Филипче: Ќе идентификуваме експерти во обалстите за кои договоривме работни групи - Канал 5

Филипче: Ќе идентификуваме експерти во обалстите за кои договоривме работни групи

Филипче: Ќе идентификуваме експерти во обалстите за кои договоривме работни групи
И понатаму ќе бидеме политички различни, но кога станува збор за државата мора заедно да ги решаваме проблемите, изјави лидерот на СДСМ Филипче. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Израелската армија пресретна ракета истрелана од Јемен

Израелската армија соопшти дека утрово пресретнала ракета истрелана од Јемен.

Израелската армија пресретна ракета истрелана од Јемен

Ракетата била пресретната пред да навлезе на израелска територија.

Јеменските бунтовници Хути често го напаѓаат Израел и врз бродовите во Црвено Море, во знак на солидарност во Палестинците во Појасот Газа.

Донирано противпожарно возило за Доброволното противпожарно друштво – Кочани

Противпожарно возило и заштитна опрема за Доброволното противпожарно друштво – Кочани донираше Амбасадата на Германија

Донирано противпожарно возило за Доброволното противпожарно друштво – Кочани

Противпожарно возило од марката „ивеко“ и опрема за лична заштита и спасување доби Доброволното противпожарно друштво од Кочани, донација од Амбасадата на Германија.

Донацијата е во рамки на воспоставената соработка и е поддршка за општина Кочани по трагичниот пожар во клубот „Пулс“. Возилото е набавено со средства од Амбасадата, а располага со хидраулична опрема, пумпи за вода, клешти за извлекување лица во сообраќајки и може да превезува девет лица.

Во комплетот заштитна опрема има три илјади заштитни панталони, шлемови, ракавици и други единечни делови, како и 300 пара чизми, а опремата ја обезбедија членовите на германското Здружение на доброволни пожарникари.

-Со колегите зедовме одмор за да возиме три илјади километри и да ја донесеме опремата, а овде запознавме луѓе на кои таа навистина ќе им биде потребна. Посакуваме да немаат многу интервенции, а од оние малку што ќе ги имаат да се вратат живи и здрави и да бидат соодветно заштитени, истакнаа претставниците на германското Здружение на доброволни пожарникари.

Волонтерите од Доброволното противпожарно друштво од Кочани изразија благодарност за донацијата во име на граѓаните на општината.

-Со оваа опрема значително ги зголемуваме нашите капацитети за дејстување, како кај пожари, така и кај технички интервенции, во сообраќајни несреќи. Ова е голем исчекор за нашата работа и се надеваме дека во иднина ќе можеме заедно да соработуваме и на други проекти, истакна Златко Илијев, претседател на ДПД - Кочани.

Донацијата на возилото и опремата е продолжување на поддршката Амбасадата на Германија која заедно со ДПД – Кочани пред две недели почна проект за психолошки обуки за наставниот и друг кадар во основните и средните училишта, како и за воспитувачите во градинките во Кочани. Исто така, ќе спроведат практични обуки за укажување прва помош, превенција и заштита од пожари за учениците.

Трипуновски: Историски највисока исплата на субвенции од 40 милиони евра за тутунарите

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во Прилеп посети тутунопроизводител при што разговараа како помина минатата реколта и за подготовките за идната реколта 2025.

Трипуновски: Историски највисока исплата на субвенции од 40 милиони евра за тутунарите

„Во текот на вчерашниот ден ги исплативме субвенциите за реколта 2024 година, станува збор за околу 40 милиони евра субвенции кои што легнаа на сметка на околу 14.500 тутунопроизводители од цела држава. Ова е една рекордна на исплата на субвенција по однос на произведен килограм тутун“, истакна министерот Трипуновски.

Министерот додаде дека целата реколта изнесуваше 24 милиони килограми што е рекордно зголемување во однос на минатата година. Оваа исплата и откупна сезона докажаа дека Владата и Министерство го реализираат ветеното.

„Го вреднуваме трудот на македонскиот земјоделец, субвенциите ќе се исплаќаат редовно“, појасни тој.

притисни ентер