатите три години направивме крупни промени во здравствениот систем. Инвестиравме во инфраструктурата, реновирани се над 40 одделенија во болниците, го решивме клиничкиот центар, нема веќе сообраќаен хаос, после 50 години е направен транспорт низ клиничкиот центар.

Филипче зборуваше и за инвестициите во терапии, лекови меѓу кои и седум нови лекови за ретките болести, нова биолошка терапија за лицата со карцином, набавката на нови вакцини, инвестиции во нови методи како пресадување на коскена срцевина.

-„Инвестиравме и во знаењето на луѓето. И благодарение на тоа, пред 2 месеци во екот на кризата, за првпат се направи трансплантација на срце. Тој пациент е жив и здрав. И утре ќе си иде дома кај семејството. Да не се направеше тоа немаше да преживее", изјави Филипче.

„Просечната плата на лекар специјалист сега е над 100 илјади денари, а беше 60 илјади. За само 2ипол години. За 25% зголемени платите на медицинските сестри. Секој млад лекар добива загарантирана платена работа во здравствен дом. Над 5000 согласности за вработување. Вработени се над 900 лекари. Над 1000 медицински сестри. Минатата недела, 68 лекари положија испит и добија лиценца за работа во лекарската комора. Пред 2 дена, 37 сакаат да работат во одделенијата со пациентите со ковид, другите во патронажните сервиси. Ниту еден не сака да замине.

Покажавме дека здравствените работници се столбот на здравствениот систем, ама во оваа криза и на нашето општество. Покажаа како се одржува здравствениот систем, како се работи чесно, пожртвувано и како се чува државата.

На 15 јули вие ќе изберете кој ќе продолжи да ја води оваа држава. Дали тоа ќе биде тимот којшто покажа како се води држава во криза. Или ќе се вратиме назад во времето на репресија и на понижување.

Ако делите барем дел од ентузијазмот, вербата и желбата што јас вечерва ја чувствувам ние сме победници", порача Филипче.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Герапетритис: Грција нема да го поддржи барањето на Косово за членство во Советот на Европа

Паралелно посочи дека „Грција во надворешната политика останува принципиелна“ .

Грција ќе апстинира од гласањето, односно нема да го поддржи барањето на Косово за членство во Советот на Европа од политички причини, истакна шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис во интервјуто за општинското радио од Пиреас „Канал 1“, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за надворешни работи на Грција во однос на процесот за членство на Косово во Советот на Европа објасни дена постојат три нивоа од кои првите две се необврзувачки, односно мислењето на надлежната комисија на Парламентарното собрание и гласањето на пратениците од ПС, кои излегоа со позитивен став.

-Но, овие две мислења се необврзувачки. Клучен орган, орган што носи одлуки за членство на Косово во СЕ е Советот на министри што ќе одржи состанок на 16 мај и ќе одлучи суверено. Независно од позициите што беа изразени, како на ниво на извештајот на Комисијата, така и на Парламентарното собрание во кое членуваат пратеници и не станува збор за влади на земјите-членки, позицијата на Грција останува цврста и непроменета. Како што сторивме и во минатото во слични случаи, Грција ќе апстинира од ова гласање, односно нема да го поддржи барањето за членство на Косово во Советот на Европа од политички причини, истакна Герапетритис.

Објасни дека иако еден од условите беше исполнет, сепак „не се исполнети некои од основните барање, како што е формирањето на Заедницата на српските општини во Косово и според тоа не е сменета суштинската политика на Грција“.

Паралелно посочи дека „Грција во надворешната политика останува принципиелна“ и истакна дека го охрабруваат дијалогот Приштина – Белград, сакаат мирно решавање на разликите, но сè зависи од волјата на инволвираните страни.

Во вторникот, Парламентарното собрание на Советот на Европа, со 131 глас „за“ го усвои извештајот на известувачката на СЕ за Косово, Дора Бакојани за членство на Косово во организацијата, а конечната одлука за членство ќе биде донесена следниот месец по гласањето на министрите за надворешни работи на Советот. /МИА

Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба

Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик .

- Одделот за криминалистичка полиција по добиена наредба од ОЈО Битола, презел предистражни дејствија и по обезбедена документација и извршен увид во истата, до ОЈО Битола, во координација со СВР Битола, поднел кривична пријава против М.Г. од Битола, директор на ЈП „Стрежево" Битола, соопштија денеска од МВР.

Кривичната пријава е за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” по чл.353 од КЗ и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство” од чл.275-в од КЗ во врска со чл. 22 и против Љ.М.П. од Битола, управител на правно лице од Битола.

- Имено, М.Г. знаејќи дека правното лице во текот на 2018 имало набавено тапкач за снег - ратрак, спровел постапка за јавна набавка на ратрак за потребите на ЈП „Стрежево" Битола со точно одредени технички карактеристики на потребниот ратрак како тој што го поседувало правното лице од Битола и истиот да не е постар од 1995 година, на кој оглас како најповолен економски оператор понудувач било избрано предметното правно лице од Битола, додека Љ.М.П. на конкретниот оглас доставила понуда со невистинити податоци дека ратракот кој го нуди е произведен во 1995 година, иако знаела и била свесна дека ратракот кој го поседувала е произведен 1993 година, по што бил склучен договор со наведеното правно лице на износ од 1.875.967 денари без ДДВ иако ратракот бил купен од странство за 414.492 денари, односно истиот бил набавен од ЈП "Стрежево" Битола за 4,5 пати повисока цена од набавната и за износот од 1.875.967 денари М.Г. го оштетил јавното претпријатие, а Љ.М.П. се стекнала со противправна имотна корист, појаснуваат од МВР во соопштението.

Бојмацалиев: Од земја што бараше помош од други, сега нудиме помош за справување со миграција

Од земја што бараше помош од други држави, сега нудиме помош за справување со миграција, истакна денеска дополнителниот заменик - министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во Кавадарци.

Тој со дел од раководството на МВР оствари работна посета на Регионалниот Центар за гранични работи Југ во Кавадарци, по повод одбележување на една година од почетокот на мисијата на ФРОНТЕКС во Република Македонија, заедно работење на македонската полиција, со полицијата ја Европската Унија, ФРОНТЕКС.

- Ова е значаен договор што беше постигнат, со цел да ги одбраниме и нашите граници и границите на Европската Унија, од приливот на мигранти. Тоа успешно го правиме. Овој договор има една голема историска важност. Бидејќи Министерството за внатрешни работи со тогашниот министер Оливер Спасовски ја имаше честа да го потпише првиот договор со ЕУ на македонски јазик. Со тоа ги урнавме сите лажни вести дека јазикот е продаден, јазикот не е заштитен, рече Бојмацалиев.

Со тоа, подвлече, уште еднаш се покажува дека македонската полиција е рамо до рамо со европските полиции.

- Заедно работиме и од пред некое време, веќе имаме барање и од други полиции, со цел да вршиме обуки на нивните полицајци, како се справуваме со миграцијата, додаде Бојмацалиев.

притисни ентер