Филипче: Карантинот, изолацијата и социјалното дистанцирање се мерки кои докажано го забавуваат ширењето на коронавирусот

Карантинот, изолацијата и социјалното дистанцирање се мерки кои докажано го забавуваат ширењето на КОВИД-19 и ни помагаат да го заштитиме јавното здравје, објави на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Но, посочува тој не треба да заборавиме за време на овие кризни ситуации да го негуваме и менталното здравје. Укажува на неколку совети за најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови:

Социјалната дистанца претставува намалена интеракција помеѓу луѓе преку ограничување на близината и зачестеноста на личниот контакт. Ова претставува и најблага мерка за која сите е добро да се придржуваме додека се смета за потребно. Карантинот вклучува физичко одвојување и ограничување на движење за лица кои биле во контакт со заразен. Ваквото одвојување трае се додека медицинскиот персонал не се осигура дека лицето кое било во контакт не ги развило симптомите на болеста.

Изолацијата пак претставува физичко одвојување на лица кои го имаат вирусот од оние кои го немаат.

Ова вообичаено се одвива во здравствени установи или во сопствениот дом (самоизолација) доколку е соодветно.

Во услови на социјална дистанцираност, карантин и изолација луѓето може да доживеат различни непријатни мисли и чувства. Очекувано е и нормално да се почувствува страв, вознемиреност и загриженост за сопственото здравје и здравјето на блиските. Често може да се развие незадоволство од членовите на семејството или пријателите кои се приморани да бидат во карантин заради контакт со лице заболено од вирусот. Зголеменото внимание на себе или редовното следење на вашето здравје од медицински персонал, исто така може да предизвика непријатност и нетрпеливост. Дополнителна грижа може да претставува и земеното работно отсуство, намалениот прилив на финансиски средства, работната несигурност, како и предизвикот во обезбедување основни прехранбени и хигиенски продукти при лимитирано движење.

Често забележани чувства кои се развиваат во вакви ситуации може да вклучат: загриженост заспособноста да ги извршувате секојдневните обврски со децата и старите, несигурност за ситуацијата и иднината, осаменост заради одвоеноста од блиски, лутина за немарноста на другите, досада заради лимитираниот број активности, намалено расположение, намален или зголемен апетит, прекумерно или недоволно спиење, како и прекумерна употреба на алкохол и цигари. Ова се вообичаени реакции на невообичаени настани за кои сепак можеме да преземеме нешто.

Подолу следуваат и неколку совети за што можеме да направиме за да ги намалиме ваквите емоционални доживувања.

Земето го во предвид степенот на ризик за вас и другите. Луѓето на социјалните медиуми и некои од традиционалните медиуми имаат различно видување за ризикот во вакви ситуации, со голема веројатност да е неточен и непроверен. Најдобро што може да направите е да следите проверени информации и да бидете во тек со случувањата. Доколку следите интернет портали или разберете за нова информација, проверете го изворот на информација за да се осигурате дека е од соодветно државно/здравствено тело или агенција.

При тоа, избегнувајте постојано да следите вести или социјални медиуми, бидејќи тоа може дополнително да ја ви зголемува вознемиреноста. Заради тоа, ограничете го приливот на различни информации до вас и особено вашите деца. За информации поврзани со вашата здравствена состојба или за блиските, консултирајте се со вашиот лекар и одговорниот медицински персонал. Доколку потребно, проверете дали ваквите консултации може да ги правите телефонски или преку интернет конекција (пр. Скајп, Вибер, Месинџер…).

Загина полицаец во Пиреја- се урна зграда, повредени се три лица

Еден човек загинал, а тројца се повредени кога утрово при реновирање се урна просторија од стара зграда во кварт на грчкото пристаниште Пиреја.

Според првичните податоци, жртвата е 31-годишен полицаец кој бил заробен во товарен камион и згмечен од градежен материјал.

Несреќата се случила во двокатница во улицата Неорион во Пасалимани при реновирање на зградата, пренесува Катимерини.

Тим од 24 пожарникари и спасувачката единица за одговор при катастрофи (ЕМАК) се уште се обидуваат да утврдат дали повеќе луѓе се затрупани во урнатините. Полицијата привела пет работници, изведувачот и возач на камион.

НБА ѕвездата Блејк Грифин ја заврши кариерата

Легендарниот американски кошаркар Блејк Грифин реши да стави крај на кариерата по 13 сезони во НБА!

Грифин својата одлука ја објави преку социјалните мрежи, а сезоната 2022/23 му беше последна. Тогаш беше член на Бостон Селтикс и одигра вкупно 41 натпревар на кои имаше просек од 4,1 поен и 3,8 скока.

Грифин никогаш не освои НБА прстен, а во текот на кариерата играше за Лос Анџелес Клиперс, Детроит, Бруклин и гореспоменатите Селтикс. Ќе остане запаметено и дека победи на натпреварот во забивање во 2011 година.

Иако втората половина од кариерата на Грифин беше бледа во споредба со првата, пред сѐ поради повреди, тој на крајот постигна голем успех во целина. На 765 натпревари во првенствениот дел од сезоната забележа просек од 19 поени, осум скока и четири асистенции.

Хамас го отфрли предлогот за договор со заложниците

Палестинското движење Хамас ги отфрли сите клаузули од последниот нацрт-договор за заложниците, зголемувајќи го бројот на палестински затвореници што Израел мора да ги ослободи како дел од договорот, објави израелскиот весник „Тајмс оф Израел“.

Весникот наведува дека Хамас е подготвен да ослободи само 20 заложници, жени и мажи постари од 50 години, како дел од првата фаза од договорот.

Исто така, Хамас бара Израел да се согласи на шестнеделно примирје пред да ги ослободи заложниците.

„Лидерот на Хамас во Појасот Газа, Јахја Синвар, не сака договор. Нему воопшто не му е грижа дали народот во Газа продолжува да страда, дури и во услови на голема израелска флексибилност за сите параметри на американскиот предлог. “, рече неименуваниот функционер.

Како што претходно објави Си-Ен-Ен, Израел се согласил со американскиот предлог за размена на заробеници и заложници, со што ќе бидат ослободени околу 700 палестински затвореници, вклучително и 100 на издржување доживотни затворски казни за убиство на Израелци, во замена за 40 израелски заложници кои ги држи Хамас во Газа.

притисни ентер